1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од lolyta777, 18 јануари 2011.

  1. sneska80

    sneska80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Моето има три години и два месеца,обавезно преспиваме дење не му попуштам да не преспие иако вика дека не му се спие ке го легнам и ке заспие .Зимно време е повеќе е дома не се изморува многу и не му се спие толку преку ден а и ако го ставам така ден два да не преспие и страв ми е да не се одучи да преспива.Инаку и од бебе па до сега можам да се пофалам дека е спанко голем.Навецер немам проблем за станување иако знае малку да се подразмрда.сабајле станува во 9 го преспивам од 2 до 4 доста му е инаку мозе со пола саат минус плус да варира во денското спиење зависи помалку или повеке пола саат.Навечер до 11 седи и он со нас ама мислам дека и ние седиме до толку и он не е касно со оглед кога станува денски и по колку преспива,не го носам во градинка изапазен му е тој ред.
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ме интересира на која возраст почнавте сами да ги оставате децата да спијат во соба во текот на ноќта.

    Имено ќерка ми се` уште спие со нас во соба, ама на посебен кревет, и летово т.е. пролетва сакам да почнам да ја учам да спие сама. Има 5.5 год. и од септември ќе почне да оди на училиште и до сега ниедна ноќ не преспала без нас т.е. без некој возрасен (со мајка ми или со сестра ми спие кога е кај нив).

    Проблемот е тоа што сакам да ја учам да биде самостална, а од друга страна некако и страв ми е да ја оставам сама да не падне од кревет, да не се чукне, да не се исплаши, да не се отскрие во текот на ноќта па да и` биде ладно итн.... навистина сум во голема дилема. :(
    Од друга страна со мм зборувавме дека е време сама да почне да спие (нормално ќе и` биде отворена врата од детска соба и од кај нас и плус планираме да и` ставиме и столна ламбичка) ама свеки се мести да спие со неа.
    Значи буквално се мести и се меша во нашата одлука (иако и ние се` уште не сме сигурни како да постапиме) и без да се консултира со нас и вика на малата -баба сега да се стопли и со баба сами ќе си спиеме во соба, ќе го оставиме дедо ти.
    Мене ме фаќа нервоза не само поради тоа што се меша во наши одлуки и од сега и` ја полни главата на ќерка ми дека ќе спие со неа, туку ме нервира и тоа што во текот на сите овие години ниту една ноќ не се понудила да спие со неа од причина што малата се будеше во текот на ноќта, па следеа одвикнувања од ноќно будење и мочкање и сега кога таа ја преспива ноќта што би се рекло како трупче без да мрдне сега ќе спие со неа :^) ....а ниту една ноќ не ни рекла да ја земе кај неа, ниту кога сме биле болни или јас или маж ми ниту пак кога сме биле преморени, после неколку недели и месеци ноќи не преспани....Сега свекор ми се буди навечер (не можел да спие и и пали ТВ и неа ја буди), па ајде сега свеки се мести пак како неа и` одговора на г*от....стварно се извадив од такт.

    Како да постапам :?: ... дали извесен период да им дозволиме да спијат заедно (иако тоа свеки го прави од егоистички причини :devil: |( ) или пак да спие со мене па после некоја ноќ сама? ...или пак ако спие со мене може да се навикне со мене да спие и после и од тоа да се одвикнуваме. :(
    Секој совет би ми помогнал.
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Лолита, немам дете на таа возраст (значи ова што го одиш допрва ме чека :lol: ), ама еве теоретски некое мое размислување :)

    Мислам дека не е поентата детето да си го „извадиш“ од соба за да и` го „предадеш“ на баба и`. Може да добие погрешна претстава - дека баба повеќе сака да спие со неа отколку мама и тато - посебно што гледам дека си трудна, па ќе дојде нов член на кој ќе му треба реално повеќе внимание....

    Јас би ја ставила сама во соба, и тоа со приказна во стилот „Мамичка, ти си сега големо девојче и треба да си имаш своја соба која ќе ја уредиш како ти сакаш :) На пат е батко/дада, и пошто тој/таа ќе е многу мало бебе, ќе мора да спие со нас. Кога ќе потпорасни, ќе го/ја испратиме кај тебе, за да го/ја научиш како се спие како возрасен. Сега ти треба да си пример за бебето“.

