До сите оние кои како мали јаделе Бони Топ! Од нигде никаде изникнаа во една маалска продавничка, па си купив и сега си грицкам
Апропо муабетов погоре на Ана, јас ги поздравувам сите што како мали биле ненаситни по Олипс! Јас сум сведок дека секое сабајле по едно црвено Олипс порачував, или жолто за компензација. И секако Мамбо карамелите ги обожавав такоџе. Детство ...
^ само што ја отворив темата сакав да го пишам истиот коментар како тебе, но ти си била побрза. Те поздравувам и јас тебе у спат да си ги поздравам и теди греј (што бидна со договорката ) лепа најти
Фала на поздравот Баш пред едно време прашував дали сеуште се продаваат,никаде немам сретнато иии поздрав до Дивајн,пиши ми тука кога ќе бидеш послободна
По n-ти пат Специјален поздрав до сите Мадридисти. Нека ни е среќен роденденот, многу победи и титули.
До сите оние на кои им фали по некоја искра во животот за да се чувствуваат комплетно... http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... GJuMBdaqIw
Да си ги поздравам моите омилени, што ми го прават животот шарен. ^.^ За да допрете до неа, мора да сте фин, само така ќе ја придобиете нашата мила Фајрквин. И Реина е тука, од странство знаење ни праќа, секогаш ќе ја најдете како вредно белешки си фаќа. Гоу-грл љубопитната, 24/7 од сенка не’ прати, и кога треба критика, со зборови знае да „млати“. За млатење беше Пеликуна, која сакаше љубовно да пати, но се излече со спорЦка, кајшто не знам колку фати. Сепак, во љубовта ко Пеперутка речиси и да нема, ги крши љубовните правила и воспоставува нова шема. Со долга врска и Тедибер слободно може да се фали, од ден на ден се качува, повисоко на љубовните скали. Ако некој успешно закрепна од љубовната му каша, тоа дефинитивно е фината Aнгел92, Охриѓанката ни наша. А па Јипи Диносаурусовски, со љубов не се замара, се’ додека има тазе билтени за со пенкала да ги шара. И Мистери, пусти Мистери, заплива во љубовните води, иако и до ден-денес, сака на секоја мома да и’ годи. Мерлин Монро на годењето, со годење знае да врати, нејзиниот хумор не го заменуваат ни десет директорски плати. Пупи.Грл си трага по љубовта што ќе ја плени, но тешко нејзината интелигенција, некој да ја засени. Ако сте подготвени за интелигенција без краја, со задоволство, дами и господа, ви ја претставувам Саја. А ако инспирацијата е ваш адут и посилен ас, веднаш запознајте ја Кенди, уште во овој час. А до останатите: Шаренила до бескрај, и Феминки на рој, останете сите позитивни и прекрасни во голем број.
Поздрав до АnаКаrenina-Абе чупе зошто ми правиша вакви лиги сега,друг пат такви сликички во спојлерче Туф... немам и ништо благо,а и не смеам да јадам сега ова време...Ајде изеди едно и за мене И поздрав до Teddybear-не се секирај мила,ќе помини овај период и ќе бидиш пак онаа весела Теди што секогаш мисли на позитивни работи...Еее сите имаме периоди кога сме болни,нешто ни фали,од се ни е преку глава ама пак гледаме да си ги направиме убави деновите после тоа Гледаш,иако е се со главата наопаку,ти пак наоѓаш позитива,правиш убави работи,гледаш да се среќни и другите Браво за поклончето,ме натажи и мене да ти кажам,а не па мајка ти И поздрав до Marama-се надевам да ти помини побрзо и да станиш цврсто на нозе,да си ги облечиш новите чевли и да се прцкаш низ градот
Спојлер Aхахаха,срце мое добро си се помачил ама добро е напишано Поздрав бек и до тебе Најти Спојлер Интернееееееееет,зашто си даууууун(се надевам дека ти текна) Поздрав и до крејзи ин лав и к.и.м
До сите Росонери кои за малце не ги мавна инфаркт, испокршија се по дома, им се качи притисокот и шеќерот, маваа со се што ќе им дојде под рака, и на кои им се идеше да влезат во ТВ и да им мавнат по еден шамар на сите играчи на Милан, по ред, и на Златанчо да му искубат тоа опавчето и... ај се занесов. Бидете ми поздравени, се стресовме малце вечер
По не знам кој пат. До Тедибеар! Единствена си! Прекрасна. Најмилото нешто што го имам сретнато во животот мој. Се гордеам со тоа што имав чест да те запознаам и да зборувам со тебе. Убиваш со емоции девојко.