До Пирамитка затоа што сосем случајно наидов на песнава и сосем случајно ми текна на неа. http://www.youtube.com/watch?v=BgG6VvqW ... re=related Како и до сите обожавателки на Париз и љубоморни на Ванеса зашто си го чува Џони Деп во кревет.
.. до Scar.Tissue Девојкава сега видов дека последен пат пишувала мислење на 8 октомври. Би ја замолила за поактивно учество на форумов,освен ако не е оправдано. Квалитетен член,има што да се прочита,а јас и верувам другите тоа го почитуваме.
До девојката која ни го подари ова мало живо и прекрасно РЕТРИВЕРЧЕ неверојатно е.... но среќна сум што останало САЛАМ народ на светов сеуште имало такви луѓе Бог нека ја благослови
Сакам да ја поздравам enca. 69 една од ретките која успеа да ми привлече внимание уште додека гостував тука . Знаев дека е ептен паметна и писмена ама сега пробарав во заклучени теми во Политика и само ќе кажам ... Жено ѕверка си !!! :up: :up: Кој се зафатил со тебе се зезнал .
СП утрински до Ели25. Девојко, ти си ми мене врска со реалноста некогаш. Не се правиш совршена, не се правиш ни пак дека живееш од бедно најбедно, едноставно, не се преправаш. Те молам не ја губи оваа особина, сакам да те читам и кога си среќна, радосна, исполнета, задоволна, налутена, тажна... Ретки се тие кои не се преправаат атер за другите. Хепи мепи Уенсдеј!
Можеби сум ја поздравила,но ќе ја поздравам пак!Miss.Ricci! Која е прекрасна личност,преубави зборови и поуки ми кажа,многу е паметна и мила и сакам сите личности на овој свет да беа како неа.Треба да земаме пример од неа Може има малку мислења,но се што ќе каже е на место И јавно пред сите ти благодарам (И те частам едно кафенце )
Благодарам на убавите зборови, еве јавно Јас тебе две кафиња ќе те частам, не е едно. Башка ако се зазборуваме многу и неколку кафиња ќе паднат, а после тоа на алкохол преминуваме Имај убав ден мила
Љубам И сакам да прашам зошто ја нема, многу ми се допаѓаа нејзините постови и нејзините фотографии, баш ми недостасува
Специјален поздрав до Серафима, мила и добра личност и благодарам за советот Патем, има многу луѓе на форумчево убаво, кои ми се мили
Јас денес сакам да ја поздравам феминката што си ја следам веќе цела година, уште откако се зачленив. Почнав да ја приметувам во темите за филм и за музика, си реков баш има добар вкус девојкава. Продолжив да ја читам во СДК каде како на прваче прв пат ќе му ја покажат читанката го впивав секој нов збор. Пред една година бев се што не сум денес, малку исплашена, малку посесивна, песимистички настроена, буквално како падната од Марс. Нејзините зборови парцијално ми овозможија да добијам еден нов поглед на животот, да воочам што е емпатија, да прочитам шеги, да научам нешто повеќе за љубовта од друг агол, да го дооформам својот карактер. Мајка ми ми вели секогаш, човек се учи додека е жив. Јас учам од неа, секој можен ден. Кога ќе се сетам што не зближи, колку само се препотив дури и ја напишав личната порака, колку пати само бекспејс стегнав, за сето тоа после да прерасне во едно пријателтво кое си го ценам премногу и ми е на исто ниво со некои пријателства кои што си ги имам уште од прво одделение. Јас не знам што ќе се случи следната година, ама знам дека кога некогаш ќе се сретнам со други луѓе со гордост ќе можам да ја претставам како мој пријател. Епа Пирамидо, на од другарка ти
СП ... до сите кои ги следат моите препораки на филмови во темата - Последен филм кој го гледавте, со тоа и им се допаѓа мојот избор.