    Или би „пуштила приказна“ како ќерка на некоја пријателка решила сама да спие во соба, си лепела какви сака постери и тапети, си цртала на ѕид што сака и си спиела во свој кревет. Па така, полека полека, ќе и` го наметниш прашањето Дали сака да ја уредите собата? - па после ќе дојде и ред на спиењето :)

    Толку ми текнува во моментов, сепак не зборувам од лично искуство туку теоретски и од она што гледам околу мене. Со среќа во секој случај!
     
    На Annath и lolyta777 им се допаѓа ова.
  4. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    За спиење сама според мене е веке доволно голема за да спие сама еве јас ке ти кажам еден пример..имам братучедка која има скоро две годишно синче..значи така го научила тоа е чудно на пладне во 13.00 го носи во соба детска го става во креветче и си излегува,ова ако почни да плаче онака полека дада ми си излегува и детенцето престанува и си заспива..навечер во 20.00 исто така ке го остави и си нема гајле ама така уште од бебенце е научено..нема ни шетање па нишкање,па нејке да спие..се знае...а додека друга братучедка до полнок води војна со иста возраст детенце за да заспие...се е до навиката ..т.е како ке го научиш од мало...инаку за ова што се мешаат бабите и мене мн ме нервира јас и дечко ми уште од сега се договоривме дека сами ке си ги воспитуваме и нема да дозволуваме такви работи..па да влијаат лошо на децата..оти според нас како ке си ги воспита родителот никој нема ..оти бабите и дедовците секогаш ги размазуваат се по кејф ааа не ..така неможи ..мора да се има еден ред и дициплина и да се знае кое ,што и кога се прави.
    најдобро е сама да си ја научиш да спие оти кога ке ги нема старите а вие ке морате некаде да одите ..кој ке ја чува а таа не научена сама да спие ..ке се ставиш во мисла..
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Јас сум за спиење сама. Без свеки, кроки, или било кој. Ќе се навикне. Голема е, мислам дека до сега си требала да ја оставаш да спие сама :?:
    Ако свеки порано не се нудела, што ќе бара сеа? Или како што кажа ти, си го мести г*от неа како и одговара? :devil:
    Јас сум за отсечно НЕ за свеки, и за големо ДА да ја учите сама да спие. Колку порано, толку подобро.
    Плус, на пат ви е второ дете, како ќе биде кога ќе се роди? Навечер може ќе плаче бебето, а дада ќе сака да спие. :)


    Да не ја повторувам Моира, се согласувам со нејзиното мислење.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Моето само спие од 2 месеца. Да, ме направија луда и ненормална ама ги видов маките на братучетка ми која после одвај го оддели од нив за спиење.
    Е сега нормално го проверував а бидејќи собите ни се една до друга се испраксирав и кога се заврти знам на која страна се врти :) . Сега за сега се буди само еднаш во текот на ноќта
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Никако не и дозволувај на свекрвата да спие со малата, така никогаш нема да се навикне сама да спие во соба.
    Полесно ќе се навикне малата ако и дозволиш да учествува во средувањето на собата, кога ќе знае дека е таа само нејзина соба, вака со свекрвата нема да биде нејзина соба туку заедничка.
    Ако учествува во декорирањето ќе се чувствува како голема девојка, ќе се фали на другарчињата со своето царство, а со свекрвата во соба може да се чувства како отфрлена, како да нема место за нејзе во вашата соба, сега со новото бебе.
    Јас да сум не би дозволила никако да се меша во ваква одлука, тоа е само ваша родителска одлука, како ќе се навике да биде самостална ако постојано има некој до нејзе.

    Мојот син спие од прв ден сам во соба и ете го ништо не му фали, на брат ми децата исто од прв ден во посебни соби спијат.
    Внук ми е 5 години и кога му доаѓаат другарчиња право си ги носи во неговата соба, а бидејќи си знае дека е негова собата си ја средува без многу молење, онолку колку може 5 годишно дете да среди, важно си ги враќа играчките на место :lol:
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Браво славица, да можев истото ќе го направев :up:

    Лолита, можеш во прво време да поставиш една камера од тие бејби видео алармите кај малата во соба, чисто колку да знаеш во секој момент што прави и како спие, за да си поопуштена :lol: Откако ќе се осигураш дека е безбедна - префрли ја кај малото :rofl:
     
    На slavica999 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Многу ви благодарам на мислењата...и моите мисли се движат во тој правец.

