Јас заприметив дека мојата во 24 часа спие вкупно 12. Како ќе ги распредели зависи од неа Доколку пр стани кај 9 и не преспие дента заспана е во 9 и спие до нареден ден до 9. Доколку преспие 2 часа, ноќното спиење и се одлага точно за 2 часа. Редот скрос и е изгубен, различно ја будиме на утро зависно дали оди во градинка или кај моите. Преку недела почна пак да преспива. За викенди воопшго не преспива.
Моево е спанко од раѓање Најкасно до 22 часот е заспан. На сабајле станува во 7 и ако не преспие на пладне не може да функционира спие 2- 3 сати. А јас чуствувам дека немаме доволно време за да поминеме заедно од тоа преспивање. Во 13 ч го земам Од градинка и додека го искапам и јаде легнува во 14. Спие до 16-17 И јас од 17 ч сум на работа Кога ќе престане да спија на пладне? 3 години и 3 месеци е.
Нека си спие, што подолго спие (во однос на возраста), тоа подобро. Негде читав дека деца до минимум 4 години мора (или треба) да преспиваат на пладне, тој сон им е потребен. После 4 год веќе организмот е доволно зрел да се приспособи само на ноќно спиење, па и да не спијат на пладне, не е страшно. Така што нека си спие дете ако сака
Зошто да престане? И цел живот нека си преспива преку ден ако треба А и сега на мајка ми зошто она ми го чува и доаѓа ок , за тие саати дур спие она ручек прави и раскрева И малку ќе одмори (ваљда )
Кај мене ја откажува и таа една дремка која ја имаше. Веќе со месеци се бориме да преспие. Дете за викенди легнуваше тек у 15ч да преспие и тоа со плачки со молење. Денес не ни легна. А во градинка во 11.30 е во кревет. Не дека нешто им спие ( може и не спие) по пола час до час ама пак да речеме спие. Дома никако не сака. Многу е турбо вака денот. Од 6.30 стана сега заспа. Мртви уморни сме. Не ми е јасно премала е да не спие. Зошто не сака преку ден.
Ако спие од 18ч до 06ч, квотата ја исполнува. Мојата спие 10ч ноќе и 1,5-2ч на пладне. Пак вкупно исто спие како твојата. Од секогаш спиела помалку од што треба, а маж ми од 2 години престанал да преспива денски. И јас се спремам за истото наскоро.
Јас никогаш не би се обидела да му го скратам спиењето на пладне. Само прашав. Од понеделник до петок немаме време за да поминеме заедно и за тоа мене ми е тешко. Нема кога да излезам со него до парк или да прошетаме.
Тоа што го спијат денски само го надополнуваат од ноќе што им фали. Мојата од пред три години престана да спие дење, ама ноќе спие 12 саати. Ако спие ноќе 9 саати, тогаш секако дека дење треба да спие, а и ќе му се спие, нормално. Сега е наспана и си го тера денот. И да има/ше мала криза легнувавме читавме, или малку цртани, нешто смирувачко, па поминува кризата. Како им одговара така нека си прават, кога ќе им дојде време ќе си спијат ноќе 12 саати и ќе ја остават денската дремка.
Здраво мајки, нова сум овде исто така и мојава навечер се буди и плаче некое време, подолг период веќе не сме спиеле цела вечер, ја прашувам што е ама ништо само плаче, а веќе сме големки 3 годинки има од летоска.И дали знаете освен во Гаспар каде има неурофидбек на друго место? сакав да пробам со неуфоидбек читав многу по интерент но пристапот и професионалноста не ми се допадна во Гаспар центарот сто ја видов, баска со девојакта што работи тамо е истетовирана со наков си змеј на раката и мојава усте повеке се вознемири од гледката.
https://m.facebook.com/pages/catego...опедски-кабинет-Пчелка-175521290037799/posts/ Многу позитивни искуства слушнав за овде. Моментално девојката е на боледување, после 20ти и јас ќе го носам син ми кај неа.
Kazete nekoe care decava mi se 8 god masko i 12 zensko navecer pred 12-1 ne zaspivaat za ziva glava ziveeme vo kuka i znaat po cel den da se aktivni nadvor trcaat igraat abe kako utepani se koga ke dojdata preku den nikogas ne spijat i navecer pak toa vreme i vo 6 da gi razbudam sabajle dzabe e
2 и пол години ми е малата. Почнавме да се бориме околу денското спиење. Цело време ми вика дека не и се спие, и дека не сака да спие, и на крај со молење ќе заспие. Дремката и е најмногу еден час, најчесто и е 45 мин. За навечер исто така молење да заспие. Навечер заспива во 10 и 30 и спие до 8 сабајле. Преспива кај 12 и 30, до 1 и 30 најкасно. Детево ми делува свежо, и дека заспива оти нема друга опција. Од желбата она да преспие, и јас да имам раат малце, мислам дека ќе направам проблем више. Сакам да ја пробам од утре да нема дневна дремка, иако ми се иде да си пукам оти нема спие. Ама,вака само се мачиме. Појма немам шо да правам..
