1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од lolyta777, 18 јануари 2011.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Јас неповикана да се вмешам. Не се работи за "различно дете", туку помеѓу 19-24ч се лачи хормонот за спиење. Тогаш треба да заспиваат децата за здрав сон. После 24, до 5 утрото, целосно се губи металонинот од организмот и "друго" е спиењето. Затоа се согласувам со Анат, дека во 21.30 треба да спијат децата.
     
    На M&M, Annath, sofi2107 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.782
    Пол:
    Женски
    И јас така знам. Мојов пред неколку месеци сам помести да заспива во 10 па сега малку по малку враќаме време на легнување за по 5 минути за да може да го вратам на 9 како што заспиваше пред тоа.
    Мислам дека е малку спиење од 12 до кај 7 за деца (кога би требало да станат за градинка нели).
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.761
    Пол:
    Женски
    А како со сила да заспијам дете :) сум пробала да гасам светла, да легнеме сите заедно, он не, станува, рипа врз нас, кога беше помал плачеше. И рано да стане, и касно да стане исто е, порано од 22 и 30 нема легнато.
     
    На anastasijaki и TheSecret им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Претпоставувам се работи за навики. Зависи преку ден колку спие, колку е активен. Ако не спие навечер, мора преку ден да надоместува.
     
  5. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.888
    Тоа со раната вечера и раното легнување е точно.
    Мојот вечера во 6 и 30, а во 7 и 30/40 е легнат и спие до сабајле до 7. Ако збориме што е најправилно за децата, вака е најправилно но се разбира лесно е за некои од нас да кажат кога немаме проблем.
    Мое мислење е дека тие навики се прават,односно родителите ги прават од 3та,4та недела од раѓањето. Ако вака рано се почне, со упорност, проблем мислам ќе нема.
     
    Последна измена од модератор: 23 март 2018
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.761
    Пол:
    Женски
    Активен е премногу, не седнува на едно место, за спиење преку ден секогаш различно, некогаш саат време, некогаш три саати. Секако имам пробано, зборував и со педијатарот, имаше периоди кога легнуваше во 1 -1 и 30 по полнок, и кажувам, вика ништо такво е детето што ке му правиш , таков беше и помал. се секавам лани на 5 месеци, 1 саат по полнок , мене рака ми падна од лулање во количка он ококорил очи абер нема да спие(facepalm)
    Мислев само моево е вакво, ама кога почнав да се распрашувам гледам и други ко моево има.
    И @Lorins го има/ше истиов проблем со спиењето. Некогаш се дружеа до 2 по полнок (facepalm):lol:
     
    На Igle му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Премногу уморни или премногу одморени дечиња не спијат навечер. Што знам, не е мое да судам, ама верувам тоа се навики, а навики се создаваат.
     
  8. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.761
    Пол:
    Женски
    Он си спие, не се буди навечер,10 саатии сврзува сон, некогаш и повеке.
    Му наметнувам навики за здрава храна, му наметнувам навики и знае дека треба запчиња и рачиња да мие, ама навика за спиење на 5 месечно бебе ете како би наметнала ти, или навика на поголемо ко моево, гасиш светла, мижиш, кутиш, и кога ке видиш ти пред него си заспала.
    Ако имаш некој совет сподели го, би бил од помош.
     
    На TheSecret и Black girl им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Јас откако е родена секој ден во исто време ја легнувам. И си знае веќе дека тоа е време за спиење. Снаа ми со внуците исто така правеше. Ете ги, пораснаа и во 20.30 се во кревет. Децата тежнеат кон рутина, повторливост.
    Преку ден бебе едвај ми спиеше. Почнав на секои 2 часа да ја успивам. Прво нишкав, (некогаш и по 20-30мин) сега си знае - кога одиме во спална, одиме на спиење :) Фаќа цице и спие.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.253
    Допаѓања:
    124.714
    :clap:Bravos majka...mojava sto sakas pravi i ide 00.00 i posle znae deka e vreme za spienje:whew:
     
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    И јас се прашувам како со сила да заспијам дете. Да и кажам, ајде треба во 21 и 30 да легнеш .Не разбира. Сум пробувала од раѓање во 20 часот да заспие, ама пишти ко да ја колеш. Кога не сака, не сака и тоа е. И што ако заспие во 23 часот. И моето ќе порасне и вашите.
     
    На babyane18 и mariz им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Ако е тивко, мирно, изгасени светла, со тек на време ќе фати ритам.

