Како јас да сум пишала, ноќното успивање ни е цели ритуали Само мојов уште цица, со страв у петици сум ако го одбијам е тек тогаш како ќе го успијам, ама изгледа ќе биде, избрав и ден, па ако се веселиме до ниедно време, нека помине и тоа Баш како Лоли што вика он кога треба да спие е најактивен, трчи, вика, скока, тогаш не е ни кенкав, сам се заигрува, боже сачува светло да изгасиш, одма рика и рика и рика и вади солзите.. Скоро па секогаш се успива гледајќи цртан, само така успевам да го убедам да седне @Lolipop1983 не се плаши мојов од ништо, од полиција најмалку, они му се хит, спомни му полиција и одма очите 5 банки и ги носи полициските коли и тракатанци Ниту од темно се плаши, ниту од меца или што знам, а и против сум да му набивам страв, што знам, ама у вакви случаеви може и треба, може некој Мирко да изделкаме иако кога го караме и он не кара или пак ќе извади солзи и иди па смири го Уствари има страв, мама да не му се изгуби од видик А натрчан е денски, денот е турбо, цело време е надвор, нашетан е, скока на трамболина, ограничив дремка на 2ч и по 14ч не давам да спие. И џабе, пак пред 22ч не заспал, уствари ни 22ч не е, туку подоцна.. Станува, будам у 7.30ч.. Јас мислев напрвавив фрка што летово му сменив ред за да заспива покасно, бидејќи у 20ч заладуваше, па не ми идеше тогаш да го пикам у кревет, а и ден е сеуште.. Но по сите планови и шеми сватив дека е некоја фаза, еве ве читам и вас па веќе сум сигурна дека е фаза А додека на денската дремка се комира за 5минути Пробав и да не дремнува, но многу е нервозен, ужасен е, не издржува да досеси ни до 19.30ч.. Каква и да е фазава само нека заврши, аман, а што убаво почна сам да си се успива, сам ме носеше у детска и вртејќи се низ кревет си заспиваше. Море сега у детска не дај боже да го пикнеш, само у дневна заспива
Емче не си ме тагнала добро и не ми стигнало инвестување. Дефинитивно е период, твојот малку порано го фатило, ама мислам и јас дека е од тоа што си му сменила ред. И синко сега ако не легне кога ќе му дојде времето, нпр кога сме излезени или кога имаме гости и кога ќе му помине сонливоста, може до полноќ да седи. Затоа јас сега и во 19ч да му се приспие го легнувам. Инаку во последно време и ретко преспива преку ден, дали 1 неделно, може и тоа влијае.
Не знам што да кажам, као се трудам да погодам време кога го фаќа дремка, ретко идеме и сме со гости, а му се спие, знамда му се спие, ама нешто го јаде од внатре и изведува фестивали до ниедно време Вчера имавме концерт, пола саат пееше аиаиаи ауауауау аоаоао и се врти у круг, шета на прсти, цупка у место апред тоа као си легнавме и као дремаше, ама наеднаш рипна.. И јас као Вики, некогаш се осеќам баш очајно
Таа е визраста Лоли..мојов е 2 години 4 ипол месеци..од ништо страв нема како Емче шти кажува..ни полиција,би затвори,ни доктори..мада со ова не ни сакам да плашам зошто недај боже кога ќе треба на лекар хорор ќе биде..матичната ни р супер и затоа за него доктор е ок денски почесто спие..ама дури трае фазава и се случува да нр спие..ама па затоа околу 19ч е боже мој..ама не сакам да му кратам денско сега,форсирам зошто ќр почни во градинка од среда...а таму подобро е да дремнува..и тоа ме плаши..и градинката ќе даде некоја реакција како одбивањево..маж ќе оди на пат..што ќе правам сама стварно не знам.. а супер ред имаше инаку 22ч мах во кревет до 08.30..со едно преспивање од 1,5-2ч...
На темата сум и јас да се пожалам од мојата 20месечна лигавешка! Обично ја фалам дека убаво си спие од бебе, не сме имале некои проблеми! Заспивањето е касно после 22, ама кај нас тоа е ред кој одамна си го имаме па и ни одговара, спие до 9 (некогаш и покасно) сабајле. Се заспиваме во раце, и само во раце... тешко, ама за 10минути е комирана... уствари беше до пред некое време ова вака, сега ми смени! Сега се разбдува навечер и плаче, бабааааа.... татоооооо... дадааааа.... Од памет ме вади кога ќе винке на цел глас у среде ноќ! Нудам вода, па и сокче... ај ќе се подзанесе и после некое време пак... дадаааааа, дедоооо... И што и текнува вака да ми прави? Секојдневието ни е нормално, уствари стално е напнато со две мали деца по дома, ама не нешто да плаче и се нервира дете, напротив јас се напнувам за они да си се спокојни! Наиграни, прошетани, најадени, избањати, изгалени... Ама џабе, си се буди со плачаење чиниш ја боли нешто, неколку пати во ноќта. Додуша поплачува и продолжува, не се расонува. Плаче во сон! А когаќе стане од спиење порасположена од неа нема, се гали, гушка, па си игра... Се најнормално! Имал некој искуство такво? Месец време наназад сме така? Мислење? А инаку дење ми спие по 1,5 саат и нема будење со плачење!
