Овој пат, специјален поздрав до Bright, за да знае дека секогаш ќе ја памтам како девојката со овој прекрасен аватар.
До spellbound ! И до косата нејзина прекрасна. Спојлер И песната како дел од поздравов. http://www.youtube.com/watch?v=huLDin-43aM
До милите ми, TheCandy880 и Divinebuterfly. И голем СП до tinkerbelll (со 3 Л). Најубав помин кај дечкото, мила!
...до сите кои што ужасно многу сакаат некој да ги поздрави,и ја погледнуваат темата со ваков израз а,кога ќе видат дека никој ги нема поздравено од 1987 година,ја напуштаат со ваков израз
Леле девојко! Како само ме врати назад низ времето и ме обли со топлина! Благодарам што ме потсети и баш ми е мило што ме паметиш по тој аватар... те гушкам силно силно, а можно е и во живо кога ќе дојдам Охрид
А јас може ли да поздравам некој? Ма кој ве прашува бре , јас сакам да ја поздравам Трендафилка Мафиноска, која ме настрве со постот за мафини. Се разлигавев, и раскенкав како трудна да сум, ах мори Трендафилке, аххх ... На судни маки ме ставаш, во овие црни ноќи . И голем поздрав до мајката трендафилоска, оти вакво паметно моме родила, кај паметно па и домаќинче, секој втор ден колачи прави, и трчи, трчи нас овде на Фемина да не настрви. Епа Трендафилче, прими и пренеси поздрав, и ај за арно, за убоо нека е тавчето . И изволте, повели од мене еден каранфил за нашиот Трендафил (читај нашата Трендафилка ).
TeddyGrey! Бесплатни прегратки, гратис бакнежи, многу љубов и уште повеќе поддршка. Големината е да издржиш и кога е неиздржливо, да докажеш дека можеш, кога мораш!!! Знаеш!
СП до Серафима, Либера, Fearless И сп до сите ЕКОНОМИСТКИ што маки мачат со Шулев, Драге, Славе, Таки и сите остали мачители.
Ова е еден специјален предновогодишен поздрав до Славица999. Цаци, еве по ед’н пар цвикери за сл‘нце за нас, све видиш сунце не видиш! Марка е бирана по твој укус, башка поубаво ќе можемо да уживамо у фасаду на зграду карши Лукоил