Специјален поздрав до цел форум, до сите што го читаат овој поздрав, безразлика дали се членови, или само читатели на фемина, безразлика дали се стари или млади, дебели или слаби, големи или мали, ниски или високи, ќелави или со коса, бринети, црвенокоси, црнокоси или русокоси, црни, бели или жолти... ПОЗДРАВ И БАКНЕЖИ ДО СИТЕ! Денес сум прекрасно расположена, полна со љубов и ве сакам сите!! Ми тргна сабајлечки денов, ми тргна понеделнички неделата. Е па аирлија нека е! Од денес Ана, возач стана! And suddenly... сонце изгреа од зад облаците, песна запеаа ластовичките - СИЛНО СВЕТНА ДЕН! Не можам да опишам какво чувство ме облеа кога ми пријде комисијата, ми подадоа рака и ми рекоа: Честито, одлично извозе. Толку многу се опседнав со полагањето, што почнав да сонувам раскрсници, собраќајни знаци, пешачки премини, жмигавци, место овци броев пешаци... лудница! Ама денес ми се симна камен од срцето и по тој повод ве частам. Шампањ и торта за сите! И толку многу бев возбудена, што си направив сликичка во 9gag стил Спојлер
До сестра ми која е спој од убавина интелегенција креативност и најдобродушност која може човек да ја поседува .
Мх, мх, ме погоди, баш си исплакав река утрово. СП бек и до тебе. И до сите што се расположени како да е веќе петок. Guess I'm the only one.
Поздрав до Ј.Иваноска и нејзините смајлиња,прекрасен ми е секој пост од неа P.s.да додадам дека лично мене ми смета кога ќе видам поздрав со 747343948204924 слики, па ќе ве молам ако не е проблем да идат во спојлер.И што фајде од толку слики,ставете една и ајт Онака додека да излистам еден поздрав е стварно ме нервира
СП до сите оние кои ги чека макотрпно учење во оваа колоквиумска недела која започна. Со срејча нека ни е. А и со помин. Слика вредна милион зборови (можда и више! ).
Специјален поздрав до BlackSwan5 бидејќи а во некоја тема се зборува за Вентворт или Бекство од затворот,тука некаде сме со мислењата-една под друга И бидејќи и двете си го сакаме Вентворт
До сите феминки но и момци што не можат да одбијат: - добро сочно печено парче пица - танц на подиум - карамел торта од Канела!
СП до срцекршачка. Ми го продолжи животот, да знаеш. Ми иде да си ги испечатам твоите постови во ,,Што би му кажале,, и да ги праќам по дотични особи, малку да подразмислат и да почнат повеќе да ме ценат. Абе, и такви луѓенца треба да има во светов. Битно се си кажуваш и си искрена, мака немаш. Така треба, ти најарно од сите нас овде ќе поминеш. СП и до Тедигреј. Смее да се пожали после тој, а ??
СП до Мона Мона Добре ни дојде назад. Се примети твоето отсуство на велико.. Барем кај мене. Ми фалеше со твоите откачени мислења и постови Спојлер
СП до оние што барем еднаш правеле домашни јуфки. Спојлер И да не испадне дека само до сите, СП до: Monna. Monna, esperanca, Miss.Ricci, Special.Someone, Hipica, L-enna, Cynthia, smiley-32, SexyLady. Ваљда не забораив некои.
СП и до тебе. Сега се враќам со нови сили, и во нови победи. Елена гледам и ти си ме поздравила, поздрав и до тебе.
Од темата - Вашата шминка низ слики ги поздравувам за најубавите очи Брајт и Сесилија. Moжно е да сум ви ги гледала 5 мин. ( Не сум лезбејка ) Како што сум цел ден нервозна ме смирија некако. Ема што ти е ?