I kaj nas imase takvi periodi i seuste znae go napravi toa nesto samo poretko. Ke pomine ne e strasno.
Отворив да се жалам и јас па ќе ти реплицирам.. Иста е... 2 години има. Дење е ок, ама затоа ноќите се хорор. Заспива во раце, само ја држам а таа ме гали за лице. Се успива без некој подебен проблем, зошто научив дека ако не се успие сега, со сила нема туку ќе се успие за 10 минути многу побрзо. Спие 1 час убаво и почнува хоророт. Вриштење, превртување, ме бара, па ме бутка, па се дере, зарипнува... ја смируваш и за некое време пак од почеток. Дури 2-3 пати ми има повратено и качено тт од вакво рикање. Некогаш сум смирена, некогаш ни сама не можам да се поднесам. Ја прашувам те боли ли нешто? Те тепа ли некој? Те уплаши ли некој? На се е одговорот не со страшно викање и плачење. И тек кај 5 се смирува и заспива убаво. Станува весела кога ќе се разбуди сама. Ама кога ја стануваме ние исто рика дур се расони. Јас живци немам. Толку ми е нарушен сонот што не можам ни да се успијам. А кога е во градинка ја пак не можам да спијам и да поврзам бар саат за да одморам. И сва среќа што сум дома, оти не знам како ќе беше да требаше на работа да одам. Многу пати си велам дека јас сум ненормална, зошто не очекував дека толку ќе бидам нервозна. Она е се супер, ама ете спиењето и е такво. Од бебе што од 2 недели си спиеше супер до некаде 10 месеци, сега е хорор. За тантруми да не зборам.
@Цвет88 колку време сте така? Од кога започна да спие немирно и да се буди со плачење? Мојата бебка супер спиеше, од новороденче супер спие, некогаш не се ни будеше а некогаш само еднаш во ноќта. И сега наеднаш се буди со плачење, ете преку ноќ смени. Па затоа барам причина што предизивкала да и се изремети сонот така наеднаш. Цел месец се буди со плачење неколку пати во ноќта (3 -4 сигурно) плаче со затворени очи - мамаааа, бабааа, дадаааа... и за пола минута си легнува и заспива пак. ММ вели сонува и ништо не и е штом продолжува да си спие без да се расони и се буди расположена! Може и во право е, кој знае! Туку синоќа ни еднаш не се разбуди, за среќа!
Почна од кај 10 месеци. Ама тогаш беше поретко. Само кога вадеше заби. Додека цицаше до кај 14 месеци пак се тршеше, ќе цицне и ќе се смири. Или ќе се разбуди ќе поигра и пак на спиење. Не плачеше толку. Кога почна да вади 3ки. Некаде кај 15 месеци мислам почна хоророт. 4 месеци немавме 10 мин сон сврзано. Па еден период намали со вриштење, ќе закенка ќе побара чај млеко, зависи од фаза и продолжува. Па пак една тура плачки.... и еве сега 3 или 4та... последен пат ја држеше 2 недели. Сега ќе видиме. Иначе не спие секако по цела ноќ. Мора да се јави да заплаче. Ама тоа не ми е тешко, ќе ја гушнам погалам и готово. Туку ова со вриштењево. Душа немам. Плаче се тегне, не можам да ја додржам. 12+ кг е и тешка ми е. Тешко се смирува. Наводно вади 5ки. Па ќе видиме. Дали ќе се потсмири после нив.
Ноќен терор е ова. Индивидуално е колку трае, кај некои кратко, кај други подолго. Има тема на форумов, побарај ја.
