Оваа вечер како и некоја може друга претходна, упатувам најспецијален поздрав до Марама. Девојко, ти симнувам капа, што ја немам на мене, но замисли дека ја имам. Премногу си храбра и силна, не само заради ова искушение на љубовен план, туку и многу други кои ти ги нанел животот во негативна конотација. Не знам како ќе ти биде периодов, се работи за 3 години, кои ни под разно не можеш да ги фрлиш позади себе, но не можам да се мешам во твоите мисли и чувства. Само можам да ти дадам целосна поддршка преку мојов лап-топ и Фемина, и да ти кажам иако се немам соочено со таква ситуација и не ни сакам, но ако таа 3 годишна љубов барем во одреден сегмент имала заедништво, ќе продолжи ако не во наредните 2 години, можеби после истекот на истите. Животот е игра, а секој од нас треба да ја игра. И да се соочува со судбината. Да, било напишано. Поздрав.
СП до сите кои денеска беа насмеани цееел дееен . И уште еден поздрав до оние кои придонесоа денеска насмевката да не ми се тргне од лице. Се уште сум ваква.
до сите кои се сеќаваат на песната и на серијата Дивиот Ангел http://www.youtube.com/watch?v=QWPbtDpG ... ure=fvwrel
Сите припадници на исламската вериосповед ,честит празник и за многу години! Спојлер Моми ,внимателно со баклавата
- Специјален поздрав до сите кои што му завршија колоквиумите... - Специјален поздрав до сите кои што никогаш нема да се откажат од форумот... - Специјален поздрав до сите кои се хронично НЕнаспани... и сакам да упатам поздрав до многу мили личности: љубам, мерлинка, мацалов, марамка, плавуша, шетачот, љочката (и мојот понов фб пријател), тедимече, дипблу, сањаева, бабадара, катакомба, ангелот со х-чиња, миссче, и до сограѓанките бичд и лов3 итн
...до професорот и да му кажам дека ова ќе му се случи ако не ме пушти http://www.youtube.com/watch?v=165VjNKRNdw
До сите љубители на кафето и оние кои ќе се препознаат во спотот Без кафе не се почнува денот, а уште помалку ако се работи за ваков тмурен ден. Имајте убав понеделник и уште поубава недела http://www.youtube.com/watch?v=UGtKGX8B9hU
Денес ќе ја поздравам Билката А воедно и цел модераторски тим, што се обидува на 20 000 жени да им ги задоволи барањата, да им ги сослуша молбите и жалбите, да ги истрпи додека мрчат, додека се во ПМС, лути, тажни, бесни, среќни, весели.....ах жени Алал да ви е на вас црвените Па и на виолетовите :up:
Специјален поздрав за сите специјални,посебни и убави жени од форумов,ви посакувам среќен и успешен понеделник. Ве поздравувам со оваа прекрасна песничка која од сабајле ми ја посвети мојата посилна половина и си ја слушам цело време. http://www.youtube.com/watch?v=bHUH8cP7 ... ture=share
Тигарче, ако ова ми го подареше, ќе те кренев на раце и ќе ти ја пеев Кумбаја колку ме држи глас! Најнајфала , поздрав назад со едно утринско чајче до тебе со Ladure’ макарон колачиња, а и до останатите пладневно разбушавени феминки!
СП до сите гурмани на форумот! До сите кои знаат да уживаат во добра скаричка, мевце, риба, баниче, мх мх мх, а и благичко, чоколадно, овошно. Бујрум, мелем за грло, а богами и за очи! ^^ и за крај, како јагодка врз шлаг
Специјален поздрав до ljubam. Вртејќи низ темите на фемина случајно дознав која е и дека требаше да присуствувам на нејзината изложба и ми беше многу криво што ја пропуштив поради повеќе причини. Додавам уште една причина во тој список, а тоа е дека пропуштив да запознаам една прекрасна феминка.
Добро бе Анушке! Немаше ли попаметна работа од оваа да ставаш вакви слики? Па целата сум навлажнета, сопругот ќе мисли од нешто друго, а јас пустата од лиги. Па во фрижидер ми е жива промаја, ко да се спремаме да го кречиме, а ти постираш вакви работи. Па знаеш ли колку сум стрвна, пустата јас и колку сум здебелена и не смеам да јадам-човекојадци да ме фатат, ќе ме чуваат за зимница. Готово, цревата ми крчат!!! Па кај најде се ова што најмногу сакам? Ах Анушке, Анушке!!! Поздрав од мене и друг пат предупредувај за сликите со ваква содржина, зашто ќе ми биде потребен надзор од родител или старател да не се издрчам