    @Black girl никој не кажа дека нема да пораснат. Дур спијат децата многу процеси се случуваат и затоа здравиот сон е многу битен за развојот. Од тие причини јас сум посветена на спиењето на моето девојче и ми беше битно да имаме добар дневен ред. Секој си знае и одлучува за своето дете. Сепак, постојат некои неспорни научни факти кои мора да ги прифатиме.
     
    На Annath, mal.ecka и NarCis@ им се допаѓа ова.
  13. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    Мое искуство со не/спиење на дете :) Се прави рутина кај деца, само треба мноооогу трпеливост и време, затоа што кај некои деца тоа оди побрзо, кај некои побавно. Ќерка ми е од втората група. Таман ќе ѝ направевме ред, таа ќе се разболи, а затнат нос особено ѝ правеше мака со спиење. Е после оздравувањето беше хаос. Научена покасно да заспива и нормално покасно да станува. Враќањето во колосек беше по овој ред: секој ден во исто време вечера, се гасат тв, телефони, се тргаат интересните играчки од видик и се почнува со припрема за спиење. Значи туширање, миење заби, облекување пижами. После се гасат сите светла дома, а во спална тројцата спремни за спиење и со пригушено светло се читаат омилените сликовници. После се гаси и тоа светло. И спиеме (као) :) Се разбира дете не може да заспие, се вртка, мртка, тртка саат, два некогаш, па станува сака во дневна да си игра. Ама таму сѐ е темно и плус спуштени ролетни. Недела дена така, на крај се предава и секој ден заспива сѐ порано и порано. Исто што направивме, брутално беше :tmi:, кога спиеше до 12ч., тоа ноќното спиење, ја разбудивме во 9ч. со спремен појадок и директ во кола на шетање. Плачките беа неподносливи дома, ама после се смируваше. На пладне кога сакаше да заспие, пак во кола, некоја блиска релација, да нема време да поспие и пак на шетање. И така сѐ до наредно затнување нос и после сѐ отпочеток. Дете, друго дете кога легнува порано. Она си ги спиеше истите саати, ама легнувањето порано ја правеше некако посмирена, повесела, баш друго дете.
     
    На tina-63, Annath, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.910
    Допаѓања:
    135.381
    Пол:
    Женски
    Јас сум за рано легнување на деца, преку недела гледам максимум да се докај 9, 9:30 во кревет со тоа што големиов заспива одма на малово му треба минимум 1 саат кога и да ја легнам, што мене лично ме нервира ама ете не се менува. Важно не се буни се спрема за спиење лежи во кревет и се вртка тртка збори едно пола саат до 40мин па се стишува и уште некои 20мин и требаат додека се заспие убаво. Преку ден па заспива за 20-30м. Со сила не можете може да ги заспиете, само ќе кажам јака ви душа на тие што ви седат децава до 12 и повеќе, јас не можам толку да издржам. Може навиките на родителите некако несвесно се пренесуваат на децата, ние генерално порано легнуваме и рано стануваме па сме го пренеле тоа и на децата. За возрасен не е здраво да заспива после 12 не па за дете, барем тоа е мое мислење
     
    На kukla21, mal.ecka и NarCis@ им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.023
    Допаѓања:
    198.958
    Пол:
    Женски
    Ви ја читав дискусијата погоре.
    Факт е дека децата треба рано да легнуваат, објаснето е зошто. Во принцип, генерално кај повеќето имам забележано дека децата го прифаќаат биоритамот од родителите - ако тие се навикнати доцна да легнуваат (околу полноќ или после тоа) и децата ќе бидат такви.
    Ви легнуваат касно, затоа што ви стануваат касно. 10 часот наутро, т.е претпладне е веќе доцна за спиење. Човечкиот организам има биоритам да функционира на дневна светлина, т.е да биде активен од рано наутро, а ноќе да спие.
    За сите што имате проблем со касно легнување - наутро будете ги децата во седум, и вие со нив да станете, колку и да ви се спие. Дневните дремки распоредете ги зависно од возраста, со тоа што последната дремка да биде најдоцна до три попладне (зборам за деца). После тоа да не дозволувате да спијат. После неколку дена и тоа како ќе си фатите ред на легнување во 9 навечер, само мора да се издржи.
    Ако не ги научите самите на спиење кога треба да се спие, ќе имате проблем кога ќе дојде време за градинка/училиште. Утрата ќе ви бидат многу стресни, ќе плачат бидејќи тешко ќе се будат, нема да ви стануваат, нема да сакаат да одат никаде. За да го избегнете тоа, почнете со воведување ред од 2-3 месец, ако не од раѓање.
     
