СП за Џули затоа што со неа муабетот е лесен без мака и напрегање што сега да кажам И до Beauchamp , и дозволувам да ме подшамарнува додека не се истанчам
Патем сакам да упатам поздрав и тоа СП до IvaH И до Libera - Изглеа си најдов сродна душа за книги и литература
Имаше една ваква заебанција за Електро Е тие таму богами се на тешки маки Поздрав ако има некоја на тој факултет Сочувство од мене воедно
СП дп АнаКаренина! Баш ме заинтригира да ти ги разлистам мислењата....сигурна сум дека нема да зажалам
Специјален поздрав до девојката која ми е хит овие 2 дена, со чиј извадок од мислење прочитан, ме навлече да и ги читнам и другите мислења и дефинитивно како што реков ми е хит фацка Поздравот е до lepa.milenaa
Поздравче до sanjaeva која рано од сабајле ми го разубави денот. Кога сите би се погрижиле за другиот барем толку малку, Македонијава би била прекрасно место за живеење. Едит: Го поздравувам и прекрсното zhap4e
До Beached. Многу ме ќефа! Сериозно, ептен мераклиски ја следам одамна особено во СДК секој ден. Му додава посебен шмек. Продолжи, супер си!
До сите ранобудници, што кога стануваат, прво го прават ова: И после кенкаат дека сакаат уште 5 минути
Поздрав до сите што ме поздравиле, до сите што спремаат испити и до сите што имаат бескрајна сила да продолжат понатаму после сите удари што животот знае да ги зададе безмислосно.. Just stay strong!
По лесен здравје! Срцка една! И јас те поздравувам ова утро со една лесна сликичка и уште по лесно правило
Јас сакам да упатам така еден СП до „неколку“ феминки, кои ми го прават членувањето на форумот посебно, кои уживам да ги читам и сум восхитена како размислуваат... Сесилија, затоа што е една прекрасна девојка која секогаш ќе ти дојде во пресрет кога ти треба помош, која колку и да ти е тешко ќе се обиде да ја извлече позитивната страна од тебе и да те насмее. Спаркс, која исто така несебично се потруди да ми помогне, која ми разјасни многу неразјаснети работи, и која што ме убеди и ми потврди дека треба да им се покаже среден прст на статистики и бројки и дека ВЕРБАТА е најбитна од се, Златушко и ФБИ, исто и до вас едно огромно фала До Пирамид, затоа што е нашата ѕвезда на форумот, најпозитивна и омилена на сите Лилит, затоа што е едно проклето паметно створење, неконвенционална, ги познава внатрешните пориви и психата на човекот, затоа што секогаш кога ќе прочитам нејзино мислење ме тера да се замислам и да се запрашам за некои работи, мислам дека нејзините размислувања најмногу влијаеа за промена на некои мои ставови. Не сум имала никаков посебен контакт со неа, но обожавам да ја читам. Марама, затоа што е многу мила, силна девојка, која секогаш се труди да го направи правилното, како што ја опиша некој реална е и не користи премногу сарказам за да се истакне, а сепак нејзината искреност и едноставност не може а да не помине незабележана. Се труди секогаш да изгледа најдобро и успева во тоа, и покрај тоа што нема некои големи финансиски можности. Марама е пример дека стилот човекот го носи во себе и дека не се потребни многу пари за да си го одржуваш. Лудото, затоа што е лудо и секогаш знае да ме насмее Тедибеар, затоа што е мила и чувствителна девојка, која секогаш ќе се бори за љубовта, која има прекрасно семејство кое го обожава, кога пишува за нејзините семејни односи се препознавам во нејзините постови и со задоволство ги читам, Хипица и ГоуГрл, затоа што се секогаш позитивни и иако се долго време на форумот, никогаш не сум видела да навлезат во некој конфликт, секогаш успеваат да го одбегнат тоа, никогаш не изразиле жалење за старите денови кога форумот бил подобар, мислам дека тие најмногу уживаат во форумот од сите нас. ЛивингГлам, прекрасна девојка, со правилни ставови и многу добродушна Фиарлес, затоа што е праведна и мрази неправди и секогаш навлегува во конфликт за тие што смета дека се во право Мимс89, стабилна и цврста девојка, плени со нејзиниот либерален поглед кон светот. Анат, која што е прекрасна жена, секогаш подготвена да помогне на сите, мирољубива и стрплива, со разбирање за сите. Мерлин Монро, затоа што е блесава и откачена, нејзината смисла за хумор е благослов Теодора, затоа што ги цени вистинските вредности во животот и има преубав стил на изразување, знае да си игра со зборовите и дури и одењето до пазар да го претвори во вистинско доживување додека ја читаш. Имајте убав ден девојчици
До сите кои сласно го шмрчкаат првото и ЗАРИНКУВААТ со мислите во се што е ново на феминава ни наша Е ТАКА