И јас читав за мелатонинот ама не сум прашала дали има за мали бебиња. Друго што гуглав и најдов едни таблети хомеопатски за подобар сон и за бебиња/деца што често се будат ама ги нема тука во Гр, само во Бугарија и Србија и не најдов никој да ми ги донесе, сакам да ги дадам па да видеме дали ќе има резултати
isto majka i moeto e 15 meseci se e probano veke i nema nikakov rezlutat ponekogas mi ide vo zid glavata da si ja tresnam noke.Hronicno nenaspana sum i izmorena i cekam cekam ao nadez deka ke dojdat podobri vreminja.
Уште ја немаш треснато? Јас плачев и коси кубев. Еднаш памтам така заспа кога се убив од плачење од липтање изгледа мислеше приспивна и пеам. Ова под нас годинка и неколку месеци е, од раѓање спие цела ноќ буквално од 22 до 8-9 сабајле па преку ден од 12 до 14. Мајката вика понекогаш се будело за цицање ама само цицнело и заспиело пак само колку да ја рассони неа. Едноставно да се помири човек и да чека.
За првото одма ми кажа педијатар дека до 3 години ќе биде така, два-три пати неделно беше со седење будни по три саати, за второ се начитав, за рутина, да не заспива на града, ама пусти умор ме залажа па терав така, сега ќе го кркам пак до 3 години, а не се издржува години неспиење се собраа. Исто знам многу деца што преспивање ноќ им дошло скроз природно на многу мала возраст, родителите ми кажувале дека им се будат, ама кога јас ќе се расприкажам што значи будење, искрена жал им гледам во очите, да не беше вакво спиењето на моиве, 4 деца ќе сакав, ама сега
А едни родители во парк ги прашувам со цел памет што им давате на децава да јадат? Се чудат, не ме сфатија па викам мн ми е тешко, како седат вашиве деца толку мирни? Вика првото од нз кога спиело само во соба (а 2 години имаше кога го правевме муабетот), а цела ноќ ја преспивало од раѓање па така и на второ се одлучиле ама не правеле ништо посебно, а второво исто спие цела ноќ, мајкава и таткови свежи, бели во лицето, насмеани. Не знам кога ќе докаже науката зошто некои деца вака некои така.
Има фактори што допринесуваат барем колку што имам разбрано од педијатар, ама и навика е во еден дел. Јас не можам да замислам колку е убаво да се нспијам и да станам свежа, или сум укочена од доење, или нервозна зашто 100 пати се будело малово, или градите разранети од спиење на града, мал дел од пеколот гледам скоро секоја ноќ
Мало е и кај мене 17м е затоа те прашав, иначе иста е катастрофа е спиењето. Кај се буди по цели ноќи па и преку ден многу малку спие а е многу активна. Колку ти спие преку ден?
Малку спие, барем за возраста, саат ипол до два, со будење и презаспивање. Мислам дека од премор е толку лош сонот, ама освен на града немам друг начин да одмори повеќе, а тоа со мојот премор заедно е мнооогу лоша комбинација
Те разбирам иста ситуација само шо кај мене не цица на ад е. И покрај тоа шо солидно јаде се буди за млеко. Кога имаше две дремки спиеше малце ај викам кога ке почне да спие еднаш ке сврзи повеке сон, колку само сум се лажела. Никогаш до сега нема спиено два часа,саат ипол макс ама претежно е саат. Веке почнувам да се грижам како расти мислам дека е се полошо со спиењево.
Случајна проба. Викам на дете 4 год веќе си големо дете треба сама да спиеш, вика ама ако ми тропне некој, викам ќе дојдам одма, вика добро, викам овде сум ако нешто викни добра ноќ и излегувам, леле кога почна да липта дете во истата секунда викам добро тогаш ќе легнам со тебе па ќе видиме кога ќе можеш сама да спиеш тогаш. @haruki Имам заборавено поопширно да објаснам, накратко дека циклусот на спиење им бил 45 минути. Спие 45 минути па се буди или само има немирен сон. Моето така преку ден спиеше точно од 12:30 до 14, значи 13:15 обавезно се буди за цицање, ако продолжеше да спие до 14 се гураше некако денот, ако се рассонеше 13:15 денот се знаеше дека пекол ќе ми е.