    На JoyJoy, kukla21, *Лорена* и 2 други им се допаѓа ова.
  16. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    И јас сум за рутина не само за спиење,туку и за јадење. Мојава прилично смени овој период...сега стануваме во 6, 6 и пол по ново време (во 5 и пол по старо (facepalm)) пред мене е станата :rofl:, ама не се жалам мирна е, не ме разбудува....оди си зема книга и си раскажува на слики што гледа...ја слушам и полека се расонувам.... и мене убаво ми иди. Преку ден ја легнувам околу 13:00 (спуштам ролетни и одма си заспива) и се буди околу 16:00 (претходно спиеше од 15 до 18 и легнуваше доцна навечер)....сега навечер 21-22 сме легнати...и јас со неа заспивам (гасам светло и тв си пуштаме, вели мамо гушни ме...пред спиење секогаш се гушкаме и заспива без проблем). Време за читање книги посебно немаме...преку цел ден 4-5-6 (колку сака) пати читаме, раскажуваме, коментираме...многу сака книги.

    Сме немале некој проблем со спиење, од година цела вечер си преспива...ама од старт рутина гледав да створам (и за неа полесно и за мене).
     
    На M&M и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    46.946
    Пол:
    Женски
    Моево и во 6-7 да стане, а станува рано многу често, не легнува во 9 или 9 ипол навечер, 11 да си легне ми е премија :D Мм си легнува со петлите што велам јас, но јас не можам рано да легнам, можно е од мене да има прифатено јас кога и да станам навечер рано не легнувам :|
     
  18. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.833
    Допаѓања:
    28.323
    И мојата поголема ќеркичка касно заспива, одсекогаш е така. Кога не одеше на градика заспиена беше околу полноќ а стануваше во 9-10 сабајле, дење спиеше од 13 до 15 часот. Цел ден активна, весела и среќна. Усогласени ми беа и оброци и спиење и шеткање.

    Кога тргна во градинка очекував да се сменат работиве, ама скоро незабележливо се променија. Станува пред 8, џабе легнува во 22:30 кога заспива покасно, секако после 23. Лошо е што во градинка има кратка дремка од околу 45 мин, а има потреба од повеќе спиење. Јас мислам дека малку спие, особено во последно време и гледам дека е нервозна и ненаспиена. Треба да ја легнуваме порано, ама искрено кај нас во 21 часот атмосферата дома воопшто не потсетува на време за спиење. Напротив, баш ни е живо тогаш. Се спрема вечера, се јаде, па се бањаме, играме, јас дел од обврските ги оставам баш за тој период од денот па знам и да зачистам нешто, може и музика да пуштиме... Така е затоа што ММ најчесто касно се прибира од работа па тој период пред спиење е единствениот кога може да се дружи со дечките.

    Така да, не се криви децата, ние си ги научивме така па затоа касно легнуваат. А треба да смениме нешто, знам! Искрено, едвај чекам дадичката да биде доволно голема за да го мине денот без дремката дење, ама да може да го издржи денот расположена. Она и сега може без да спие дење, ама е страшно нервозна!
     
    На kukla21, alana и NarCis@ им се допаѓа ова.
  19. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Секое дете треба да има здрав и долг сон во текот на едно деноноќие,тоа добро со знае.
    Но јас лично,не верувам во тн. patterns или редослед како тоа треба да се одвива секој ден.
    Од една проста причина,постојат многу причини за тој ред како што милуваме ние да кажеме,биде прекинат и цел биоритам да се наруши.
    Сум се трудела да има ред и на јадење и на спиење,но на крај секогаш сум сфаќала дека е човечко суштество и моето дете,а не робот.
    Ќе јаде кога му се јаде,ќе спие кога му се спие и колку му се спие.Се раководам по мене,јас сум имала денови не сум можела да спијам воопшто,сум имала денови ништо не ми се јадело.
    Па што е тоа дете поразлично од мене,што ако прескокне еден оброк,што ако легне малку покасно?
    Е сега,не сум ни јас да се надмине полноќ освен ако не е болен па да мора да бидеме будни или неможе да спие.

    Се на се,неможеме од тригодишно дете да бараме да спие по 16 часа,кога толку спиеле како бебиња.Се знае,времето полека се намалува.

    И уште тоа што има природни нејадачи и неспијачи,и тоа си е така.По примери знам многу.
     
    На a.c.k.a и CurlyBlossomGirl им се допаѓа ова.
  20. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.438
    Пол:
    Женски
    Ајде секое дете е различно ама моево изгледа уникат.Добро мајки дали е нормално да спие вкупно 10 саати заедно со дневната дремка на година ипол???Од бебе беше неспијач и си остана таков.Година ипол си легнуваше во осум најкасно девет и наеднаш недела дена легнува во 22:30 а си станува во седум