    Се согласувам дека не е работава ај сега од кај мама и тато да одиме кај баба, ама женава е упорна и упорна и си се мести, самата и` зборува дека заедно ќе спијат до тој степен што и детево почна да ме прашува кога ќе спиела со баба и` и јас сега сум во средина и треба да изигравам баба Рога, јас да сум лошата што не ја пушта да спие со баба или пак не ја сакаме доволно па ја бркаме.
    Пред да почнат муабетите за спиење со баба и` објаснував дека кога ќе ја средиме собава (се спремаме за кречење и некои ситни поправки) сама ќе спие, дека ќе имаме бебе кое ќе ја буди ако плаче, а таа треба да биде одморена и наспана за на училиште или пак некогаш јас со бебето ќе спијам во детска, а таа со тато или обратно сл. муабети, така што почна да се привикнува на помислата сама дека ќе спие и сега г-ѓава се меша без никој ништо да ја праша и детево ми го збунува :@
    Да напоменам дека креветот во детска е нов и е кога ќе се спушти е голем и комотно можат тројца да спијат и знам дека намерата и` е да си спие поудобно, а не дека ептен нема детево со кого да спие. Ако толку се секираше за неа можеше на пр. да ја земе кога бев мртва болна и грипосана со 40 температура, ама тогаш малава се будеше за сокче и нормално не се понуди да ја земе....дури и кога сме оделае на свадба без малата сме се враќале порано за да си ја земеме во соба и да ја успиеме :!:

    Со мм разговаравме и рече дека на мене остава, како јас ќе кажам така ќе биде, со тоа што и тој повеќе сака сама да спие отколку со баба и`....дури и рече дека тој ќе и` речел на мајка му дека негова е идејата сама да спие, дека е голема и решен проблем.
    Ви благодарам на сите, ми ја решивте дилемата. :clap: :clap: :*
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    130.722
    Лолита, моите деца почнаа да спијат сами во соба кога ќерка ми имаше три години, а син ми 9 месеци. Претходно немавме можност, сите спиевме во една соба, бидејќи спалните не ни беа направени.
    Воопшто немав проблем со навикнување, ни со едниот ни со другиот. Можеби лесно се навикнаа и затоа што двајцата се заедно во една соба, ама некако нормално го прифатија тоа, без никакви приговори.

    Ќерка ти е веќе голема, и дефинитивно треба да ја издвоиш. И тоа мислам дека подобро е порано, ќе имаш бебе, да не почувствува љубомора ако се погоди нејзиното издвојување во посебна соба со доаѓањето на бебето. Никакво спиење со свеки, нема зошто да спие со неа, и објаснете и прво неа дека сакате детето да се осамостои, и не е поентата некој да спие со неа. Мислам дека ни ти не би требало да спиеш со неа, туку прво подготви ја со разговор дека е голема, дека ќе си има своја соба како големите деца, купи и нова постела, некоја што сама ќе си ја одбере за новата соба, направи и филм да гледа на тоа како привилегија, а не да се чувствува осамено.

    Во однос на паѓање и слично, зависи детето колку мирно спие. Јас на моите кога им купив големи кревети, им ги оставив душечињата од бебешките креветчиња, и им ги ставам до нив, ако паднат - да паднат на меко :). Иако на син ми не му се случило, а на ќерка ми само еднаш, ама многу немирно спие. Последниве 2-3 месеци веќе не им ги ни ставам. За откривање - моиве спијат во вреќи, макар што малиот (исто така има пет години) често знае да си ја извади и да се покрие со јорган, зошто му пречела, и не се случило да се открие и да настине до сега.