Значи јас да не се надевам дека ке се подобри спиењето... Ние сме 10 мес.. Се буди многуууу, 5 6 пати... Заспива 10 часот, се буди накај 6/7....капната сум, хронично ненаспана.. Се си мислам мало е, гладно еможи, тој кенка и дур не го ставам на цице не можи да презаспие.. И кога ќе го ставам скоро ич не цица... Јас расонета, па дур сум заспала пак станал . Се сѐ надевам после година ќе смени
2 год и 4 месеци уште станува по 1, 2, 3 пати.......барем не се 5, 6 7 го одбив на 14 месеци и полошо стана, неможевме да го заспиваме навечер, со нишање в раце, се подгрбавивме, само вода пиеше и уште пие бар по еднаш во ноќта, млеко никакво не прифати после одбивањето, ми велеа после 2 год ќе смени, можи да се речи дека малку смена но пак не ја преспива цела ноќ, еве и в градинка оди, значи се пробувавме и ништо не запали, такво си е детето тоа е. @prinstongirl2 чекај ако почниш на работа или веќе одиш, не те познавам како ник но се пронајдов во напишаното, тек тогаш е јакото, од 9 и пол месеци се вратив на работа, 3тиот ден имав нервен слом жими се ми идеше да го фрлам, дојде свекрвата и реков да го земи и да ме остај да се смирам, плачев неколку часа, од премор, од неспанот, од немоќ. И така се навикнав без сон, со аналгин за главоболка.
Поголемата додека не ја одбив од цицање стануваше повеќе пати ноќеска. Како бебе не се будеше толку како пред да ја одбијам на 2 год. Еве сега година и пол си спие цела ноќ без будење. Ова помалото откако наполни 2месеци спие преку ден по 15 мин, 4 пати. Некое чаре да спие повеќе? Дада ѝ по 2 саата си спиеше без проблем.
Тоа е проблемот, знам, поминав и со првото, кога ќе се научат да запијат на града после им е асоцијација, и на секое будење бараат затоа што така заспале. Си згрешив многу сама, ама тоа е. Првото откако го одбив почна да спие цела ноќ, ама пак имаше периоди кога се будеше неколку пати, и периоди кога си седевме по 3 саати. Затоа и ми е страв дека и одбивање нема да го реши проблемот. 15 мин е малку, тоа е cat nap, читни за таа возраст, нормално е, ама треба и да има ппдолг сон. Циклусот им е 40мин, тогаш се одмараат, ако врзе два циклуса е најдобро по мое искуство, најсвежи се буделе така
Да ви кажам не значи дека сигурно и апсолутно, сто посто, ќе си заспива ако го одбиете. Јас ја одбив, е после баш имав мака зашто пак се будеше милион пати, а немав цицка да и бутнам и да спие, па морав да станувам и да ја занишкувам. Што може беше уште полошо. Сите ми викаа, ќе видиш, нема да цица и како бајче ќе си спие. Аха. Имаше мака со заби, имаше мака со ова, па сона, па преживуваше денот, зборуваше во сон, сите развојни фази едноставно така ги поминуваше. После негде накај четири години почна длабоко да спие. Веднаш беше разликата видлива, можев да увидам кога ќе заспиеше и дека едноставно е во длабок сон и нема да се разбуди и да станам и да сушам коса со фен. И јас немаше што не пробав, баш така си се смеев на една статија, додека пробуваш се и сешто од очај поминале годините и ете си спие. Ама додека поминат е тешкото.
Пуштај фенот и во количка. Коа ќе стане после 15мин вози ја пак, фенот нека си брчи. Ако цица, одма нерасонета дај и цице и ќе си продолжи. Не ја расонувај. Малата после 30-40мин се буди,одма ја земам во раце или легнувам до неа,давам да цица и продолжува. Дури не отспие 2 часа не се откажувам, ја презаспивам и по три пати ако треба. Еве моментално и двете спијат во спална со пуштен фен. А закенка одма трчам
Цицањето нема врска ни со јадење ни со спиење. Синко спие цела ноќ без цице, наутро околу 7 бара, а заспива околу 21 часот. Кога има периоди на нејадење знае да бара титем и ноќе, ама кога е најаден спие цела ноќ. Исто и за јадење, мајка ми ме убедува да го одбијам за да пројаде, ама он две недели јаде па 1 недела не. И кога ке се најаде пак бара да цица. Некои мајки велат дека на 22 месеци нивните деца се лажат со цице, ама синко баш цица, голта, влече.
Мојот кога е гладен знае дење да побара цице. Ќе му дадам да јаде и после не го ни спомнува цицето Инаку од педијатар ми е кажано дека се залажува со цицањето и затоа не сака цврста храна и дека на оваа возраст (18м) веќе млекото не е толку хранливо,детето е доволно возрасно да се храни со нормален оброк како мама и тато.
Сеуште спанко ( 3 г.8м). Ми одговара, нормално. Станува обично 07.30, од 14-16.-16.30 тера дремка, заспива 22-22.30. Ако не спие преку ден, не се трпи . Е тогаш , во 21 е заспан.