Спиењето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од lolyta777, 18 јануари 2011.

  1. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    474
    И претходно се будеше по еднаш до два пати но сега на секој саат писка.
     
  2. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.025
    Пол:
    Женски
    Здраво, имал ли некој искуство со ноќно потење на 4г дете? Во принцип, ги знам причините од кои би можело да биде, но не е толку едноставно (не е претопло, не е вит Д). Дали е можно да се случува во процес на опоравување? За месец дена имаше и ковид, и гнојна ангина, и вирус, и бактерии. Стрес на организмот, антибиотик, ослабена е.... Сега би требало да сме во процес на опоравување, но апсолутно секоја вечер - заспива, во првиот саат се препотува жива-вода коса и грб, се пресоблекуваме, и се најнормално продолжува да спие без потење.
    Има ли некој искуство или идеја што би можело да биде?! Можно ли е да е активна некоја инфекција во организмот? Апнеа мислам дека не е.
     
    На snegulka445 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.604
    Допаѓања:
    76.836
    Пол:
    Женски
    Потењето може да е пост Ковид... Мајка ми страшно потење имаше и при прележување и после тоа некое време.
     
    На Leo_29 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    474
    До кога ги успивавте вашите малечки? Од која возраст почнаа да заспиваат сами?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Дали има регресија на околу 2 години?
    За еден месец правиме две годинки. Уште заспиваме со цицање со будења ноќе. Н3 успеав да ја одбијам.
    Синоќа едвај ја заспав но за околу еден час се разбуди и плаче се тресе дури и нескаа никако во кревет ниту да цица. Од плачење дури и поврати. Се будеше цела ноќ и плаче упорно, дали ја болеше нешто незнам.
     
  6. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Од искуство со дете не спијач ке ти кажам само едно кога се буди со вриштење, трескање и не сакање ништо подобро не се труди да ја презаспиеш станете нека право шо ке прави и од кога ке се смири пробај затоа шо секогаш кога сум пробувала вака на сила на сред плачки завршувало е така со повраќање, тантруми и дупла трескање од земја.
     
    На MilaSs12 и srce-9 им се допаѓа ова.
  7. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека е подобро така.
    Но цела вечер плачеше и немирно спиеше.
    Од утрово ништо не сакала да јаде ниту млеко да пие. Ќе полудам од мисли што и е
     
    На haruki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Калинаа20

    Калинаа20 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    И мојата ќеркичка не спие навечер,некогаш се буди со силно плачење што некогаш кога ја гледам така навистина ме фака страв,ама ја оставам да се разбуди убаво,кога ке престане да плаче играт малку и пак заспиват,имам прашано што може да биде ми викаат дека можно е да е период ке помине,се надевам дека е така,а за денски обавезно преспиват по час и половина,сум пробала и да не ја преспивам меѓутоа пак се разбудуват навечер иначе малата имат 21 месец
     
    На srce-9 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.289
    Допаѓања:
    37.181
    Пол:
    Женски
    Ова можно е и кај скоро 5 годишно дете?
    Сите филмови ми поминаа низ глава
    Не знам како да се смирам
    Плачеше се тресеше некако и топло беше мерев тт нема прашувам дали сонувала нешто вика не дали ја боли нешто не што и е не знае
    Многу ми е страв
    Заспа пак
    Еве пак сега леле
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. i.l0ve.sex

    i.l0ve.sex Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Здраво на сите , барав соодветна тема но не можев да најдам , па вака ако може некој совет од вас да добијам. Се работи за детето на маж ми од првиот брак , значи тој уште некој месец ќе наполни 8 години и сеуште спие со него . Значи на почетокот спиевме и сите троица на кревет, но поради неговото немирно спиење на крајот јас сум таа што останува ненаспиена цела вечер, па затоа еден период сопругот спиеше со него , а јас во друга соба. Од како се венчавме милион пати пробувавме да го оставиме да спие сам, но тој постојано се буди во текот на ноќта и доаѓа во спалната и го бара татко му под изговор дека му е страв , и така по цела вечер. И сега веќе не знам колку месеци мојот сопруг спие со него во детската соба , а јас спијам сама во спалната . Искрено ми смета затоа што сметам дека е доволно голем за да спие веќе сам . Стварно не знам како да го одвикнам . Инаку и кога е со мајка му тој спие со неа или со една од бабите и значи никогаш не е сам. Ве молам за совет
     
    На Tica~ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.826
    Допаѓања:
    18.657
    Пол:
    Женски
    Не е изговор дека му е страв. Навистина му е страв. Детето не се плаши од чудовишта под кревет, се плаши затоа што татко му има нова жена, тој има два дома а е многу мал.
     
  12. i.l0ve.sex

    i.l0ve.sex Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4

    Па за се друго е толку интелигентен само кога станува збор за спиење прави проблеми. А мајка му веќе 3 години има дечко уште пред мене , но кога се појавив јас како тогаш да стана проблем , јас детето го сакам инаку кога не би било така не би прифатила ни брак ни ништо , ама ова со спиењето ме мачи и толку ми ствара нервозна не можам да опишам , еве сега не можам конкретно да заспијам затоа што не можам да разберам до кога треба тој да спие со татко му , до пубертет ?!?
     
