СП до сите кои се сетивте на мене во неделата, зашто јас се сетив на форумов и на вас додека се спремав да ги пречекам гостите. Убаво си поминав, иако снегот малку ги измени плановите, кога дојдоа по мене беше суво дури не ни врнеше дожд ама на сред веселба почна да вее и веќе кога појдовме беше натрупало снег па бавно возевме накај мојата нова дома. Не го мразев снегот и убаво е штом завеа на тој ден, само ми беше страв за превозот, сообраќајот, инаку снег е бериќет, среќа .Едвај чекам да дојде викенд да се исполизгам на снегот, а може да почнам уште од денес за да не ми се стопи. И супер бил ова заедничкиов живот, секоја вечер легнуваш, стануваш со либето и тие ред други работи разбира се.
СП ... Жапче ... а ма враќај се тука и шкртни по некоја гачка, инаку те отепав СП ... до Ани мк ... ах бре кога те прочитав како што сум денес за нигде, ми се наполнија очиве, колку само те сфаќам ... Што да ти кажам освен ... времето ти е пријател и издржи. Веројатно ќе биде подобро. Уште еден СП ... до Изаабелла ... животот е суров за некого, само силата и трпението не одржуваат во живот. И некоја надеж ... И тебе ти праќам
Поздрав и до тебе и чекам на темата да пишуваш барем повремено што читаш, ме интересира и мене тој жанр , сега мислам дека ми должиш една анализа преку ред , со мала напомена сега не пратам многу фудбал, ама како мала бев страстен навивач на Црвена Ѕвезда кога беа лути ривали со Партизан и Пикси (Драган Стојковиќ) ми беше омилен фудбалер, во кошарка бев за Југопластика, за да не ми пишеш веднаш како недостаток дека сум фудбалохендикепирана , инаку сега не пратам баш редовно, ама повремено се информирам преку брат ми каква е ситуацијата, барем во поглед на поактуелните тимови и лиги, така да без ич не сум... Јас па си реков само јас не добив поздрав ... Не е проблемот во тоа дали си се согласила со мислењето или не, туку свесно или ненамерно ја сврте ситуацијата во друг правец, никаде јас не реков дека темата не чини, така?! Е, да околу она твое пророштво на ширење енергии, ако ме сметаш во групата на негативците, во поголем дел од времето си во грешка - има моменти кога сум баш зен опуштена или па си се смешкам, независно како одекнува низ форумов она што ќе го пишам тука, си имам и моменти на негативен набој не дека не, ама вакви шаманско-видовити уфрлања се често промашени, плус, можам јас и сочно да го испцујам некого и на крај да употребам , ама не сакам, не е мој стил. Инаку ова кул е во оригинален облик cool или kewl? Ова не е реторичко прашање, чекам одговор... Поздрав и до тебе...
СП поздрав денес упатувам до внук ми кој вика тетичке,тете... цел ден плаче и кемка,неподнослив е па затоа доби малку ќотече за размрдување.Доловив една слика која наликува на неговата состојба...
Рој поздравци до сите што разбираат малку од малку француски, случајно налетав на песничево во едно филмче, па морав да најдам превод за да видам што си потпевнува девојката, па ми текна колку би било убаво да знаев збор-два француски и да не морам да барам превод, па ми текна кога дечко ми ми рече - имаш најубави очи на француски, а јас тука се растопив како путерче , па ми текна зошто французите - и дебели и слаби и високи и ниски и црни и жолти се такви шмеќеришта, па со таков јазик кој лизга низ грлцето, како поинаку... Епа поздрав. http://www.youtube.com/watch?v=nLaY4aksfRo
СП до сојузиниците и противниците во Тим А вс. Тим Б: Shpagetta, Snow-Queen, glow, LadyDoll, Hipster и останатите.
Денес го поздравувам најубаво цвеќе на форумов, нашиот мил миризлив, свеж, расцветан трендафил во женски род т.е. Трендафилка За францускиот ми е многу криво и мене, го имав како предмет една или две години во средно, но под утицај на околности никој не мораше да учи. И не само по ова прашање, по многу теми ги делам мислењата до тебе. Прими поздрав и една гушка, малце да те стоплам по студов.
Одамна не сум поздравила некој *Најпрво возвраќам на поздравите на : Ади, Дивајн, Џули77 и Инес.Х.. Секоја од вас е посебна и ви благодарам за издвоеното време и сета поддршка која ми ја пруживте. *Воедно ги поздравувам: Ангел92, Рок-а-фела, Смајли, Scar.Tissuе, Вајлд.Чери, Неверморе и Елементал Секој од нив знае зашто е поздравен!