1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од lolyta777, 18 јануари 2011.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Мајки барам совет и споделување искуства-кога треба да престане пладневната дремка на детето?
    Јас имам 4 год. девојче, до пред неколку недели престана да преспива напладне, и се прашувам дали треба да ја форсирам да преспива.
    Кога е дома- викендите или кога не е во градинка обично преспива 2-3 саати пред ручек, а во градинка не спие само си лежи иако станува рано.
    Е сега кога напладне ќе преспие не е толку напорна, кенкава и раздразлива, ама навечер легнува околу 24 часот, а во спротвно околу 21 часот.
    Моето прашање е дали 10-12 часа што ги спие ноќе се доволни за нејзиниот развој, со оглед на фактот дека не спие на пладне во градинка.Однапред благодарам.
     
    На Avokado му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Пладневна дремка

    Па колку што знам, на 4-годишно детенце му е потребно 11-12 часа сон, па ако толку преспива во текот на ноќта, сосема е доволно за неа. Може да и треба одмор во текот на денот, не преспивање, туку одморање, најчесто околу еден час. А ако заспие, сонот може да трае подолго време и со тоа се нарушува вечерното легнување. Знам дека спиењето е важно за одмор, бидејќи децата на оваа возраст се доста активни, ама придонесува и за имунитетот и отпорноста кон болестите. Ако може да издржи без одмор во текот на денот, притоа да си легнува порано навечер, мислам дека ноќното спиење и' е сосема доволно.
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Пладневна дремка

    Пладневното спиење е неопходно до 3 години, а после тоа зависи од детето дали часовите што треба да ги отспие ќе ги спие навечер или во 2 дела :) .
    Моите престанаат да спијат преку ден на 3 години, кога веќе немаше смисла да ги легнувам преку ден затоа што прво се мачев да ги заспијам, па да ги разбудам, па навечер да ги заспијам.... пола ден во успивање и будење ни поминуваше. Вака им е многу поубаво.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Пладневна дремка

    И јас го делам твоето мислење, пола ден се мачам да ја успијам, ја терав да спие со сила иако самата ми викаше- не ми се спие. А да не зборувам за ноќното успивање ако преспиеше на пладне...
    Сега напладне ја успивам само ако треба да одиме некаде, пр. на свадба, за да може да издржи.
     
  5. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Пладневна дремка

    Ако детето чувствува потреба за сон самото ќе си заспие, нема потреба од никакво форсирање -мое мислење.

    Мојот син е 2 год. па некогаш се случува преку ден да не преспие, вообичаено наредниот ден ќе стане подоцна 1-2 часа, и со тоа ќе надомести во спиењето.
     
  6. rjgdm

    rjgdm Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    40
    Спиење на дете од 1 годинка

    малото мое има проблем со спиење , мн малку спие навечер се буди околу 5 и до 10 дома е како да е сред бел ден во 10 заспива (отприлика). Значи ноќе пред спиење му давам да јаде млеко ( не е гладен ) бањат е , пробавме со сопругот да не му даваме да спие многу преку ден ама кога му се спие заспива и наопаку да го свртис спие како трупче....

    дај помагајте како да правиме јас си пореметив ден за ноќ....

    чаеви , музика , се пробавме ама џабе


    Фала мајки .......

    Искрено една повампирена мама на 13 месечно бебе.....

    заборавив да напишам дека и легнува околу 1 навечер.......
     
    На srna1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Спиење на дете од 1 годинка

    Па мислам дека не треба да го оставаш,да спие преку ден. Играј го закачкај го направи се што треба за да не заспие, во тој случај ке нема друга опција освен да спие преку ноќ кога спијат мама и тато.
    Ова го кажувам бидејки го имам видено на дело, кај една моја братучетка.
     
  8. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Спиење на дете од 1 годинка


    Прво имам една забелешка околу хранењето, викаш јадело а во заграда пишуваш дека пиело млеко. За промена пробај околу 20-21:00 навечер да му дадеш да јаде палента, макарони или гриз, а кога ќе го заспиваш значи околу 21:30 дајму шише со млеко. Во собата бидете вие двајца и немора да биде темно, направи му пригушена светлина, за да може да те гледа и раскажувај му приказна, или чешкај го по грпчето. Е сега сеуште е мн мало за да спие цела вечер. Може да се разбуди околу 3 сабајле и дај му шише млеко. Јас вака со ќерка ми правев, и искрена да бидам до 3 години се будеше околу 3-4 сабајле. Мислам дека се зависи од детето. Поздрав.
     
  9. rjgdm

    rjgdm Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    40
    Спиење на дете од 1 годинка


    пробано верувај кога му се спие кога ќе заспие го закачаме , го миеме лицето со ладна вода ништо не помага, еве пак заспа во 5 сабајле а спиеше само 1 саат преку ден !
     
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Спиење на дете од 1 годинка

    помести му го бањањето за еден час покасно (всушност види дали тоа го расонува или успива,па според тоа бањај го).од искуство со мојот син знам дека за било каква промена се потребни 3 дена(период на навикнување). Среќно
    п.с. доколку не работиш и си дома пробај и ти да легнуваш да спиеш кога спие и детето.
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Спиење на дете од 1 годинка

    Обидете се некако да му го намалите спиењето преку ден. До 3 години би требало да преспиваат преку ден, ама нека се сведе тоа на минимум, можеби и само половина час. А колку време спие малото преку ден?
    Очигледно на некои бебиња (деца) им треба помалку спиење, ама само 4 часа спиење навечер е навистина малку!
     
