Би ве поздравила сите вас, и би ви кажала секој ден сте моја мотивација. Би ви посакала да тонете во љубов, да праќате и давате прегратки, убави зборови, да му кажете некому колку ви значи, да пружите некому рака, времето е кратко. Имајте убав викенд..
СП до сите оние кои како помали кога јадеа паштета си цртаа смајлиња на лепчето со кечап Спојлер сега јадев паштета,па ми текна
Фала Данче Огормен поздрав до тебе битолчанко моја Сакам да ги поздравам сите мамички, да не набројувам, не сакам да заборавам некоја, си знаат тие, браво жени, браво. И сакам да ги поздравам сите љубители на сувомесно!!! Немојте да ме мразите паааааак хххххх
Утринска специјалка упатена до Керолајн, ќе се погодиме белки некој викенд. Ќе ти чувам едно питиче. И изволте сите на најубавите пастрмајлии, велешките. Има Питијада, па како ќе си каснете сите, па, па, па.... Винце, јас блакце нешто частам. Едно дупче понапред ќе отидете со каишот. Спојлер Штипјани, бајт ми.
Ова за мене е јас си се препознав Ако не сум грешка тогаш голем поздрав и до тебе и чекам една ваква карта догодина за роденден
Сп до сите оние кои имаат мерак да шмекаат некој згодни келнери ...и до сите зиморлии кои понекогаш спијат со чорапчиња
СП ... до сите кои денес мирисаат на чоколада, ванила, кокос, мошус, и др слатки ароми ... и им доаѓа нагон да се изедат сами себе во моментот Ако не ви се гледа од боите пак ќе кажам чоклада, ванила, кокос, мошус итн.
Сп до БоаВиста, Ловер, Елена, Фби, Џули, Џуси, Дузи, Гоу, Љубам, АнаКаренина, Мисс, Ливинг, Жапче, Ариел, Блонд и Гарпова. Чисто онака.
Прво, СП до Љубам. Поради најубавите фотографии. И до сите останати во темата ( Ана Каренина, Ана Банана, Јокси, Дивајн, Црешничка,Инес, Мини Маус.. да не ве набројувам) Ве поздравувам вас, поради тоа што кога видам дека има нови, веднаш ги разгледувам. Една од омилените теми ми е, изгледа дека јас не фотографирам Продолжете така
СП до Љубам , АнушкаНЕСТЛЕ и нејзините постови со многу сочни фотографии , Дузи и нејзините велешки пастрмајлии, Ла.Реина.Дел.Сур и до ЦИА.
Специјален поздрав до сите мои дами тука! Ве поздравувам и ве гушкам и ве частам со топло чајче од јаболко со цимет! Јас барем го обожавам!
Хипице,само што ја отворив темава за тебе да те поздравам,гледам ти си ме поздравила ...Еве упатувам еден ГОООЛЕМ поздрав до тебе ...иии повелеле,јас частам