Специјален поздрав до Lilit. За да и ги разбереш мислењата на девојкава и да сфатиш што сакал авторот да каже, не можеш да фатиш да рипаш редови, и да почнеш да читаш од средина. Мораш темелно, од првото до последното зборче да прочиташ, и да откриеш некоја мудроштина во тој сарказам и памет. Тhat's Lilit guys.
СП до сите цури кои се посабаљечки расположени дури и тие со пмс like me Ви подарувам едно free hug и ружичка
СП До Секси Лејди, колку убави слики има направено од мачорчето, посебно на тоа со капчето какво е срцкасто, баш како за на реклама е тука. Поздрав и до сите други што постираат слики во темата, најпозитивната тема е, колку се убави домашните миленичиња, колку е поубаво кога ги имаш, и каква љубов будат во тебе Поздрав женски
Поздрав до сите оние што се изморени да покажуваат среден прст на времето, па наместо тоа сакаат да ја имат способноста за телепортирање. Вадеш карта телепортација од твојата секси, модерна ташна и се телепортираш во некое рајско и далечно место. Никакви штикли, седеш боса и медитираш. На тоа место те чека карта за стопирање на времето. Ја искористуваш и запира се освен јужното ветренце и звукот од морето.
СП до сите што вечерва ќе уживаат во концертот на Рибља Чорба! http://www.youtube.com/watch?v=UhfpiJAnVD8
Специјален поздрав за сите дебелки личности, што се полни со љубов .... Патем, колку за инфо .. Нема дебела лута пиперка на овој свет, ниту пак змија дебела, така што ... , важна сум бе ... Ве љубам ...
До Дузи ! Секое твое мислење е премногу реално, приземјено, вистинито Начинот на кој тоа го пишуваш е воодушевувачки, хумористичен, ироничен а сепак не навредлив. Знам дека звучи премногу детско, но ме инпирираат твоите зборови.
Специјален поздрав до сите што ќе го сфатат значењето на: „Баба Тала“ (Гоу осечам дека ќе да лајкне - поздрав и до неа!)
СП до Магнолија, Ганшајн и Трендафилка. Ретко сретнувам вакви личности. Ги има доста на форумов, но еве нив само ги издвоив.