Јас пак... нашево место да се смирува, се полошо е. Дење е пак подносливо. Само дома се треска и плаче. Надвор досега проблем не направила. Ама ноќеее... луѓе, почнувам да плачам и јас со неа. Не ми личи ни на тантрум ни на ноќен терор. Збори, се кара, не сакам , дај, таму сакам, ваму сакам, млеко скаам, не чај сакам.... вришти намерно со сила колку што ја држи глас, дур не зарипне. Наводно се плашела да спие во нејзиниот кревет, што нема врска, и до мене кога е се понаша исто. Ај си викам 5ки избиваат... ама не.. не заспива дур не и падне главата сама, па заспива седејќи. Сонот цврст 40-60 минути, после плаче по цела ноќ. А вака преку ден, кога ја гледаат, умна, фина, паметна, културна, се збори, се разбира, па никој не ми верува со што се соочувам. Пак поврати ноќеска од плачење... Ништо не помага, ни б6, ни калма б, ни мелатонин, ни хомеопатакиве што и ги давав, ништо... Докторка рече да зголемиме вигантол на 3 и една бебитол со омега.... Ќе полудам више. Плаче она плачам и јас, стенкаше дури ноќеска.
Ова се напади на бес и хистерија.Потиснува некоја емоција што незнае да ја искаже вербално.Користи time-out техника.Изнеси ја од собата каде што плаче или излези ти и остави ја.Не ја земај во раце.Пробај да игнорираш колку и да е тешко , а тешко е верувам мн.Или крајно испрскај ја малце со ладна вода.Да се ‘прибере’ и освести каде е.Она у тој момент не те перцепира ни што и збориш ни што правиш.Имавме ваква фаза месец дена траеше.Баш не фати Банско на зимување.Мислам дека малце фалеше да не исфрлат од хотел ради нејзиното рикање со часови во текот на ноќта.
Се е пробано... секакви техники.... Кога ќе ја ооставам и излезам останува без воздух помодрува, се гуши.. се тресе... Некогаш успева само со шшкање... ама почесто ништо живо не помага.
Имаме и ние со детево периоди кога по 5 пати станува навечер, инаку по еднаш скоро па секоја вечер, бара вода, ако дадам ок е, се смирува, е ако не дадам, добивам сирена, како онаа што најавува бомбардирање. Инаку се изнасмеав за мамаа, бабааа, дада.... зошто и син ми кога не му давам вода уз сирената вика, атобууууссс, каиооонн, аиоонннн, мотоииии....
@RedRevolution за среќа и кај нас било само период, па за еден месец мина и ете сега пак нормално си спие. Таман се пожалив и бебе одма си го нормализира спиењето. Се подразбудува некогаш па се префрла кај мене во кревет ме гушка , и продолжува да спие. А се плашев дека ќе трае ова будење со плачење навечер, ама во право беа феминките дека се ноќни терори кои се надевам нема да ни се повторат.
Како да го одвикнам од нишање кажете зошто готово ќе се скршам на пола. 15 кила е и в раце заспива, ама да е 10-15 мин ајде, ама по 1 сат најмалку, некогаш и појќе, веќе не можам да издржам, дури се чудам како му е убо така како не му е поматен умот. Јас го нишам тој ме гледа, околу си разгледува, а очите му паѓаат за спиење. Му пејам песни, па одбира не таа, друга, ако му раскажувам приказна 100 прашања ќе ми постави или ако сменам некој збор одма ме поправа. така пак цела вечер му треба. Ќе легниме заедно в кревет, се врти, скока, се смее ко тогаш да станал од спиење. После ќе побара во креветчето, и таму да го нишам пак по 1 сат стојам над него и грб и се ми се искриви, 10:30-11 нѐ фаќа, прекасно е. Пробав денски да не го заспивам ама така не се поднесува цел ден плаче рика за глупости буквално и вечерта пак ќе вика не ми се спие. Каков ви е вашиот распоред? 2 години и 1 месец е моево, станува 7-7:30, едвај и денски со молење заспива 12-1, до кај 15-15:30 и вечерта пак со молење и нишање. Од 9:30 се спремаме за да заспие во 11, а да го остам ќе си седи без проблем и нема да бара да спие. Ептен се испожалив ама веќе не се издржува, со месеци е вака, порано побрзо заспиваше без проблеми. Плус уште едно имам и тоа си бара внимание, навечер мора да седи в дневна дур заспие големово, а сакам да го фатиме редот од сега, не да слуша турски серии и сите светла во него.
Пробај да му речеш од вечер кој заспие прв утре добива играчка или чоколадо, ти скриј од старите играчки што не ги игра и секој ден вади му по една. Кај моето награди палат, ајде спиј побрзо заспиј утре ќе одиме кај баба, пример. Или пробај да го наградуваш, пример ајде да ми помогнеш да го успиеме бебето, утре ќе те наградам, пример давам, не мора да значи дека е тоа тоа. Јас не живеам во заедница, па затоа ми е полесно, кога гасам светло се гаси секаде и се легнува.
Без дневна дремка би требало да се нормализира вечерното заспивање. И кај мене денски ако демнат исто би било.