Најпрво возвраќам на поздравчето на Шана, пријатно ме изненади, ти благодарам Иии уште едно гооооолемо поздравче до Тедигреј Спојлер
До Керолајн, затоа што ме сонувала. Имав 10 кила помалку во сонот, ммм ?? Инес, оти ми е срцка. Кога ќе одиме за Њујорк? И до Росонерка, затоа што немав некое посебно детство, па да ми недостасува... Нема врска тоа, летс нат брејк д крисмас спирит! Ама за Нова година мајка ми секогаш ме шеташе во Скопје, одевме на Саем, шетавме низ Центар, јадев костени и на крај јадев глувчиња од Жито Лукс, знаете тие, чоколадните. Па ми купуваше боици и книги од некаде, лампиони и ламбички и потоа со возот си идевме дома. Ти благодарам што ме врати во едно од моите најубави сеќавања од тоа време! И до Шана, поздрав бек.
Магнолија *бидејќи си паметна, а јас сакам такви Хипица *бидејќи е паметна, уникатна и секогаш е тука да помогнит *Најспецијален поздрав до сите оние кои си поминувале предобро во едниствениот Jazz Inn (Ohrid) - за сите пивца и винца на шанк испиени, за сите бокалчиња на масите пропиени, за сите насмевки, бакнежи и прегратки споделени .... Спојлер Спојлер Официјално Џез повторно се отвора (после реновирањето)
Ја би ги поздравила сите мами на форумов Шана, Геа, Ивановска, Неса, Грин Ајс, Лолитка наша, Лукс, НБ86, АИТ, Li0ness, sanjaeva, Блонд, ах се извинувам некоја ако изумив... така ми дојде од убаво кога гледав слики од вашите дечиња да ве поздравам, сите до една сме богати.. ЕДИТ- со длабок наклон се извинувам! Кога видов дека светиш доле која ја гледаат темата ми текна на тебе, ама ти ме зезна.. Ариел гушкам, извини.. хуху
СП до our boss, Михајло. Леле се пресмеав на мислењето на Лилит, посебно она: „Поздрав шефе!“ Шоферски, и кочијашки поздрав упатен до нашиот хефе.
И јас би ги поздравила Михајло и Билката, прекрасни се, сосема заслужни за наградата. И фала им за сајтот, а уште повеќе за форумот. А и за цел труд што го вложуваат.
СП назад до Инес . СП до Циа.Драго ми е што сакаш да ме запознаеш и да си направиме муабетче за Бегство од затворот,ќе биде некогаш . СП до Јипмен,мислам дека те најдов на Фејсбук ама не сум сигурна . И уште СП до администраторите на страницата.Честито награда и навистина Фемина е најдобар сајт во Македонија.
Поздрав до Љубам. Љубов еден. Си го бараше. Поздрав од сесрце, од семакедонија, од сеаватар, од секулапупиновски.