до Scar.Tissue, затоа што едноставно во око ми влезе никнејмот. Спојлер Ако не се лажам, уште една љубителка на РХЧП !? и до Bright, затоа што секој нејзин пост го едначам со љубов. Поздрав, заљубено дејче - заразно е, признавам.
^ Не се лажеш. Поздрав и до тебе со една нежна, убава. Една од поомилените http://www.youtube.com/watch?v=0fcRa5Z6LmU&ob=av3e
СП до Најтвокер, затоа што е еден од ретките машки примероци тука кои заслужуваат да се читаат. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=yXdg89-p4g4 Песнава е саундтрак од играта каде главниот јунак има исто име како твојот ник
До Мистериозна !!! Девојко и кога сите бродови ќе пропаднат ако треба ќе прогласиш подморница и ќе тераш , ќе се бориш и од инает ако не нешто друго ќе УСПЕЕЕШ ! Твојов пост ме остави зачудена , со многу дилеми и прашалници , во некои делчиња и се пронајдов, се подзамислив . Но тоа што ме остава без коментар е твојата искренот . Искрена си до болка не се криеш зад ликот на Супервоман . Ти си таа што си со сите порази и победи . Ти ја посакувам целата среќа на светов . И ако го видиш поздравов ќе ти дадам обврска да ми пратеш абер по порака кога ќе СЕ ЗАЉУБИШ , кога ќе бидеш ЦЕЛА , СРЕЌНА и ЗАДОВОЛНА. Искрена да бидам не би обрнала внимание и зошто сум помалку чуствително створение на темава ќе речев ајјј не се лигави , ама зад ова знам те имам читано се крие цела приказна поточно цела историја . Тоа се многу удари , многу тешки моменти , но се мора напред . Се надевам ТОЈ ќе исчезне од тебе и нема да се врати повеќе . Освен во спомените во кои ретко ќе се враќаш , а и кога ќе го сториш тоа нема да те болат . Да можев и 100 лајка ќе стисев , прекрасен пост жалам што поводот е тажен . Не се давај ... Спојлер
Трендафилка, Геа, Ла - чика, Нејтири, Хипица, Џокси, Роси, Ариелка, Лилит, Старфиш, Мис Спарк, Инес - х, Менди Лејн, Л-ена, Марама, Дузи, Тедибеар, Тедигреј, Дејзи, Дафне... Куп жени (и еден маж) што ми го веселат лицето кога ги читам! Ќе надополнам со уште феминки, не ми замерувајте ако сум ве испуштила. Секој ден ве читкам.
СП ... до сите на кои последниве денови несоницата им е често ноќен придружник ... А и покрај денскиот умор око не можат нормално да склопат ... Што ќе беше ова?!