2 godini i 3 meseci i ja isfrli dnevnata dremka zaspiva vo 21 nekade stanuva vo 7. I da lwgnuva porano i da stanuva pokasno porano izgleda pak e isto nema da zaspie preku den. Na ovaa vozrast kako vi spijat otprilika decava.
2 год е мојата,со една дремка е,еднаш издржа без ниедна,ама периодов е доста поактивна,времето откако се стопли по 3 часа мин сме надвор и поубаво и поцврсто спие.Уште да ја одбијам од заспивање со цице
И синко уфрли мини дремка од 15-20 минути денски. Во градинка се уморува, шетаме и се троши доста. Некогаш знае и без дремка да помине, ама неделно има 2-3 дена со дремка.
И ние веќе сме полни 2 годинки. Спие еднаш дневно , станува рано во 7 часот е будна и заспива околу 12 30 до 15 часот тој период. Кога сум дома исклучиво со цице заспива ако несум со цртани а навечер обавезно цице, се буди по двапати за цицање .... незнам како да ја одбијам
Дојдов да се жалам и да барам совет. 3 години е малата, 3 години секоја вечер без исклучок се успиваме по саат-два, дојдов до степен да рикам и плачам од нервоза, очајна сум! Се можно пробав, и да спие, и да не спие попладне, и да стане рано апсолутно ама апсолутно ништо не помага. Ова е малтретирање и за двете, се бањаме , читаме , и почнува шоуто : збори уста не затвара, се беси по мене, ајде со фино, па ми пука филм па плаче она плачам ја, па пеам,што ли не за накрај пројдат 2 саати и едвај заспие. Излегувам од соба измалтретирана и нервозна. Давав калма б сируп - јок , ништо. Во консултација со док ми рече б6 витамин пред спиење. Советувајте ме некако, не знам веке како да си помогнам
млеко не пие одамна, строго на ад беше, не пие кравјо, чај исто. Мн пазам на шекери и храна За гревои се простудирав веке со заспивањево , не знам што да правам! и пишав и на др.гуднајт, чекам одговор ама се плашам дека е касно, 3 год има. Инаку препива нок без гајле од бебе, никогаш не се буди, спие цврсто. Само иди заспиј ја..
А да земеш ама убаво,убаво,убаво да ја измориш пред спиење да е капната? Да не има одвишок енергија детето...
пробав и тоа, полоша е. Се мислам да не е време да откажам дремка попладне,? не спие повеке од 45 мин,накај 12 легнува. А ми се случило ако не спие така, рандом да заспие во 3 после ручек, значи и се спие..
А да ја оставиш сама да рипа скока и да легне? Значи ти искочи од спалната нормално зиркај од некаде .. Друго веќе ништо не може да ми текне
ххахаха жено затоа сум очајна! Ја оставив , рикаше, урлаше, цело маало не разбра. Па се вратив во соба, се тресеше од нервоза викаше зошто сум ја оставила сама, жива вода испотена од дерење, мн ми беше жал.Најлошото е што заспива само со мене, татко и ако влезе тоа е урлање, нека дојде мама и крај, не се откажува човече што инат дете ке беше
Сакам да можам ама ова трае премногу долго. 3 години , 365 дена секоја вечер по 2 саата, без никако подобрување. Има денови кога сум исцрпена и кога ке ми текне дека треба да ја успивам, стрес доживувам зошто не знам што ке биде, дали ке биде саат време или 2 , во најлош случај 2ипол саати. На два три пати така се имам изнаплакано а она ми вика: ајде мама, легни си треба да спиеш
Мојот син сега ке полни 6 и исто сме Имам пишувано по темите многу Ако не ме држи за уше или коса не заспива исто околу саат саат и половина додека заспие па мн често и јас заспивам кај него неможам да чекам до 1ч по полноќ тој да заспие Станува околу 9 наутро Сум пробала и во 6,7 да станува може ке заспие тогаш околу полноќ но пак со истите ритуали Јас веке се помирив со тоа Се надевам дека за 2-3год сам ке се откаже
Само што те читам и почнувам да се нервирам, и јас со мојава имам многу проблеми со спиењето, и знам дека ќе ми остант трауми за цел живот. Мојава има 4 години и дури не почна на училиште/градинка така беше секоја вечер. Од кај 8 часот секоја вечер и идеше некоја енергија и ја држеше по 3 часа, дури да заспиеше цели карневали се случуваа низ дома и згора на се не ја спиеше цела вечер, обавезно се разбудуваше кај 3 или 4 полна со енергија како да спиела 9 часа без престан. Сега и давам шише млеко и до 9 ч заспана е, но навиката да се разбудува среде ноќ не и помина, единствена разлика е што сега кога ќе се разбуди не шета низ стан да ги разбудува сите, туку ме разбудам мене и се преместуваме на кауч и лежи до мене и ме убива од клоцање. Пишувам и солзи ми течат, 4 е*ени години ко човек немам спиено. Немам совет да ти кажам што да правиш, освем да пробаш да не ја преспиваш преку ден, и само сакам да ти кажам не си сама
Леле мајка фала што пиша. Кој не проага низ ова ке рече ај бе дете ке смени, не знае како е .Мене ова почна да ми влијае и во текот на денот здравствено, психички. Станувам со главоболки од нервоза од предходната вечер, се понервозна сум како се стемнува зашто знам што ме чека. Вчера прв пат Б6 и дадов витамин, заспа за 35-40 мин, не знам дали да препишам на Б6 или така се погоди (ова се слушува еднаш на 3 месеци), да не зборам пред време да не се урочам.А за клоцањето иста приказна, лежам до неа она клоца клоцааа не се смирува човече
Ако ми веруваш, еве ја скоро 5, без 3000 пати да кажам мижи, спиј,не мрдај, не збори итн итн... Не поминува вечер. Се тогаш има шо да каже, се ја чеша,и се моча итн... Кога беше помала, нормално ајде гасиме се, легнуваме сите, небре, таа штом ние замижиме станува и си оди од соба . Едноставно спиењето и е крш Плус имаше период кога ноќе не спиеше туку вриштеше на пола саат,по саат време. Абе ми идеше да скокнам од тараса. Не ненаспана, не легната у хоризонтала како што треба. А не дека и треба многу време да заспие, само треба да реши да мижи. Да не е топло, да не е ладно, да е уморна, да не е преморена, да не и е оптеретн многу мозокда не преживува многу ноќе. Да има смирена игра, абе шо уште не добивме како совети. Едноставно детето е такво. Седи очи и се затвараат така ги држи со раце отворени, баш ко на том и џери. Полудев буквално. Дење не спие скоро од 2ипол. Не дека беше предходно некој спијач, дремнуваше два пати по 40 мин,па после кога прејдовме на една дремка највеќе до саат. Се помирив, неспијач е и тоа е тоа.
Мајки По колко часа ви спојат децата на возраст од 7 и 6г Сега се на распуст легнуваме околу 22ч но заспиват околу 1 по полноќ Со керка ми немам проблем седи во соба нешто игра црта,но и тоа ме нервира сакам да заспиваат порано Веке за син ми имам пишувано морам и јас додека заспие Стануваат околу 9-10наутро сега кога се дома За училиште околу 7-7:30 стануваат но пак исто преку вечер пред полноќ не заспиваат Дали има некој начин незнам како да пробам да легнуваат околу 22 најдоцна 23 да спијат веке