Исто. Заспивала и во 8, во 11 се буди свежа за игра. Станува наутро во 8, преспива дента од 3 до 4, 4 и пол и навечер пред 11 речиси никогаш не е во кревет. Со сила да заспијам дете не можам, и во 1 на пладне сум и поместувала дремка, и пак си седи навечер, макар јас и на глава застанала.
И во 13ч.да станат од преспивање,пред 22 нема шанса да заспијат,двете. А колку сакав дете спијач,на мене
И кај нас беше така ама треба време. Како и да е за да заспива поголемото порано навечер мора да се скрати дневното спиење. За бебе јас не успеав да и воведам нормален ред, дури откако наполни 3 почна некој ред да се гледа, па за бебе немам совет. И моето ако заспиеше во 21 стануваше 23 на пример па седеше до 2 па сабајле станува 8 за градинка па пак спие од 12:30 до 13:00 и вечерта ќе заспие во 23. И така секој ден различен и се помешано. До 3 ипол легнуваше во 21 па се будеше од 3 до 4 па стануваше 7:30. Од 3 ипол до 4 легнува во 20 се буди 7:30 и понекогаш пак е будно тој период од 3 до 4. Па сега на 4ипол очекувам да спие од 20 до 7:30 и да не се буди преку ноќ од 3 до 4.
Не си добар пример,чао Јас сум пресреќна што успеав од прв ден двете за ги ставам дење за спиење во исто време. Добро малку покасно заспива поголемата.Така имам време да средам,јадам,одморам. Е сега нешто мора да трпи. +постојат деца неспијачи и тоа е.
Мојава ретко навечер се будела, ама кога се буди јас си ќутам, темница, не зборувам и за крстко презаспива.
не сум и јас за деца да играат до 22. Ами кога прибирање кога вечера кога легнување? За деца ноќен сон од 10 часа е доволен така да за да станат за во градинка најдоцна 21 часот легнување е доволно за да стане наспан и одморен. Не би прекорачила јас тој термин од 21 часот. Без разлика дали е лето или зима
да заспие. За надвор до 19 максимум. Додуша ние до 18 сме веќе прибрани. Не можам и јас сум малку уморна ми паѓа концентрација па да пијам кафе да спремам вечера да подготвам кревет туширање и фајрон (за децата)
Во претходниот пост имаше пишано до 21:30 да заспие затоа ми е таков коментарот. Не дека е мн голема разлика ама сепак е.
Јас само да се пожалам дојдов. Знаев дкеа накнадно ќе го јадам стапот од промената на саатот. Оваа недела пред 10: 30 не е заспан. Се врти низ кревет од 9 и ќе си задреме па се буди. Ако се обидам да ја напуштам собата почнуваме одново. Не знам што да му направам веќе зад а му помогнам да заспива на време.
И кај мене беше така од 20:30 до 22:30, заспие па се буди и цело време така два саати. Да го будиш сабајле 15 мин порано од вообичаено, околу 13-14 да има пола саат за мирување само. Мојава скрати демек заспиваше 20:25 па сега два дена пак 20:40. Не знам кога ќе се навикнат, нас и светлината ни пречи до 21 е ден, а немаме завеси, а ролетните се заклопуваат од надвор и иде светлина сепак, заспива кога ќе почне да се стемнува 20:40.
Сабајле сам се буди во 7:30. Во градинка ретко преспива (и ако заспие тоа е само 15 минути). Така што се надевам дека ќе се среди некако ситуацијава. Може и не е доволно уморен деновиве ладно и врнежливо беше па не бевме толку надвор како претходните денови. Се надевам сега ќе стопли па ќе биде поинаку. Иако можеби како расте се друго ќе му станува поинтересно.
Совет е добредојден. Детето ми е скоро 2 год, спие со нас и сака да ми ја држи раката додека спие(ако татко му му даде рака кенка и ја бара мојата). Е сега сакам веќе да го одделам да спие сам зашто има немирен сон со мн вртење и клоцање, а и кенка постојано и бара да ја фати раката ако ја пуштил. Го ставам во креветче и пак е исто- кенкање, зашто нагло се врти се удира иако има облога. Што да правам? Жива ненаспана сум...
