Спиењето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од lolyta777, 18 јануари 2011.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.256
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советот.
    За беља синоќа заспа 22:30 не знам што се случи. Легнавме 20:30, мислев на пола ама ја утнав некаде. А сабајлето стана 8:30 по ново, 7:30 по старо.
    Сабајле стана 7:30 по ново па се надевам ќе заспие 20:00 по ново.
    Летово ќе е критично, синоќа спуштив ролетни во 19 ама во 20 сама ги поткрена вика да видам дали стварно е темно надвор.
    И ние сме како пореметени, цела ноќ сум полубудна.
     
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.274
    Допаѓања:
    35.263
    Пол:
    Женски
    Тешко оди знам. Мојов сабајле едвај го разбудив. Ми вика зошто моравте да го смените тоа саатот. Врати го на старо. Мислам дека мене тек денес ќе ми биде маката. Вчера беше ОК. Сега ќе дојде ненаспан и тогаш потешко заспива па е се врти по кревет и утре ќе биде оф лелел мајко. И минатото менување саат отпосле го удри.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. АнеАце

    АнеАце Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Мајки како ги успивате децата во смисла си легнат сами вие со нив или како? Ние еве уште малку 2 и 8 месеци или во раце или на нозе и лулам едвај чекам да сам да заспива а незнам како да го постигнам тоа никако не сака.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    За толку големо дете, можеби најдобро е да се консултирате до Др.Гуднајт, е сега ќе ви наплати, ама јас лично не би знаела што да правам. Големо е детето, можеби знае да се префрли од креветче, знае да зборува сигурно..така што нема да биде лесно ваљда.
     
    На gjoker4e и АнеАце им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.256
    Пол:
    Женски
    Најпрво да го измориш добро преку ден.
    Дури на 3 години и 9 месеци почна да заспива јас да лежам до него и да раскажувам приказна.
    Најбитно е да створиш рутина од која што нема да се откажуваш. На пример до 18:00 часот најкасно надвор, дома вечера 18:30, бањање 19:00 ( ако го рассонува бањањето наместо да го успива тогаш прво бањање па се друго), гасиш светло 19:45, ако си уморна лежиш, ако не седиш, и раскажуваш приказна, ако сакаш или мора го галиш по глава или грб за почеток.
    Да не се откажуваш 21 ден и да тераш исто темпо.
    Гости не смее после 18 на пример. Не можеш еднаш да го успиеш па после да речеш со гости ќе седиме вечерва.
    Будење во исто време.
    Не се откажувај и ќе успееш.
     
    На Lisicko, MilaSs12 и Dikinzi им се допаѓа ова.
  6. АнеАце

    АнеАце Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Се изморува преку ден не спие. Вечер заспива во десет ипол и спие до десет десет ипол нареден ден секој ден така се исто време и пак не бива. Ти благодарам на советот не пробам па така
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.256
    Пол:
    Женски
    Од 22:30 до 10:30 е погрешен период.
    Децата треба да стануваат од 6 до 7 часот, најкасно тоа да биде 8, утрото е утро и убавината е во утрото, од мали нозе да стекне навика за рано легнување/ станување, ќе видиш дека ако почне да станува во 6 или 7 побрзо ќе заспива навечер најкасно до 20:00 часот.
    И јас сум мрза, за на работа станувам во 5 ама кога не сум на работа аларм имам во 7:30. Се уште не сум задоволна сакам да се буди барем во 7, па понатака здравје можеби би стигнала и до 6:30 не знам.
    На времето не можев никако ред да воспоставам, од 2 по полноќ враќав на 1 00 23 22 21 и веќе неколку месеци конечно сме на 20 и има огромна разлика.
    Ако почнам да го будам во 7 мислам дека и без да лежам и јас ќе заспие ама уште се немам натерано себеси.
    Значи најпрво враќај го постепено времето наназад и ќе ја видиш разликата.
    Верувам дека дете што се разбудило во 6 сабајле, во 20:00 вечер ќе заспие самото на под.
     