Моево скоро месец дена нема дневна дремка,а е 2 години точно. За цел месец 5,6 пати има спиено преку ден. Мал ми е некако за да не спие дење,ама друго решение не најдов. Веќе 2 месеци не сака пред 2 да си легне,а имаше и денови кога заспиваше во 5 сабајле. Да заспие во 20 навечер пробав неколку пати,ама ми се будеше во 22 или 23 и не сакаше да спие веќе,па пак седевме до 5 и заспиваше. Пробав и да го будам сабајле во 7 или 8,заспиваше напладне околу 12 или 1,спиеше пола саат или саат и после пак ми заспиваше после 2 навечер. Решив да пробам да не спие преку ден,зошто и онака ми требаше многу време да заспие. Еве го сега не спие преку ден,сабајле станува во 10 или 11,а навечер пак заспива во 23 или 24,а некогаш знае и во 1 да заспие. Вака преку ден е свеж и не е поспан,околу 18 му се приспива,ама го заигрувам. Касно станува сабајле,кога би можела да му поместам наназад барем за уште еден саат Правилно ли е вака,да не му смета што не спие преку ден? Мал ми е за да не спие,ама па и седење цела ноќ не се издржуваше. Што вика науката ?
Науката вели дека најздраво е децата да заспиваат во 9 т.е. 21 часот. Поработи на тој дел. Кога и да заспие, буди го во 8 максимум 9 наутро. Неколку дена и ке фати ред. Сега немате дремки и уште полесно е. Ако заспие во 2, буди го во 9. Цел ден ако е буден, не може пак во 2 да заспие. Навечер во 9 почни со процесот на успивање. Со лесно.
Ај да се чкртнам и јас за спијањево.. Девојкава моја ич не е спанка од бебе а сега е 22м Од пред скоро два месеци бунтој невидени има за дневната дремка, сабајле станува од 8до9ч и преспивање во 14ч од 45м до 1ч. ја заспивав по цел саат за да деремни тро и навечер од 22и30 ја легнував истото да се бориме саат саатипол за да заспија. Последно време преку ден ќе ја заспивам цел саат и на крај ќе речи сакам да станам и толку, нема дремка. И еве веќе 10тина дена почнав да ја оставам без дремка дневна. На сабајле исто станата е до 9ч а навечер од околу 22ч е заспана, но сега со полесно без молби и со саати. Ама преку ден некако ми е покемкава, јачи, нервозна а не легнува ни 1секунда да одмори па да си помислам дека и се спија или е период па ништо неможиме да и погодиме. Незнам дали е вака нормално да не преспива си мислам е мала.. Совет од генерација ве молам
Мојата е 2 ипол години и на мене лично ми е поубаво кога не спие на пладне затоа што највеќе ме нервира тоа заспивање и борби навечер по саат ипол затоа што кога нема да заспие преку ден заспива во 21 часот како покосена, ама на пладне станува нервозна, не јаде убаво, а кога ќе дремне друго дете е. Ќе си процениш по детето, јас сега за сега ќе ја успивам преку ден затоа што гледам дека и треба таа дремка. Сабајле гледам да стане до кај 8 и надвор да се истрча за да дремне околу 13-14 часот. @hello-kitty.90 штом му се приспива на пладне значи се уште му треба дремката, или ако се одлучиш да нема дремка станувај го рано за да бар си легне до 22 часот најкасно. Си имаат фази кога одбиваат да заспијат ама не значи дека не им треба да дремнат, вака до 11 часот спиење цел биоритам се поместува.
Незе ако ја прашувам нема потреба од спиење воопшто, хехе..Таа не покажува никакви знаци за спиење преку ден, само што ова вакво однесување оваа нервоза, нелагодност ми се поклопи баш од периодот од кога не преспива па си мислам да не е до то нешто а можеби е и период незнам. Еве денеска се обидов пак од 14до15ч се заспивавме и на крај не заспа, не сака.
Ако не сака, свежа е во текот на денот и навчер си го добива потребниот сон нема зошто да ја форсираш. Мојата кога не е спиена е хиперактивна и раздразлива и сметам дека и треба да дремне иако борби има. Бонус плус кога не преспиваат можеш да си го тераш денот, да шетате без да брзате да се вратите дома за дремка.
Во 5 до 12 барам совет. Што убаво си почна да заспива во 20:00 ама сега со променава на саатот одма проблем. Можеби требаше на време да почнам да заспива секој ден по 10-15 минути порано ама март ми летна пред очи и не успеав. Останува од сега да почнам од 21 да враќам на 20. Или да остане на 21, 20 по старо? Мене ептен ми одговара како што заспиваше во 20:00, а се буди 7:30 ама сега не ми е јасно, лето иде, тука се стемнува во 23 и не знам како треба, како е правилно. Се надевам ќе ја укинат променава на саатот. Совет, искуство?
Почни од 21 и потоа намалувај до кај 20. Мојов вчера заспа некако помеѓу старо и ново време (пола саат покасно по ново време). Сега ќе враќаме. Само јас во лето го оставам едно пола саат повеќе отколку во зима буден зашто секако е тука потопло па не ни може порано убаво да заспие, а и подолг е денот па не ни сака да спие. Горе јас би зачувала исто време зашто нема поента да менуваш напред назад ептен касно се стемнува посеверно. По таа логика во зима би требало па мнгоу рано да легнуваат сите.