До Љубам, затоа што се гордеам што ја познавам. Прекрасна личност, а пред се’ силен борец за кој падот е само причина да се издигне повеќе. Ти се восхитувам.
Специјален поздрав до девојките чии утрински постови во СДК ми ставаат насмевка на лицето... Ми даваат некаква поинаква надеж за овој свет... Ве имам замислено како прекрасни самовили што, верувам дека не само мене, ми го разубавуваат денот... Go-Girl, ljubam, starfish, LivingGlam, enca.69, Shelea, Annath, Magnolija, Doozy, Trendafilka... и има уште многу! Би сакала да ве имам како пријателки во вистинскиот живот... И да ви се восхитувам... Се занесов, ама заљубена сум на некој начин во вас...
С и ГОЛЕМ П ... до сите кои ќе кликнат на линкот и ќе го дадат својот глас. Вреди луѓе! http://openbuildings.com/buildings/40439
СП до сите кои знаат да уживаат во кафето, правејќи си муабет со другарка од школските денови кои изминале...
... imelda. Толку убаво мислење прочитав од неа, да размислуваат барем половина од луѓето како тебе, овој свет драстично ќе се опамети.
Голем сп за сите Спојлер Сп до сите што се чуствуваат вака Сп до сите што ке подадат рака кога е најпотребно на тие што им е потребно Сп до сите што се спремни за испит Сп до сите што ја знаат правата маска на гулабите Сп до сите што се плашат од кловнови Сп до сите што имаат некоја ретарда покрај нив Сп до сите што тешко им е да ги дадат своите омилени грицки со другите Сп до сите што се нервираат за Page not found Сп до креативните вируси Сп до сите што ке си ја измијат колата одкако ке го згазат професорот Сп до сите што мразат да некој ги буди од спиење Исто и Сп до Елементал друже ако треба помош нешто ова она пиши ми едно пивце ке частам и дружба со јипи ке станеш крипи и насмеан
СП до сите девојки кои ми пружија виртуелна поддршка ми значи,а најмногу до Енца,ти благодарам за постот.
СП до Лудото19. Денес на автобуска го видов дедото што го спомна пред некој ден во СДК. Верувајте дека тој човек не заслужува да продава паломи на ладново, ами заслужува удобен кауч и филџан чај. Ќе се расплачев, ми вика ,,Ааа, и многу убаво мирисаат, мирисливи се... ,, Подгрбавен човек, мал, слаб, болежлив... Многу ми дојде жал, купив една палома а му дадов 20 денари. За гревови. Кој заслужил на стари години да трпи за леб, за кревет, за комфорт ?? Инаку, имаше девојки наоколу кои му ги купија паломите. Претпоставив феминки, но не мора да значи. Можеби Лудото несвесно со својот пост, предизвика мала хумана акција. И поздрав до сите кои некогаш купиле паломче од дедето. Или после постов ќе купат.
До МАМА затоа што е најдобрата особа (нека не ви личи на дежа ву ова стварно е така ) на цел свет. Живеј ми те љубам