1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од lolyta777, 18 јануари 2011.

  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Мојава па и во градинка си бара да спие, ми викаат учителките, уште ручекот не го дојала, вика јас сакам да си легнам :D Прва заспива и таму и последна станува :lol:

    А за маж ти, и мојов е ист :D Јас двапати годишно се случува да заспијам преку ден и после сум мутава. Така вчера заспав со децава и после не знаев кај сум :D
     
    На mal.ecka, Makedonka007 и eli25 им се допаѓа ова.
  2. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.726
    Допаѓања:
    39.848
    Пол:
    Женски
    Мојот откако го одбив од цицање некаде околу 15 месеци преспива цела ноќ. Од тогаш само еднаш станал сред ноќ без да презаспие, а тоа беше кога мачето го заборавил кај баба па со рикање стана да го бара и не сакаше да презаспие. Спие сам во соба од лани летото. Добро сеуште знае да се разбуди сред ноќ и да побара во големиот кревет (тоа значи кај нас во спална), ама генерално преспива во свој кревет.
    Сега на 3 г 8 м. сам почна да откажува дневна дремка. Еднаш во 10 дена ќе дремне попладне, ама тогаш заспива во 10. Вака си заспива 8-8:30. Мене ми фали неговата дневна дремка, ама сам си ја откажа и не можам со сила да го натерам да преспие. Може да одеше во градинка уште ќе ја тераше, ама откако почна ситуацијава сеуште не сум се решила да го вратам.
    Е во последно време знае да се расплаче во сон (буквално спие и плаче, не е респонзивен) веројатно преживува нешто од денот, ако сме се скарале или слично (иако не викам и карам), знам само да се подналутам. Ќе го гушнам и откако ќе му помине продолжува да спие како ништо да не се случило. Не знам само како да му помогнам со плачењево. Не е каран или казнуван, ама некако мора да му покажам кога греши и обично се лутам. Прво игнорира, а после некое време кога ќе види дека стварно сум лута доаѓа и прашува мама каква си во лицето (мама дали си лута значи ова). Затоа гледам да избегнувам вакви ситуации, ама понекогаш е неизбежно.
     
    На mal.ecka, Coco31, Autumn_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    На O.l.i.v.a и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  4. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    Од супер ред до пред 2 месеци, се претвори во ужас. Навечер заспива во 12.30, сабајле во 10 станува. Цела ноќ се буди и кенка. Пробав да го станам рано сабајле неколку дена по ред, да добие ред - не се трпи цел ден. Не сака да спие денски, па накај 5 - 6 заспива и ако не го разбудиш спие до кај 9 па се буди. Не го оставаме да спие за да легне порано, заспива играјки, гледајки цртан, се навалува и топ не го буди. Ако имате совет, добредојден е.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.980
    Скоро 2 год, уште заспива во 7:00 (6:00 зимско време), станува во 10 до 7, некогаш ќе се разбуди за вода и ќе се бапне во кревет. Само на регресии ми се будел, дали цицал или не, исто ми беше. Има и дневна дремка во градинка. Кратка е, гледам и дома за викенд, ама не се жалам. Си лежи он јас кажувам приказна он си збори нешто и си заспива.
    За мене веќе накај 8 ми е доцна. Јас тоа време го користам за да се спремам за утрешниот ден, дали ручек дали алишта, работа по дома. И некоја епизодка од сериите од сериите да изгледам. И јас рано легнувам. Не ретко и после него сум заспала.
    Имав среќа изгледа... Сабајле станувам во 5, пијам кафе се спремаме за градинка/работа и почнува денот наспани.
     
    На bella.gk, mal.ecka, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.124
    Пол:
    Женски
    Моите близнаци се година ипол. Во 21:00 ни почнуваат ритуали за заспивање, до 21:30 најдоцна се заспани и двајцата. Во текот на ноќта може да се случи да се разбудат да побараат вода, среќа презаспиваат одма. Наутро се будат во 07:30. Денската дремка им е од 13 до 15 часот.
    Доброр функционираме вака, наспани сме сите.
     
    На bella.gk и eli25 им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Ви се случува ли некогаш да има една дремка?
    10 месеци е.
    Вчера едвај дремна вториот пат, само пола сат. Денес скроз ја одби втората дремка, па заспа во 6 преморен, со плачки. 6 часа беше буден пред спиење, очигледно му беше премногу. А пробував цел сат да го заспијам за дремка, само триеше очи ама продолжуваше да игра.
    Мислам дека му е рано за една, ама што да правам?

    Испаѓа рано да заспие, утре ќе стане пред 5 и ај, сигурно ќе има 2 дремки. :D Па ќе заспие доцна и задутре ќе го направи истото ко денес.
    А таман го среди денското спиење. ;(
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    34.223
    Пол:
    Женски
    Продолжи да го будиш во истото време.
    Исти ритуали пред прва и втора дремка.
    Можеби е преод од две дремки на една. Период. И ќе има само една дремка од скоро. А преодот таков е, хаотичен.
    Можеби си му утнала нешто во дневната рутина, во распоредот.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Точно, денес стана во 7.30 што никогаш не се случило и е баш голема отстапка за него. Стриктна рутина немаме и дремките не му се во исто време (кога ќе покаже знаци тогаш го успивам), ама ова беше поголема отстапка.