    На elenaklasik, BY<3, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    14.440
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека 22:30 е касно за дете. Јас најкасно до 9 да се заспани, и то во случај да сме излезени, инаку од 8 се спремни.
    Околу заспивањето сам. Моето до истата возраст го нишав во раце, се до една вечер кога после 3 сати безупешно нишање ми дојде преку глава и пресеков. Од другата вечер му кажав дека е веќе голем за нишање, мама ја болат рацете, почнав со кратки приказни, гушкање. Неколку дена се мачеше, се вртеше, заспивањето траеше и 1 сат, ама постепено почна се побрзо да заспива. Имаше денови кога ми викаше "мама сакам во раце" или "само малку нишни ме за побрзо да заспијам", ама никако не попуштав. Лежев до него и се преправав дека спијам, па така по малку се научи. Еве уште заспива само да лежам до него ама ќе почне и сам кога тогаш. Инаку станува најкасно 8, па веќе во 8 вечерта сам бара да спие.
    Со среќа :)
     
    На Dikinzi и gjoker4e им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.256
    Пол:
    Женски
    Да се пофалам дека заспа 20:25 :party:
    Како за втор ден со сменет саат супер е :D

    Една грешка што јас сум ја правела многу долго време: демек да се измори и надвор сум седела од 16:00 до 20:00 на пример и очекував да заспие во 21:00. Денес за малку ќе ја направев истата грешка, а сега гледам дека вчера сум ја направила останавме надвор до 19:00 :!: и вечерта заспа 22:30, а кога се прибирираме порано дома побрзо и се приспива, јадење, бањање, готвење, средување и и се здосади и се приспие и полесно заспие, денес дојдовме 17:30 дома и веќе во 19:30 викаше дека и се спие, 19:55 легнавме 20:25 заспа.

    Многу грешки сум правела порано ама битно е да ги согледаме и исправиме.
    Тешко ми е со промената на саатот, промената на годишните времиња и зголемување/ намалување ден/ноќ.

    Посебно тешко ми е на пример кога е недела, надвор е тмурно, облачно, врне дожд, ладно е, а јас морам да станам во 7:30 со дете. Моите родители откако памтам се буделе во 5-6 наутро ама тоа изгледа кога ќе имам 30-40 години, можеби природно и автоматски си иде тоа со годините. :D
     
    На Chantal, mal.ecka, MilaSs12 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.985
    Допаѓања:
    59.657
    Пол:
    Женски
    Јас за спиењето сум ептен строга и никако не попуштам ама дете си се навикна сам.
    Во 6 ипол вечера, во 19 и 30 легнуваме се мазиме гушкаме му кажувам приказни и он во 20 часот е кома.
    Станува од 6 до 7 сабајле, цела ноќ ја преспива без да мрдне.
    Со саатот и он се збуни сабајле бараше уште да нана.
    Исто е и за попладневната дремка каде и да е он во 12 заспива.
     
    На Chantal, mal.ecka, Dikinzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.008
    Ќе имаш ред додека дојде бебе бр 2(highfive)
    Еве ги сега заспаа,играат,се тркалат,се кикотат,појма немаат за спиење:(
    Во 7 ќе бидат будни,а беба милоин пати ќе се буди за цице.
     
    На ane.bella, gjoker4e, Chanell* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. попкек

    попкек Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2021
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека моето откако тргна во градинка, стекна убава навика за рано станување и легнување. Претходно додека не одеше знаеше и во 23,24 ч да заспие, сабајле до 10,попладневна дремка 15,15:30 не фаќаше, ред, неред. Сега легнува накај 20, приказна, некоја песна и кома. Сабајле 6:30,7 свеж, наспан.
     
