^^ Поздрав до женчето над мене - кога ја читам ко да ми ја шири позитивната енергија која и' зрачи низ постовите, па чувствував потреба да си ја поздравам!
Епа знаете што? Некои го знаат како култно место, како дел од старото Скопје, нешто као скопска верзија на Монмартр, некои го почитуваат за улиците во кои дури и вистинскиот скопјанец секогаш го утнува кружниот тек (абе пеер кај првиот или кај вториот си? од кај ку* да знам! и јас увек ги утињам! ) некои го сакаат за да го испијат своето мераклиско кафе под есенското сонце без разлика дали некој ги гледа или не...чисто онака за да помуабетат со комшијата, некои одат таму затоа што сакаат да бидат видени пицнати во своите најубави парталчиња, некои сакаат едноставно да шетаат по улиците и шуткаат лисја - како Инес на пример, некој верува дека токму таму почнува љубовта - како Дузи на пример, некој со мерак крева десна рака со чавче ракиичка на звукот на мандолината седнат на крцкаво столче во по некоја меана, некој превртува очи затоа што не знае да спие заради боемските звуци кои не прекинуваат до доцните часови во ноќта, некој е носталгичен кога еден член од фамилијата му покажува - е Пирамидче мое, тука сум растен - но ни ја урнаа куќата, ја нема повеќе Вака или онака, секој го сака заради некоја причина а дали некој знае нешто и за неговата историја? Јас искрено дознав пред неодамна. Поздрав до сите вас кои имате причина да го сакате Дебар маало. И овај - да, повелете од мене парче историја. Денов ми е таков, што да правам. http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c03maala/c0327.html
До Марама. Те посочив денес на кафе, убаво ти стојат наочарите, и поубава си во живо одколку на сликите.
СП до сите оние кои незнаат кај им е главата од учење . До сите оние кои и покрај тоа што ги чекаат неколку книги од по неколку стотина страници сепак си дремат на Фемина . СП до сите оние кои сакаат да се одморат и да се наспијат , да немаат обврски и да дојде летооо
Поздрав бек и до тебе мила. Ти благодарам на убавите зборови, кои искрено не ги заслужувам . Ти/ вие сте подобри од мене, што уште ме трпите . Големи и безброј...... до сите .
СП до Рокафела. Затоа што е вистински другар, искрен пријател и голем човек. Спешл едишн е, верувајте. Ај уил мис ју нига, синс ју ноу уат.
До Srcekrsacka Таа си е главна фаца на форумов вие што сакате кажувајте . Ми се свиѓа што мува не ја лази дали некој се зеза со неа , ја навредува или се нервира баш си е опуштено створение без разлика дали имала 16 или 26 едно е сигурно Она е УНИКАТ !!! :
Најпрво до една нова членка која секојдневно ја читам ептен ама ептен ме бендисува. Потоа до една прекрасна млада дама која сите продавници ги сврте за да ми најде лак До една прекрасна личност До паметна колешка со која ајде заедно ќе стануваме мр др бр фр вр и до две прекрасни дами кои пиеле без мене кафе
СП до дамиве над мене,што планираа кафе без мене...а ја пак ги обожавав. Али кога прочитав за шопингов без мене... Сериозно ,огромен СП до Марама,Роси и Старфиш..My fashion girls.