Морам да ги поздравам сите обожавателки на неговото височество-портокалот. Го љубам просто, под кило дневно не сум. Мх, мх... http://www.youtube.com/watch?v=ZN5PoW7_kdA Hey, apple...
До женските со кои еден убав топол ден ,имавме едно прекрасно кафенце. Мај спешл ван Роси. До Марамка,која е тотална спротивност на она што ја замислував.Уствари не баш тотална...особините мила ,фина, прекрасна се повторуваат. И до Старфишка..Чирс за нашето второ кафе,да ни се множат!Mоже и у Хепи И ти кажав дека ќе се потрудам следниот пат помалку да зборам ,јел да?Ветено,сторено! И до девојките кои следен пат МОРА да присуствуваат на собиранкава!Гоу,Артемишн,ФБИ...
Мис да знаеш само како ми е криво што не се погодивме Нареден пат обавезно се собираме. Поздрав до сите
До историчарката Горде ти си, ти си... ти си просто.... Спојлер До Есперанса да се оддолжам за поздравот од пред некој ден. Џули77 едноставно нели.. ол’уејс лук он д’ брајт сајд оф лајф тумту-румту Шана.. оти те заборавив кога ја правев листата форумџики што ја одбележаа годинава, а требаше да стоиш во „женчиштата на форумот“! Венди.. мрнкачот и на тебе заборавив, а во политиката требаше да те ставам. До Хај.. гевгелиЈско убаво моме. Во позитивните! Абе... еден мозок е. Туку, колку сте - толку сте, доволно сте! Ајде и една песМа за сите! http://www.youtube.com/watch?v=OFd7hrUKjqQ За убава среда, убави денови на форумов и надвор од него!
Фемина - најдобар сајт за 2011-та Веб страната www.femina.mk е избрана за најдобра за оваа година Спец ПОздрав до сите Фемини кои се потрудија да ова стане реалност !!! Спојлер мнн ме редуваа оваа весттттт
Специјален поздрав до еленаа бидејки стварно ми го разубави утрото читам последна глупост што ја наоравив и се газам од смеење
Ве поздравувам сите, затоа што ќе ми фалите. Периодов имам премногу обврски и морам да им се посветам, па социјалниов живот го ставам на стенд бај. Се читаме при крајот на следната недела, или здравје боже догодина. Ве поздравувам женички, имајте убава недела и уживајте во последните денови од годинава кои лека-полека ни се ситнат!
Новата феминка Jeny. Уште на почетокот со твоите 10 мислења позитивен и многу убав впечаток ми остави.
до фемина еве зошто Femina.mk е прогласен за „Сајт на годината“ Спојлер Денес во Скопје се одржа манифестацијата „Сајт на годината 2011“. Со огромна радост и задоволство ве известуваме дека Femina.mk ја освои главната награда и беше прогласен за најдобар сајт за 2011 година. Гласовите на публиката заедно со жири комисијата одлучија најпосетуваниот женски сајт во Македонија да ја добие и посакуваната титула Сајт на годината. Femina.mk е Сајт на годината 2011 Femina.mk влезе во финалниот избор во категоријата „Најдобар сајт на годината“ заедно со on.net.mk, tocka.com.mk, kurir.mk и crnobelo.com. Гласовите на жирито беа доделени според критериумите дизајн, посетеност, функционалност/употребливост, содржина (активни текстови, автентичност, преземена содржина, лекторски коректна), активност во социјалните мрежи и иновативност/креативност. Kajgana.com беше прогласен за Најиновативен сајт, а форумот кој функционира во рамките на овој сајт ја освои наградата во категоријата Најдобар форум. Time.mk ја доби титулата Најдобар информативен сајт. За Најдобар бизнис/корпоративен сајт беше прогласен сајтот T-mobile.mk. Motika.com.mk беше прогласен за Најпопуларен сајт, категорија во којашто беа земени во предвид само гласовите на публиката, а Crnobelo.com го освои признанието за Најзабавен сајт. Kupikartizase.com ја присвои наградата за Најдобар сајт за е-трговија, а за Најдобар блог беше прогласен Marketing365.blog.mk. Манифестацијата организирана од Media Solutions и keep an eye, а која е под покровителство на Претседателот на Република Македонија и Словачката амбасада во Македонија, се одржа втора година по ред. Femina.mk за само две години постоење успеа да се искачи меѓу најпосетуваните сајтови во македонското интернет пространство. Статистиката вели дека нашите читателки секојдневно остваруваат над 70.000 посети. Месечно Фемина има над 2.100.000 посети, а сајтот го читаат речиси половина милион различни лица од целата држава. Квалитетните содржини ги предизвикуваат посетителите да прелистуваат повеќе од 12 милиони страници. Од името на целата редакција на Femina.mk, од сè срце ви се заблагодаруваме вам, нашите верни читателки, за тоа што секојдневно ги следите нашите содржини, кои со огромна посветеност и внимание ги избираме за да го задоволиме вашето љубопитство. Се надеваме дека во изминатава година сме успеале повеќе од еднаш да измамиме насмевка на вашите лица и да ја изгаснеме вашата жед за нови, корисни и интересни информации. Признанието што го добивме денес дополнително ќе ни ја зголеми мотивацијата да останеме вашиот омилен извор на дневна доза позитивна женска енергија. Ви благодариме! честитки