    На Tica~ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.826
    Допаѓања:
    18.657
    Пол:
    Женски
    Добро те разбирам јас тебе, само ти кажувам за детето. Плус си има навика да спие со некого.
    Да е твое веројатно нема да те нервира да спие со вас. Мене син ми не ме нервира ни најмалку што јас и маж ми сме имале секс на спална еднаш кога тој беше на гости. Особено па откако се пределивме, една година сме сите 3 на спална. Сакам и јас да се мазиме и да имаме утрински секс ама ке почека.
    Паметни се децата ама за одредени работи. Има разлика од созреана возрасна личност до дете кое е мало да разбере се.
     
  14. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    Не е мало дете од 8 години за да спие само. И за џабе критикуваат, нема врска дали е твое или не, и да е мое на 8 години јас не би сакала да спие со мене.
    Тука нема што да се направи освен да спие со запалено пригушено светло, пуштен тв, отворени врати од спалната и детската. Татко му со тебе во спалната. Ако на сред ноќ дојди кај вас ок, нека легни со вас, одвреме навреме дури се навикни но за почеток нека се знае кој е негов кревет, кој ваш. Ако постои некогаш опција таткото да биди со него во детска дури да заспие, па потоа да се врати в спална.
    Тешко е тоа што каде и да оди спие со некој и што можеби никој не се труди освен тебе.
    И не се работи тука само за секс туку и за квалитет на сон.
    Јас сум за дете да спие во своја соба штом престани да цица и да се буди навечер. Да нема услови ок, ама вака при своја соба никако.
    Има различни деца, некои порано, некои подоцна ќе се навикнат ама горна граница мислам дека е на 5 години.
    Како и да е не треба да се откажуваш, не може ништо преку ноќ ама за тоа најмногу ти треба поддршка од сопругот во оваа ситуација ако тој попушта не можиш ништо сама.
    На сите ни било страв ко деца и сме спиеле сами и сме останувале сами дома не тоа причината за да спие со таткото до 15 години.
     
    На i.l0ve.sex му/ѝ се допаѓа ова.
  15. i.l0ve.sex

    i.l0ve.sex Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4

    Истото мислење го делам и јас и ако ти кажам дека и со тоа пробувавме со месеци па едно 5, 6 месеци да пробуваме да го оставаме сам и ное да си легнеме и со столна лабма и со отворени врата , џабе е се значи доаѓаше по 10 пати на вечер и пак останував ненаспиена плус да не з орам за стресот кој го чуствувам секој пат кога ќе го слушнам дека го вика татко му , еве ќеви кажам еден пр и на одмор кога одиме спиеме во иста соба не дели само 1 натказна од неговиот кревет и тој истото го работи се додека не легне маж ми со него тој не престанува. Не сум паметна што да правам ‍♀️
     
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.993
    Допаѓања:
    48.282
    Пол:
    Женски
    А да пробате неговата соба да му ја уредите поколоритна, на ѕидовите да залепите јунаци од омилените суперхерои, креветчето во форма на автомобил, тепих, завеси некои шаренолики, постелнина некоја детска со некој јунак исто…. Се да е со неговите омилени работи и со мерак да си спие … чисто предлог
     
  17. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    Е ова е веќе друго, ова не е страв. Ако не можете да ја откриете вистинската причина можеби би требало да поразговарате со психолог.
     
  18. i.l0ve.sex

    i.l0ve.sex Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4

    Да бидам искрена кога прв пат дојдов во станот каде живееше маж ми , во детската соба имаше еден кревет , бели ѕидови и расфрлани играчки , затоа што го реновиравме станот мене ми беше мило и со радост му ја уредив детската соба со тапети со плакари , работна маса , тв , playstation, значи да не набројувам собата е вистински рај за деца , јас кога бев мала немав моја соба а толку мн посакував да има , а тој има се и воопшто не се радува на ништо затоа што се што ке посака се му се исполнува. Плус парите за реновирање на станот беа од моите родители и да не ме интересираше детето немаше денар да вложам во таа соба , но ви кажав со радост ја уредив за сега да се нервирам што треба сама да спијам ... не е мал 8 год ....
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. i.l0ve.sex

    i.l0ve.sex Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Што се однесува до мене јас би отишла ама познавајќи го маж ми колку само е тврдоглав знам дека нема да се сложи и плус пак ќе биде истиот муабет ќе се среди , ќе се среди , кога ќе се среди ?! Јас со секој изминат ден си ги трошам нервите , потсвесно , а и свесно многу се нервирам
     
  20. Калинаа20

    Калинаа20 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Очигледно дека детето е поврзано многу со татко му,можеби тоа што се разведени на него имат оставено некоја последица ,јас мислам дека со детето треба да се поразговарат а најдобро ке биде со некој психолог,секое дете различно го доживуват разведувањето на родителите можеби осеќат некој страв па затоа спие со татко му.