Се се плашев да прашам со спиење, мојов за некој ден 14 месеци, можам на прсти да избројам колку ноќи има преспано. Стално се буди мноќе, сеа почна да сака во раце и кај мене продолжува да спие, Се прашуавв дали е нормално зашо е преактивен преку ден и сеаг проодува мислев ќе биде уморен и ќе заспива ама јок детево душа ми вади со заспивање и спиење. Гледам дека не сме сами се надевам дека за брзо ќе почне да преспива цела ноќ @Lovebug01 и ние имаме транзиција секој ден е различен за спиење еден ден две дремки, еден ден една. Деновите кога има една дремка ноќе е хорор по тоа приметувам дека сеуште е рано за да скратиме Инаку и 4ки ни растат и баш се се собрало
Мајки не губете надеж,малата почна да преспива по цела ноќ..јеее 4 години и 2 месеци има Никад није касно Е сега беба уште се буди по милион пати,јер двете ми се погодија неспијачи. Ама кај 4 уште 2 год.ќе издржам
Ако сакаш да го научиш да заспива рано, ќе мора да го будиш рано. Полесно е сега, отколку поголем, плус кога ќе почнеш да работиш, ќе треба да станува за во градинка, па и за училиште. Почни, ако спие до 11, првите денови буди го во 9, ќе биде нервозен, ќе плаче, ама мораш да издржиш. Ќе го легнуваш накај 10 прво, сите ќе си легнете, ќе изгаснете светла и тв, ќе зборите тивко или нема да зборите воопшто. Кога ќе фати некој ред така, ќе почнеш во 7 да го будиш. А навечер да легнувате во 8 и исто како што пишав претходно, темно, без светло и тв, без гласно разговарање. Ќе биде мачно, напорно, ќе бидеш ненаспана, ама ако сакаш да легнува рано, ќе мора така.
истото. Наутро кога стане цица и за заспивање. Ама кога ќе почнам на работа и ќе треба да сум прва ќе биде леле мајко зашто смената од 6 ќе ми почне а од 5 да станам
Замисли,за прв пат ноќеска се будеше само 2 пати Ама 5ките кај да е ќе почнат да излегуваат па очекувам журка Не ми е проблем што ќе се разбуди за доење него досадува. Еден саат е будна,неќам ова цице,сакам од другото.Сакам вода.Сега пак сакам цице...дрн..ќе се рассонам и неможам да презаспијам. Додека презаспијам пак се разбудила
Ма знам ,те разбирам . И мојата вади петки. Значи незнам што се дешава веќе . Се буди,чкрипи со забите. И мојата се успива во раце со нишкање по соба. Па гледај ти. Ми се вришти веќе.
А моево гладно и се буди за цице. Заби одааамна извади, од глад станува. Кога ке се најаде навечер убаво го нема да се сврти на страна друга.
Исто...хаха Значи легнуваме сите, гасиме се, ние веќе на задња црта батерија а она... Ама не можам да заспијам, мижи дете, како да заспиеш кога не мижиш. Па ја чешало, па ја болело, па неможела да се намести, па забораила да вечера, па ми отвара очи, па мрда, па се издишува. За дете што не спие, секоја тактика е џабе, буквално. Ми вика ми се спие мене, ама не сакам да спијам и стварно се труди да не заспие. Ќе осети дека и иде дремка и станува, мрда се праи за да не заспие. А ако реши да мижи, се успива за 3 секунди.
Малово си спиеше цела ноќ од раѓање. Оваа недела две почна да се буди често, некогаш за цуцла, некогаш за млеко ќе пивне малку и ќе плукне . Два пати се будеше со плачење како да ја боли нешто. За 1 недела полни годинка, нема заби уште па се сомневам на тоа. Кој ја знае што ѝ е
мајки calma b сируп искуства? на природна база е сирупов за побрзо заспивање со билки од камилица, маточина, липа.. некоја со искуства? го земав по препорака на матичната
Кај нас немаше никаков ефект. И б-6 и давав, мислам дека добиваше повеќе енергија и сега ништо не давам. Се помирив дека никад нема да сум наспана и одморна.
Колку време ви треба да ги успиете децата? Мојава е 15 месеци, денски преспива еднаш и заспива за 15 мин. Ама навечер душата ми ја вади по 30-40 минути откако ќе ја ставам во креветче додека да заспие. Само мења положби како да се нервира, а јас ја враќам на перница со главата. Инаку заспива во креветчето јас седам до неа и ја галам. Распоредот е отприлика вака: Помеѓу станување сабајле и дремка е будна 5 саати. Спие 2,5-3 часа После дремка до ноќно заспивање е будна 6 саати, со тоа што пола саат претходно се успиваме. Навечер не се буди (ретко да заплаче да ја гушнам и презаспива)-ноќно спиење е 10 саати. Дали грешам некаде? Или во ред е?