Моето е 4 години и се уште спие помеѓу нас на спална ама сепак би пробала да те советувам. Јас сега за сега само и зборувам, спомнувам од време на време за спиење сама и некогаш вика не страв и е, некогаш да ама ако тропнело нешто со трчање да сум одела кај неа в соба. Е сега кај вас, најпрво и основно не можеш така наеднаш или со сила. Мора постепено, бавно, чекор по чекор или да чекаш да порасне и самото да посака да спие само. Имаше некаде некоја техника 14 чекори ли се викаше, прв ден спие во креветче ама ти си до него, те држи за рака во случајов, па постепено секој ден се оддалечуваш по еден чекор, ако заплаче се враќаш чекор назад да го гушнеш па пак чекор напред. Зборување мн иако е 2 години. За почеток вметни мече по негов избор меѓу вас. Ама ако на сила пробуваш и мислиш само в креветче да го ставиш и ќе спие цела ноќ таму може само контра ефект да има. Не е лесно, а понекогаш мајките се мн изморени и сакаат се наеднаш. Можеби често си помислуваш како не спиеше во креветче уште од првиот ден кога дојдовме дома. За удирањето во креветчето мислам дека ќе се научи, ќе се удира ќе се удира и ќе научи. За навикнувањето на спиење сам треба да го погодиш и вистинскиор период, да не се разболува, да не излегуваат заби, да е наспано и слично. Постепено подметнувај му нешто да држи, на пример некоја капа или ракавица што ја носиш ти, па мече, па после креветче. Идеално би било за почеток креветче без една ограда споено со спалната. Јас се уште не би можела да оставам дете да спие во друга соба само, а за креветче во спалната не ми текнало, заспива залепена во мене, последните два вечери ме држи за уше и вратот ми се укочи ама гледав дека брзо ќе заспие па не ни пробав да го тргнам ушето.
15 месеци, сон никаков, се пробав, програма за спиење, креветче, количка, бели звуци, темно, црвено светло, уште мелатонин што немам побарано од доктор. Се буди неброени пати додека не заспие поцврсто, тоа значи дека цица за да презаспие неброени пати, исцрпувачки и фрустрирачки е веќе. Саати и саати успивање секоја вечер, иако не сакам веќе сум на мисла да одбивам од доење и ако и така не зацврсти сонот, ќе барам мелатонин. Пробано е подолги, погратки прозорци на будност, храна полесна, покалорична, изморување, смирена атмосфера, ама баш ништо не делува, во неделата има еден добар ден кога ќе врзе два саати, другото е будење на 40мин, и често расонување, не знам ни дали да се надевам дека ќе скоро ќе реши ова или ќе биде вака уште една година
Исто скроз, веќе неколку месеци секоја вечер е така, скоро 13 месеци е мојата, ако најдеш чаре пишувај оти и јас веќе сум при крај
Може и за деца, моево е веројатно премало за нив ама затоа со доктор би се консултирала за пола година, ако нема подобрување до тогаш
Моето беше така до 2 години и неколку месеци па почна полека да спојува на пример спие од 22 до 2 па е будно до 5 па пак заспива и спие до 9. На 3 години заспиваше 22 па будно е од 3 до 5. На 3ипол заспива 21 па будно е од 3 до 4. На 4 години заспива во 20 и будно е ама не секогаш тој период од 3 до 4 ама кратко некогаш 5 минути некогаш 15 мин. Значи на 5 години ќе спие цела ноќ.
Зависи до детето, првото дете од 2 години отприлика цела ноќ си ја преспиваше и до ден денес 8 години спие многу цврсто, топ не го буди, а пред тоа до годината еднаш само се будеше, супер наспана си бев. Второто се будеше 1-2 пати. Е сега третово е друга приказна, се буди и за нив што не се будеа