Еден НАААЈспецијален поздрав до Тедимече... Толку сме исти на моменти, што се навраќам да видам јас да не сум напишала некои нејзини постови...
Закаснет СП бек до лудото! Пошто си најлудо на свет не за друго! Ја те чекам драга и правам планови увелико!!Има да се науживаме..една вечер а ич?? СП и до сите феминки што не им се учи и прават се можно само за да не фатат книга!
СП до сите оние чии мајки им викале/викаат „Не си в кајче роден/а“, кога и да оставиле отворена врата.
Денес ќе се вбројам во групата поздравувачи „до сите оние кои мочнале, какале итн.“ и сериозно ама и најискрено ќе ги поздравам сите кои искрено ја љубат својата земја. Која и да е таа. Не wannabe патриоти со пуштен сукан брк и со Гоцета на чинија во излог во дневната соба, туку оние кои го сакаат звукот на кавалчето додека ги пирка ветрето стоејќи на Козјак и гледајќи ја пред себе онаа убавина која се протега и изгледа скоро нереално колку што изгледа нереално да видиш Јапонец да пасе овци. Оние кои подзамижуваат пред сонцето кое заоѓа качени на Галичица, Пелистер, Шара, Осогово...оние кои предат како мачиња кога го пијат црвеното Т’га за југ а лицата им ги гали топлината од каминот во некое традиционално кафеанче во кое се слуша и испреплетува џагорот со песната. Оние на кои искрено им се растреперуваат срцата кога ќе ја чујат Јовано, Јованке...оние на кои срцето им чука во ритамот на тапанот а ушите им црвенеат на свирењето на зурлата. Оние кои знаат да почитуваат и да сакаат нешто што има надземска вредност а тоа не се мери со нитуедна пара, ниту со силата на некоја апстрактна политичка сила. Оние за кои боите на знамето се пријатни кога се сите сплотени и урлаат до несвест заради топка влезена во еден обрач со мрежа. Ете голем и искрен поздрав до тие луѓе! Јас сум можеби некое црно, испомешано јагне у фамилијава ми ама - ја сакам својата земја!
Благодарам .Поздрав и до тебе Rock-a-Fella . Сакам да знаеш дека и јас те почитувам . Се е простено, се е заборавено, како ништо да не се случило .
Од кога се спремам и никако да си ја поздравам.... СП до една прекрасна, мила, паметна, интересна, харизматична, инспиративна девојка која секој ден со задоволство ја читам, ме смее, ме расположува и да нагласам доста учам од неа, една форумџика која не ме остава рамнодушна кога и да ја читнам во СДК, една девојка за која нема доволно суперлативи да се употребат....може сум ви лигава ама јас пак ќе си ја поздравам СП, НАЈСП до one and only ПИРАМИДА Tи си едно големо, големо срце
СП до ana-banana, Ariel, GeorGinna, feferona, FortuneTeller.xD, joelle, LivingGlam, ljubam, lolyta777, Miss-Independent, Mistery, najubava2010, Phyramide, sesilija, Theodora, zhap4e, vendiii
До Кенди и Дози зошто ми недостига форумот и вие со него.Пирамида затоа што обожавав да ја читам а сега немам време за тоа. И до оние кои го обожаваат чувството кога се враќаш дома
Спејшл јас тебе ќе те поздравам и сите кои го имаат тоа прекрасно чувство останете секогаш заљубени. Жалам што не се пронајдов во поздравов, ама иако не сум заљубена, ја пак си љубам. И до 1209 и Кенди и Дузи и Штрумф текнувало . И ја додавам и ФигиМк зошто ми дава многу интересни идеи и претпоставувам дека е креативна, па плус ради тоа ја поздравувам .