Леееле! Зошто па и ти, глупости! Смешно е стварно! Незнам како да ти објаснам да не ти биде непријатно! Поздрав и до тебе!
Поздрав до МАРТИНУШКА Ти го видов аватарот во денешниот број на Вест погоди каде? Во секс ќоше Одма ме потсети на тебе и морав да те поздравам
До Phyramide мило ми е што повторно ја читам на форумов, посебно ми се драги нејзните постови. Spoiler Со денешниов пост ми врати и мене спомени од моето детство и викендите зачувани само за мене и тато. Најспоконите денови.
Сп огромен(исто како и буквиве) до Теди греј ке ги поздравам и сите оние кои уживам додека ги читам -Најти (чекам одговор да ми дадеш на последниот муабет на чат,не се прави мангуп ) -лепа ( те мислам од вчера, за survivor-от ) -крејзи лејди (сакам да те запознаам и тебе) -оффспринг (јас не ја гледам по темиве или стварно ја снема) -трендафилка (оргинални постови) -Хипица (мислам дека имаме сличен вкус за музика) - Shela (и се восхитувам на секоја нова пишана проза) -Љубам (секогаш е толку креативна) - палавото.девојче (по 100ти пат кажувам, се заљуби и се изгуби) Ве има уште многу, ама ќе зајдам со пишување ако продолжам !
До Геа. Одамна не ме расплакал некој пост, а твојот денес за раѓањето на малата тиквичка ме трогна, читав и плачев истовремено восхитувајќи ти се тебе и радувајќи се дека има таква љубов и поврзаност како оваа, вашата- на вашето семејство. Сега, на неколку денови до вашата годишнина, ви посакувам да си дочекате златна свадба заедно и, се разбира, да бидете во проширена верзија тогаш Те гушкам, знаеш дека моите симпатии одамна ги имаш освоено За вас
Хипика и Глоу Рано ја напаѓаме Фемина Пирамид и Геа,многу ги почитувам,иако последните постови ми ги насолзија очите Поздрав и до Сонцето Матеа,зошто се повеќе се среќаваме низ темите Имајте убав ден девојки
Геа пред некое време ја постирав приказнава. Плачам како мало дете после она што ти го напиша. Spoiler Си беше едно дете кое се припремаше да дојде на свет. Еден ден тоа го запраша Бога: -,, Господе ми рече дека утре ќе ме испратиш на светот, но јас сум толку ситен и немоќен, како ќе живеам таму?´´ Бог му одговори: ,, Од сите ангели ти избрав еден само за тебе. Тој ќе те чека и чува. Секој ден ќе ти пее и ќе ти се смее. Така што ќе ја осетиш неговата љубов и ќе бидеш среќен´´ ,, Добро, а како ќе ги разберам кога нешто ќе ми кажат кога не го знам нивниот јазик?`` запраша детето. ,, Ангелот ќе ти ги кажува најубавите и најслатките зборови кои ќе можеш да ги чуеш во светот и така што внимателно и со љубов ќе те научи да зборуваш´´ ,,Слушнав дека на земјата има и многу лоши луѓе,кој ќе ме штити од нив?´´ загрижено продолжи детето. Бог се насмевна и рече: ,, Твојот ангел ќе те штити за било што, па макар и по цена на неговиот живот.´´ Детето го погледна Бога и со расплакано гласче рече: ,, Но јас сум многу тажен што никогаш повеќе нема да те видам.´´ На тоа Бог му одговори: ,, Твојот ангел секогаш ќе ти зборува за мене и ќе те научи на патиштата кои водат до мене.´´ Тогаш во рајот се прекина тишината и гласовите од земјата допреа до него. Детето сфати дека мора да оди и го постави последното прашање: ,, Господе кога веќе морам да одам, кажи ми како се вика мојот ангел? ´´ Господ му одговори со голема насмевка: ,, - Не е важно како се вика, ти ќе го викаш МАМА ´´ God is the strength of my heart and my portion forever! Оној што има дете почуствувал колку е моќно сетоа тоа, јас велам за мене ќерка ми е најголемиот дар и најголемата болка. Ама ќе си го претворам во комплетна среќа, ветувам. А ти си инспирација, потполна љубов и жртва, спремна се да стори за своето ангелче. Чувајте ми се, и бидете вечно среќни. Од мене го имаш наклонот до земја.
До мојата преслатка Блонд,многу бевме болни инаку знааше какво кафе ќе пиевме леле ајде во сабота сее надевам дека ќе го испиеме па не можеме на раат да се видеме да си се изнамуабетиме