    Ех, лесно ќе ми беше да го будам во исто време ако не стануваше прерано. Пример, ми одговара да станува во 6 а тој станува во 5 :D и рееетко ми успева да го презаспијам. Тоа без разлика кога заспал. Во последно време почна после 6 да станува па ми е жал да го будам точно во 6.
    Последниве два дена стана после 7. Обично спие 9-10 часа навечер (со повеќе будења за цицање), а два дена беа 11.

    Хаотични ни беа преодите и претходно, баш вака... Ќе го следам, ќе видам како ќе биде периодов, иако мислам дека е рано и за преод. Ама нешто се менува, ете и вечерното го продолжува.
     
  10. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.001
    Допаѓања:
    5.582
    Пол:
    Женски
    На која возраст вашите бебиња/дечиња почнаа да спијат сами во соба?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.704
    Допаѓања:
    72.598
    Пол:
    Женски
    Женското од 1г спие сама, машкото од 3г. Тогаш добија посебни соби и одма почнавме да ги адаптираме сами. Е имаше моменти на вадење заби кај малата после 1г, неспиење и знаеше да заврши до мене. Сега скоро нешто викаше се плашела и затоа ги ставив во иста соба заедно (4г и 6г се), па ќе пораснат и ќе ги развојам пак.. :) Има денови кога си спијат со мене на спална, ама кога се слободни наредниот ден. Кога одат во училиште и градинка обавезно си се во нивна соба сами, на посебен кревет.
     
    На mal.ecka, elimkd и Tiny Love им се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет, веќе некое време теравме денско заспивање на града, едно единствено цицање му беше за денска дремка, денес конечно се решив воопшто да не давам зошто празни ми се градите, а и сметам дека 22м доволно му беше цицање, денес многу плака урлаше, јас веќе при крај со нервите ама не дадов и цел ден не заспа, се плашам од утрешниот ден како ќе биде, не знам како да го заспијам барем 40мин да отспие, се плашам да не тера како денес без дневна дремка :(
     
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.983
    Допаѓања:
    166.595
    Пол:
    Женски
    Исто како денеска ќе тераш. Упорна мора да си. Како по правило плачките се 3 дена, со секој ден се помалце. Сега треба само да пробуваш различни начини како да се успие. Мојата на пример заспиваше легната над нас долго време, потоа многу лесен беше преминот од над мене - до мене.
     
    На mal.ecka и elimkd им се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Благодарам на одговор
    Не очекував дека толку ќе урлат, ноќните подои кога ги тргнавме не плачеше ко денес изгубив и нерви и трпение.
    Истото навечер заспиват легнат над мене ќе го нишнам и си заспиват. Дај боже да се три дена ќе ги издржам
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.983
    Допаѓања:
    166.595
    Пол:
    Женски
    Толку е. Ситно денови се плачките, брзо ќе помине, само не попуштај.
    Чим му е познато да заспива над тебе веројатно така најдобро да тераш. Како поминавте денеска?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Фала што праша
    Вчера пренервозна бев, денес решив да се потприберам, постелив креветот ко за спиење, затемнив, плачеше ама решена бев да заспие па што сака нека е, исто ко за навечер го нишкав легната ама може еден саат, а целиот подмижан ама се предаде.
    Да те прашам дали ова време од еден час за денско заспивање ќе се намалува или ќе си тера исто темпо?
    Фала на одговор и што праша.
     
    На Yowannty и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    1.062
    Пол:
    Женски
    Мајки во колку навечер ги заспивате малите од 22 месеци ?
    Имаме сеуште дневна дремка од околу два часа . Навечер заспива само со цице иако пробував во неколку наврати да ја одбијам но не успеав.
    До 21 30 е заспана најкасно. Е сега наутро почна во 6 да станува и несака да спие , плаче и ме бара. Не успевам да се спремам за работа .
    Дали е подобро да ја оставам повеќе да седи навечер?
     
  18. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    3.609
    Пол:
    Женски
    Децата шо легнуваат рано се будат рано, децата шо легнуваат касно исто се будат рано.
    Ако ти ја преспива цела ноќ спие одлично од 21 30 до 6 и преку ден два часа.
     
    На srce-9 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  19. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    1.062
    Пол:
    Женски
    Се буди неколку пати и тоа обично во период од 2 по полноќ до 5.
    Не паметам кога има преспиено без да се разбуди ниеднаш.
     
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.983
    Допаѓања:
    166.595
    Пол:
    Женски
    Нема проблем Ели. :) По некое пишано правило би требало да намалува. Ама тоа е многу индивидуално и зависи од дете до дете. Исто, зависи дали спие подобро ако е изморен, ако непосредно пред дремката имал некакви активности, или спие подобро ако претходно направиш атмосфера како што си направила. Во секој случај, пробај што ќе му одговара повеќе. Мојата на пример сака да е уморна, ама изнаиграна, изнаскокана значи преуморна. Затемнети светла и тивка атмосфера ниту ноќе не ми успева.


    Не мора да значи. Мојата доцна легнува, доцна се буди. Под 12 саати спиење, нема жива сила што ќе ја стане од кревет. Едвај чекам да почне во градинка, да и се среди распоредот.
     
    На elimkd и haruki им се допаѓа ова.