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Малку офф топик, зошто е сменет несловот на темата, колку што се сеќавам беше Пладневна дремка? :?:
     
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Мојот син го правеше спротивното,во градинка преспиваше,а кога беше дома никогаш и тоа одкако направи една година.Инаку секогаш си легнува во 9 часот навечер и спие по 9 часа (кога е во градинка) и по 12 часа (викенди).
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски

    Имаше две теми за спиењето кај децата, едната се однесуваше за спиење кај дете до една годинка, а оваа беше за пладневна дремка. Помислив дека би било добро да ги спојам, и да се дискутира општо за спиењето кај малите деца, без разлика дали се работи за дневно или ноќно спиење :)
     
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Благодарам за објаснувањето. :)
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Уф колку те разбирам. И јас бев таква додека детето не направи 2год. Не дека те плашам :D ама еве го сега има 3год и понекогаш знае да се разбуди навечер ама навечер легнува околу 21,30-22 и сабајле станува рано....
    Кога беше таков како твојот го успивав со фен, значи пуштам фен да брмчи и го нушкам и заспивам. Фенот брмчи додека спие и тој и така покварив 2 фена. Знам, чудно ама мене ми помагаше. Тоа го прочитав во еден бебешки магазин и кај мене делуваше.
     
  17. American.Woman

    American.Woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    27
    Баш ме интересира дали ви се реши овој проблем. Па ако го прочиташ ова одговорими.
    Иначе јас имам 17 месечна ќеркичка и го имаме истиот проблем. Преспива еднаш дневно и толку е активна не застанува да се одмори ама ич...па ќе си речиш оваа кога ќе клапне не станва сто сати, ама џабе...легнува кај 9 и пол, 10 некогаш и оп.... во 1, 2 станата....или пак ќе лежи ама место не ја фаќа само ќе се врти.... и ние пробавме се, абе поке јадена, помалку јадена, да спие денски, да не спие денски, да е поќе облечена помлаку облечена....тоа бајачки и гатачки, доктори и специјалисти, и нисшто... сега си сум мајка вампирка ама се навикнав на тоа...се помирив со судбината и до кога ќе трае нека трае..... иначе мажот ми работи трета смена, така да се е на мој грб.
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ајде јас како малку поискусна мајка да ве утешам, мојата не спиеше до 3 годинки, душата ни ја извади, секоја ноќ беше повампирена, сите спијат ние си играме. Што се и ние не пробавме...ми викаа почекај ќе потпорасне, ќе се уморува и ќе си заспива порано...едноставно такви се децата. Има деца што спијат ноќе како трупчиња и има деца кои ги оставаат родителите(најчесто мајките) да дежураат, нашата не плачеше, само си беше будна и никако нејќеше да спие..кога ќе ми текне..летно време во 3 ч. наутро ние во двор се шетаме, мирна е само надвор, се смее и гугука, а јас паѓам за спиење. Само трпение, без нервози и еве и јас ќе ви го кажам истото, ќе спијат кога малку ќе потпораснат, ќе трчкаат и ќе се изморуваат..сега мојава спие како труп , од 20ч. навечер до 7-8 наутро без да мрдне. Само трпение. Поздрав мои изморени и повампирени мајки ;) :)
     
    На Maja z му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.637
    Ќерка ми има 9 години. Како бебе беше жив ѓавол. Од 24 часа 22 плачеше, а 2 спиеше. Денес кога ќе видам дека спие, одам на прсти по дома...не дека ќе се разбуди, туку затоа што толку многу сакам да ја гледам како спие како божем сега да го надополнуваме изгубениот сон :D .
    Ми текнува кога ќе се приберевме со сестра ми од шетање по дискотеки , татко ми веќе во 9 сабајле беше на врата и викаше - устај војско :lol: . Јас си имам ветено (а еве и јавно) дека освен за во училиште НЕ ЈА БУДАМ ПА СВЕТОВ НЕКА СЕ ПРЕВРТИ. ;)
    Муабетов ми беше - ни бајачки, ни гатачки...ништо непомага. Детето е такво и тоа е. Можеби само би можела да пробаш да не реагираш кога ќе се разбуди. Прави се дека спиеш. Од спална подалеку неможе да оди ( затварај врата :) ) а и во спалните обично немаме работи со кои би се повредило детенцето (ако имаш тргај се).
    П.С. Моево сонценце како да имаше детектор во убавото главче за :coffee: , а сварев кафе - она ;(
    Ви посакувам убаво сонче |-)
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.069
    Пол:
    Женски
    Спиење кај бебињата

    Колку спие вашето бебе? Дали понекогаш го менува темпото на спиење? Се буди ли навечер да цица?

    Ќерка ми легнуваше да спие претходните денови околу 3 ипол часот навечер ( што мене ме нервираше искрено )и сабајлето ке се разбудеше во 2 :|
    Вчера ја легнав во 12 часот и си спиеше ( но претходно ја оставив будна 7 часа иако и се спиеше.. :!: ) се разбуди навечер да цица ама како што се вика во сон :D и денес стана околу 11 часот што е по добро него во 2 како што правеше...
    А преку ден спие околу 5 часот и се буди околу 7 и толку значи еднаш дневно.