Некогаш знае да кенка и да не знае шо сака ама поголемиот дел кога се буди кажува дека не сака да спие дека е наспана вика по нас да станеме па ајде се убедуваме како е уште ноќ па желби и изговори милион како пред заспивање. Тргнавме цуцла, шише ама нема никаква промена. @KuklickaSk
Мojата плаче сo затвoрени oчи какo кoшмари да има. Oд сирупчетo е смирена, убавo спие знае самo за закенка.
Значи јас треба ќерка ми на глава да ја носам откако ве исчитав сите. Мојата откако е родена и денски и ноќе заспива буквално за 2 мин. Само што ќе фати хоризонтала веќе мижи и спие. Не делуваа ниту скокови ниту регресии. Првата година буквално цела ноќ ја преспиваше. Сега станува ноќе, некогаш 1-2 пати но веднаш презаспива. Сеуште цица-( тоа е тема за која се плашам како и кога ќе заврши) Но после синко вечен неспијач редно беше Господ да ме награди со спанка. Таа легнува во 20:30 најкасно, во 6:30- 7:00 е веќе станата. Денски спие од 12:00-14:00 2 часа. Негде 12-13 часа во денот. Инаку @haruki имај надеж. До 4 год со синко буквално месечарев. Легнувавме во 21 до 23 заспиваше, во 1 се будеше, до 3 презаспиваше за во 5 да е на нога. Од 4 год почна да спие цела ноќ. 17 год има и воопшто не е спанко. Доцна легнува, рано станува.
Дали со цицање призаспива? Само јас и ти генерациски останавме со цицањето моето со цицање заспива ако се разбуди со цицање и призаспива. Цица и кога е нервозно или кога е болно.
Не секогаш. Сега откако се разболи нон стоп беше на цице. Но како што здравее поретко бара. Може 4 пати да се разбуди ноќе само раката да ја стави на града и веќе спие. Ретко ќемка додека да и дадам
Јас пак се вратив со прашање Почна да се врти има 3 месеци сега, откако научи да се врти не престанува значи станува и се врти одма. Само на едната страна знае да се заврти на стомак и незнае да се врати после. Сабајле во 5 саат станав и го видов на стомак си легнал се преплашив некако ама главчето си го завртил како што треба, некогаш преку ден кога преспива на стомак го имам приметено како ќе легне со носот надолу и морам да му ја вртам главата а вака навечер не го ни осеќам кога се врти. Што правевте вие за ноќно спиење кога почна вашето бебе да се врти? Дали треба да се плашам или бебињата знаат како со главчето? Страв ми е да не се задуши, само тоа мислам.
Мајки малава ми е 14 и пол месеци и е моментално во 9 скок, па се префрли од 2 на 1 дремка. Ама таа 1 дремка мака мачиме да ја врзе да биде барем 2 или 2 и пол саати.Се буди 1-2 пати во текот на дремката и ја презаспивам зошто гледам дека уште ѝ се спие.А за 2 дремки ми е многу зошто долго седи будна. Гледам дека ѝ е ок и не се преморува. Ноќе спие супер, ретко еднаш да се разбуди да ка гушнам и одма презаспива, од 20:30 до 7 сабајле отприлика. Од скоков ли е вака?
Ние имаме 2 годинки и откако го одбив од цицање си спие по 12 сати без да се разбуди ама проблемот е што касно заспива и касно станува јас моментално не одам на работа па му попуштам; ама и да го разбудам сабајле порано плачи пишти ; па го оставам обично до 11 или 12 спие а навечер седиме до 1 или 2 часот.... Многу го разгаливме...
@prinstongirl2 немам пробано со ништо многу сум скептична некако. @Larahappy кај мене плачеше така кога вадеше тројки, четворки и петки, проблемот е шо она е секундарно будна на нога и цврсто стои на тоа дека не сака да спие. @Presrekna сите ми викаат така ке почне да спие ако ништо друго по третата година. Мене ми е нереално како може толку енергично и темпераментно дете да не спие од кај и е силата не знам. На моменти се помирувам ок такво е детето ама многу често сум загрижена. Педијатар вика тоа е нема проблем едноставно не сака да спие а иначе се си е супер среќна е расположена не е кенкава, јаде убаво, зборува се, оди во градинка.
Мене не ме заборавај, 2,5 години е уште цица за заспивање. И пред да стане наутро, најчесто околу 7 бара титема. Денска дремка нема веќе, па само навечер цица.
Од кога вашите малечки почнаа да ја преспиваат цела ноќ? Ќерка ми е 18 месеци и мн се буди во ноќта. (не цица и има 12 запчиња) Изморена сум веќе од тоа ноќно плачење, нели е голема за толку мн да се буди??
22 месеци и уште се буди по неколку пати, цица мојата и претпоставувам затоа се буди, од навика. Ненаспана сум 22 месеци и се навикнав веќе, нема друг избор....
Кратко пред 2години почна да преспива цела ноќ, а не цицаше од 13 м. Прочитав студија дека деца до 2год дури 65% не ја преспиваат ноќта.Така да ептен е нормално да не кажам, ама па премногу е мачно, за мајката.
@Lovebug01 научена е пократко да и трае едната дремка бидејќи претходно имала две ( времето било поделено во 2 дремки). Ќе и треба малце време додека да почне да сврзува ама секоја транзиција на дремки е таква, хаотична. Ние уште сме на 2 дремки од кои втората трае 40 мин. Не го оставам повеќе од ова оти многу до касно ќе седи навечер.