Дани од кога не предремуваат твоите? Матео не може без спиење и реално не ми е возможно пошто оди во градинка а кај нас во градинка МОРА да се спие нели.
Не се сеќавам веќе кај најголематаrofl околу 1.5 мислам беше. Денски ако дремнеше навечер до 23.00 фестивали. Одкако прекрати со дневното преспивање немаше драми. Средната околу 2. Не ја легнуваат и сега во градинка, таму не ни има класични креветчиња, по перници/душевни на подот спие тој што сака. Некогаш во кола на пат накај дома ако дремне пола час но освен раздразливоста кога ја будиме не и влијае на вечерно заспивање. Најмалото спие еднаш на ден по 1-1.5 час. Стануваат 07.15. Во 19.30 се повлекуваме за миење заби, облекување пижами и читаме првен книги. Околу 20.15 најкасно 20.30 сите три се заспани.
Летен период исто така рано заспиваат или покасно? Кај нас тоа рано заспивање се измести летото зошто до доста касно е ден и еве сега никако пред 9 ипол -10 да заспие, а и денска дремка да му скратам неможам станува баш плачлив кога му е време за денска дремка (саат до саат ипол спие).
И кај нас летото се помести заспивањето и сега пред 10 не е заспан. А исто денски ако не преспие цело време е нервозен, бара секакви глупости и плаче рика ако не добие. Планирам после Нова година да го пуштам во градинка, а таму обавезно има дремка околу 12, па се чудам како ќе се одвива сето тоа, се надевам барем тогаш ќе се одвикне од заспивање во раце.
Ќе станува порано за градинка, а и ќе се уморува повеќе во градинка. Инаку и мојот уште го носам во раце да заспие Ама полека го приметувам како му е неудобно па сам бара на кревет, а не знае сам да заспие па ни галење ни зборење помага и на крај пак во раце. Пар пати заспа од досада кога не му обрнувам внимание си читам нешто или само лежам до него, па сега таа тактика ја форсирам па ќе видиме дали ќе се одвикне од нишкање во раце. 22 месеци е и мојот не е мал воопшто.
Значи на иста мака сме. Абе и со игнорирање сме пробале и тогаш плаче за да го кренам. Ајде се надеваме да се средиме шо побрзо.
Нашиве исти спијачи беа. Јас ја одвикнав од раце. Лежам до неа и она се превртува, ме јава, се ушушкива и заспива.
Памтам, ама мојот до скоро и ноќе се будеше за млеко ептен го размазив Најголем проблем ми е што различна рутина има зошто мм работи во смени па кога он е втора и сам успева да заспие без носкање или кратко ептен го носкам во раце, сама си го фаќам редот повеќе. Кога е мм дома навечер тешко му го фаќаме редот.
Јас сум жива ненаспана. Бебе имав спиев како топ,сега се будам 5пати во ноќта. Или се отскрива вика кебе не, или збори во сон, или ќе стане седи во креветче се кара со некој во сон,или цуцлата ја бара низ креветче. Абе раат не сум. Искрено еве 2год е и не знам како да ја откачиме и цуцлата.
Каква цуцла користите? Од тие 18 +? Син ми сам се одвикна кога му купив 18+ не му беа погодени како помалите ќе ја стави во уста гледа дека не иде и ја фрла така 2 дена и толку беше. Ноќите се будеше да ја бара може недела до две. А за откривањето зашто не му ставиш вреќичка? Јас имам купено фатирани пижами од h&m ( и лани цело зимо со такви поминав) нешто како тенка вреќичка се во зависност од колку е ладно го дооблакам одоздола боди и тенки пижами плус кога е поладно и не го покривам зошто не трпи да е покриен.
Да, од тие цуцли, сега веќе каква ке и дадам таква пика во уста, мислев 5ки вади дека ја мачат ама абер нема да се откачиме од цуцлава. И со сенф ја мачкав и една и ја исеков, џабе. А за вреќа нема шанси да спие во неа,а доколку и облечам подебели пижами првите 3саати дека сме со парно ке се цеди од потење. Абе никако не сум...
Вреќичка за спиење, ем нема да се открива ем топло ќе и е. Моето ако нема вреќичка мрда, прета, се открива, ако е во вреќичка како го оставам така го наоѓам. Цуцлата еднаш отидовме кај мајка ми и ја заборавивме и толку беше.
Едноставно нема да даваш и готово. Мачето ја изеде или било која друга приказна. Ќе поплаче и ќе се помири. Син ми ја откачи на 1г ама ја цуцаше само за ноќно заспивање. Ќерка ми како растеше се повеќе ја цуцаше ако и е на видно место за на крај сама да почне да ја бара. По тоа заклучив дека нема веќе цуцла. Ја изеде мачето и по 3 4 дена пррстана да ја бара. Сега има веќе 22м
Од Стружанка, има едни по 850ден, со ракави ама ги вадам ракавите дека е дебело. Го вадам топол сабајле, многу му е убаво.
Od koga pocnaa da prespivaat cela nok vasite deca? 30 meseci sme uste cela nok nemame prespieno.Cicavme do pred nekoj mesec no sega se budime za sok,voda.. Isto nsmirno spie,kinka,se vrti.. I dali vi spijat denski decata na ovaa vozrast?
Оваа техника и јас ја пробувам, се миеме облакаме пижами, затемнувам. 2 пати побара да читаме и 2 пати да и раскажам приказна. Обично само ќе си легневме и ммижев, заспиваше до 8 макс. Сега буквално се бркаме. Се е супер до гасењето светло. После почнува, не сакам нанаааам. Па ај се лажеме не бе, само се гушкаме, па ќе ја совлада сон. Имаш некој совет како да со олеснам. Обично кога ќе ја гушнам и негодува и кажувам и се договараме за наредниот ден. Што и како ќе правиме. Слуша внимателно, одобрува и после пак, не сакам нанам. А само треба да се препушти и замижи, одма се успива.
Исто скроз. 2г и опседната е со цуцето. До 12м спиеше цела ноќ, од тогаш навака ретко да преспие цела ноќ... Ке се случи еднаш на 8,9 дена да преспие цела ноќ и јас од навика се будам и одам да ја проверам дали е ок (дека спие не се буди)
Еве 3 ден нема цуцла мачето ја лапна, само првата вечер како навиена цуцее цуцее и толку. Да знаев дека вака лесно ќе пројдам многу порано ќе и ја откачев. Фала на совет