    Едит: веќе си донела одлука, ама нека стои мислењево, може ќе му се најде на некој друг :)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Благодарам Ариел, навистина ми значи и твоето мислење со оглед на тоа дека веќе имате две пораснати дечиња и добивам идеи како да го решам проблемот со отскривањето и евентуалното паѓање (супер ти е идејата за душечето на подот и паѓањето на меко). :clap:
    Инаку и мојата спие немирно и знам и очекувам дека ќе има паѓања од кревет и отскривања затоа што неколку пати јас ја покривам кога ќе се разбудам и гледам се склупчила како глувче од што и студело иако спиеме во затоплена соба, а не на ладно, ама спремна сум и одлучна да почне сама да спие.
    Веќе имавме разговарано и за нова постелнина со принцези, дека ќе ја средиме и окречиме собата по нејзина желба (одбравме и венецијанер со нејзината омилена боја) и дека ќе биде само нејзина додека не потпорасне бебето и со тоа дека ќе си биде привилегирана и затоа ме налути свеки која ми се помеша во плановите и сите мои разговори како да паднаа во вода :@ ...како она со Цацко излезе работава џабе везеш.... |(
    Уште само како да и` соопштиме на свеки без да се навреди :lol:
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srna1

    srna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    11
    majki , moeto dete ima 1 godina i 3 mes.no znae vo tekot na 1 nedela da stane 2 pati po polnok i da ne spie 3 - 4 h. a go legnuvam posle 22h . ste imale li slicno iskustvo,dajte sovet za redot na moeto dete! :)
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Срна, да не многу спие преку ден? Да се наспива, па затоа да се буди навечер? Го менуваш памперсот пред спиење? Водичка/сокче/млеко нудиш кога ќе се разбуди? Можеби ако спие со вклучено светло сака да спие на темнина или обратно. Пробај после 18часот да не го заспиваш, измори го добро, па заспиј го.
     
  14. mamicko

    mamicko Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    zdravo i jas imam slicen problem mojata cerka ima 15 meseci i mnogu loso spie se budi cesto i toa so vikanje,
    se probav se drzam na redot vo 9 casot zaspivanje so mleko i imame nekoj red vo denot , ona zaspiva ama pokasno se budi.
    ve molam za nekoe iskustvo
    ili ce ostane deka "takvo si e deteto"
     
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Да не има мака со запчињата? Ќерка ми од забите така се будеше и викаше во сон....

    А кога ќе стани на сред ноќ, палиш светло за да ја провериш? Тоа да не ја расонува? После будењето колку саати ти е будна, пред да презаспие?
     
  16. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Леле еве мојава има 2 години едно време почна да станува во 11 на пладне во текот на денот воопшто да не преспие и плус до касно навечер да седи скоро до 23 часот и со мака да ја заспијам,но секоја вечер крај три часот на полноќ се буди и плаче никако неможеме да ја смириме така едно 10 минути и ке прекине ке заспие и ке си спие пак до сабајле мирно.Незнам што е сега ова но страшно ме плаши значи секоја вечер како сат е точно во исто време.Некои од проблемите ги решивме почнав да ја будам на сабајле крај 9 сатот и после крај 3 и иде дремка и сама заспива ке стане до кај 5,и после во 10 30 ке си заспие пак.тоа се супер но ова со плачењево во 3 по полноќ ме плаши и чуди давајте совет што да се прави.
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Преживува настани од денот, нормална работа кај сите деца :) Мојава сонува, и дека сега е во НЕ фаза, дури и во сон вели Ње, ње, ње мама! и после почнува да плачи, да кенка, а не е будна. Јас само ш'шкам, ќе ја погалам и пак презаспива.
    Нас ни се случува и по неколку пати во ноќта, не само еднаш....
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Има и некое научно обајснување за тоа, се работи за т.н ноќен терор, кој е присутна и нормална појава кај децата од 2 до 6 години, може и кај помали.

    Еве што најдов:


     
    На Moira и slavica999 им се допаѓа ова.
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Туууу, како да им помогниме? :(
     
  20. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Е баш ова нас ни се случува :o . Моево има 15 месеци, не беше проблематичен за спиење и скоро никогаш не се будеше. Сега се буди и многу плаче неможеме да го смириме и тоа 2-3 часа од кога ке заспие после нема проблем. Ке го прошетам до дневна ке се смири малце го нишкам и пак ке си заспие. Ана ако не ти е тешко напиши уште нешто за овој проблем или кажи каде да прочитаме.