До сите што како мали собирале миризливи ливчиња од Детска Пошта! Ух, какви сеќавања ми надојдоа од мирисот...
Остај што собирав Детска пошта, арно ама ги складирав јас многу детално, и тоа во ќесички од УЛОШКИ. И ги складирав во ќесички по категории, пр. животни, барби, цвеќиња, и останати подгрупи. Арно ама собирав и салфетки, и тоа имав и сеуште ги чувам, околу 200 салфетки. Леле имам цел пакет, пред некој месец ги најдов збутани во шпајз, ги прередив во друг пакет, го напарфемисав пакетот, и антологиските салфетки се во ново руво. Ама што се преубави... Епа ете СП до убавите детски денови, и до форумџиките кои собирале ствари како мене.
Сп до Љубамм.... Спојлер Знаеш секогаш ме изненадуваше,знаев дека си вистински професионалец за слики но не ги знаев твоите други слики.Освен оние во лични професионални фотографии.Ја отворив твојата страна и ги разгледав..Знаеш се повеќе ме воодушевуваш!Нема збор со кој би те опишала.Твоите слики беа изненадување за моите очи.Ти се поклонувам .Ако постои совршенство од жена тоа си ти! те сакам Љубам
Јас нема да ги поздравам ни ракометарите ни навивачите. Ќе ги поздравам оние кои уживаат да се гушкаат, на кои една прегратка многу им значи и оние кои веруваат дека истата може многу работи да смени на подобро. Денес е светски ден на прегратките. Нека ни е среќен. Гушнете некого, како што сега јас сите вас силно ќе ве гушнам.
До сите, кои и покрај се се горди на нашите ракометари, бидејќи цели 14 год. не биле на ЕП, на грешките се учи.....браво за момците,браво за Македонија
До Најтвокер(го обожавам тоа прекрасно суштество,совршенство без маани Спојлер мислам ме сфати Крејзи ин лов 19 Гордана10 Џули77 Онака без посебна причина
...Divinebutterfly, затоа што одвај ја познав - го сменила аватарот, кој патем мнооогу ми се допаѓа, чисто онака заради русокосото дејче.