    На gjoker4e и Dikinzi им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.499
    Пол:
    Женски
    летно време иде 20 часот е многу рано. Т.е и моето (сега 19 месеци) си заспиваше 20 часот најкасно а налето не знам како сам си смени режим најкасно 21:30 е заспан. За бебе е во ред 20 часот ама за дете е навистина рано. Што ќе прави наутро да стане во 6-7 часот? Подобро да легне малку покасно, пола саат или саат отколку наутро да стане многу рано
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.256
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам.
    Утрото е утро и еве за мене лично утрото претставува здравје и среќа. Има некоја посебна енергија. Појадокот треба да е во 9 часот.
    Летото децата позади зградава играат до 22 и јас поради тоа се чувствувам на некој начин како да му го ускратувам детството ама па има и такви кои заспиваат во 20:00.
    Ако заспие во 21:30 како ќе стане сабајле за во градинка?
    Во градинка се чудеа кога им кажав дека во 21 заспива пред некое време. Викаат дете треба да е најкасно до 20:00 во кревет.
    И за бебе и за дете и за возрасен е најдобро рано будење ама околината понекогаш поинаку зборува.
     
    На drugarka, mal.ecka, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.274
    Допаѓања:
    35.263
    Пол:
    Женски
    Некогаш зависи и од детето и од тоа колку сон му е потребно.
    Мојот отсекогаш бил на долна граница за спиење. За секоја возраст има долна и горна граница ка де и да гледаш. Мојот е на долна граница од кога е роден. Спие минимум потребни часови за возраста.
    Сега на 5 години спие 10 саати дневно (прифатливо е од 10 до 12 часа). Ако го легнам во 8 се буди во 6 што мене ич не ми одговара. Затоа го легнувам во 9 (заспива до 9:15 и се буди во 7:15). Сум пробалам и во 8 да го легнувам затоа знам дека ќе се разбуди во 6. Битно е детето да биде наспано и само да се разбуди сабајле весело. И нормално да може да го издржи денот.
     
    На mal.ecka, Chantal и gjoker4e им се допаѓа ова.
  16. kejsi

    kejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    36
    Здраво мајки.
    Би сакала ако може да ми дадете совет како да ги заспијам децата порано.
    Имам бебе од 3ипол месеци и дете од 2ипол години.мака мачам со нивното заспивање секој ден,23ч не фака дур се успиеме.како една на друга да си смеетаат.Големата дур не се искака и измочка на туте не заспива а тоа го прави околу 22ч.Бебето се дур ја слуша сестра и дека збори и е будна ке заспие па ке се разбуди и се така во круг до кај 23 или 24ч.Пробав и во различни соби ама големата сака со мене,бебето сака со мене.Големата сака да ја држам за раче дур заспие а малата да ја носам у раце дур да заспие.Неизводливо е двете да заспијат во исто време.
    Како ги заспивате кога се 2 деца?Барам совет бидејки сум уморна секој ден.Големата оди и во градинка и станува наутро во 7ч ама навечер пак касно легнува.
    Ве молам кажете чаре,сакам ако ништо повеке барем во 21 или 21 :30 ч да си заспиваат?
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.256
    Пол:
    Женски
    Големата преспива преку ден?
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.747
    Пол:
    Женски
    Да, ама сепак не заспива во 11, а да станува во 10 сабајле, тоа мислам дека се обидува @gjoker4e да го каже.

    И мојата исто легнува најкасно до девет, а станува најкасно до осум, односно легнува со стемнување, зимно време кога се стемнува порано си легнуваме порано, летно време кога се стемнува подоцна легнуваме подоцна, но исто не е 11, туку пак е докај 9. Мене маж ми ми е проблем, леле детето легнувало рано, ја пропуштало играта, сите деца седеле до покасно. А детево станува во осум и е цел божји ден надвор, се прибира за спиење и заспива веднаш, да го оставам да седи надвор до десет едноставно нема да издржи. Му викам па ако она не е наиграна не знам кое е, не е воопшто за жалење. Само го искористува цел ден и е супер така. Летно време е таман доај девет да си легнува и осум да станува, 11 саати и се сосема доволно за спиење, одморена е и не е воопшто кенкава преку ден.
     
    На gjoker4e, Annath, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. kejsi

    kejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    36
    Да преспива.Сум пробала да не спие ама околу 17ч и клапнуваат очи и сама заспива и после е уште погоголем проблем за нокното спиење.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.008
    Моиве ако ги легнам во 8-9 ќе станат по полноќ за играње.
    Едвај 22 -23 заспиваат и во 7-8 се будни.
     
    На gjoker4e и Chanell* им се допаѓа ова.