СП до сите, што како мали, им ги кршеле или пак дробеле апчињата со лажица, зошто неможеле да ги голтаат. Ама од тоа, погадно нешто мислам дека нема.
СП до сите што сакаат да и мавнат еден сочен бокс на Симона кога ја гледаат рекламава. http://www.youtube.com/watch?v=D2Ho_VZykcE Спојлер Колку што е убава - толку е и антипатична, рамномерно. Одвратноќа.
Јас ни до ден денес не можам да голтам апчиња, чинам ќе се задушам. Морам да го скршам на 4 дела и дел по дел да го испијам или пак во устата со забите го здробам па го голтнам. Поздрав и до тебе.
До Инес!!! Дури сега гледам што си напишала и ме разнежни на некој посебен начин. Да ти признаам, никогаш не сум знаела како да примам подароци ниту комплименти. Оно ако некој констатира дека сум добра со јазициве, си велам ок, фала, го знам тоа, затоа што тоа е факт. Или дека имам криво лево увце, во ред, фала уште еднаш, уште еден факт. Ама кога некој ми дели несебично вакви убави зборчиња, дали на форум или реално, годи, не велам не, но многупати занемувам и не знам едноставно што да кажам?! Да кажам благодарам? Да кажам - ма неее. Да кажам, да да така е? Неее знам што да кажам, ме збуни Како и да е, ти благодарам, ќе се трудам да го заслужам сето она што го пиша, те поздравувам и секогаш те замислувам како шуткаш лисја на Ленинова - после еден твој пост
Пирамитке и јас те позз..... и мило ми е што конечно го прочита А денес дакам да ги поздравам сите кои на мали работи се радуваат повеќе од колку што изгледа дека треба да се радуваме ..ете јас на два пара чорапи купени од мајка моја Си ја Љубам
crazylady враќам поздрав и дека не ми даде гушка еве една од мене за тебе . Neytiri, добро се сеќаваш но не знаев дека ме читаш , и за тебе гушка .
СП до Јипман..секогаш неговите анализи на членовите од форумов ми се интересни за читкање еве ти една гушка од мене и се надевам дека во скоро време и мене ќе ми направиш една анализа (ако сакаш) И до сите велешанки со линков http://www.lajkuvaj.com/83963/#
До Џулка (наздравје пици, сахери и тн ) и Пирамитката... Кој што прави, ние по темите за храна муабет веземе... А и тука сме некаде со вкусовите, се гаѓаме Да седнеме на маса, богами станување тешко, и ко ќе тргнеме, работата ќе биде - стомаците први, ние по нив, а виното по нас (како оно беше, виното вели, вие одете јас ќе ве стигнам)
Фала на поздрав и јас тебе те поздравувам со покана да дојдеш на закуска ... уште ништо не е чепнато.
До сите оние што го делат мојот страв од се’ со префикс - затворено! Клозет Плакар Ум Кафеана Театар Што да е, кога е затворено, страшно е. Освен занданите на змејот.
Шилеа какаш со отворена врата?! Постави еден страшен ребус(до душа не,ама јас си го решив,сакам ребуси ),тие со затворен ум,имаат најмногу отворени усти кои испуштаат каки! Ама еј! Увек има отварачи за конзерви бре! Поздрав Шилеа,поздрав! Сп до сите што мислат дека е петок! И сите што се баш најзгодни денес,а и оние обратно,што се смоукин хот! Сп до сите бе,онака,од ќејф!
Страв ми е од затворен клозет, кога многу ми се кака Лилитке! Недајбоже да какаме сите со отворени врати... Ароматерапија низ дома Ај поздрав бек
Специјален поздрав до Дузи Дембеловска. Не се љути, ти сакаш така да те викаме, а и јас Дембел Лилбејбовска че ти се придружам. Леле жено мила, ме пресмеа со твоите коментари. Зајдов од смеење.
За една убава Сакам да кажам... историја. За една Ми личи на... елегија. За Marley. The one and only.
Најпрво, еден најспецијален поздрав до Хипица, бидејќи ми го сака Далјанов многу. Да знаеш, многу ми е мило тоа, баш сакам некој ден да се сретнеме. Следен, до Брајт и Магнолија, поради нивниот прекрасен вкус за музика. И на крај, до Љубам, бидејќи секој ден се` повеќе и повеќе и` се восхитувам. За талентот, за храброста, за упорноста и за љубовта која ја поседува.
Поздрав назад до anuskaNESTLE, creshicka и Divinebutterfly Исто така сакам да поздравам и една прекрасна девојка --> Libera