Повеќе активности преку ден. Велосипед, игри со деца, брканици, базен. Делува дека не се уморни според ова.
Колку дремки имаат децата околу 2г? Почна ич да не спие преку ден ќерка ми или максимум 1 час да дремне и тоа кај 17ч. Заспива во 21ч
Една дремка е доволно, сепак мали се за да не преспиваат преку ден, е сега колку часа од наше искуство зависи колку бил активен пред дремката и колку часа ноќе е спиен ама сепак минимум 1,5час
Од градинка почна ова, пост ковид во март се врати и престана да спие таму, макс 15мин, бар дома спиеше по 2-3 часа. Сега веќе цела недела ни дома не преспива. Станува во 7, легнува во 20-21ч,не застанува ниту 1 секунда, трепка се прозева, и не сака да легнува. Трча нонстоп, незнае да оде. Се е љубопитна, да виде, да слушне, да доигра. Се случува заспивајќи ја неа, пред неа да заспијам
Уствари нема ни време за денска дремка Биди поупорна легни си, затемни ја собата, прави се дека спиеш да одмори и таа и ти со неа
Моето тој период спииеше два пати денски, околу 15ти, 16ти месец самото ја исфрли едната дремка и сега веќе е на една
Мајки ај пишете колку им е прозор на будност на деца од 20+ месеци. Сѐ мислам дека нешто погрешно правам. Проблемот е вечерното заспивање кое знае да трае и повеќе од 1 саат. Имаме рутина, миеме заби, облакаме пижами, читаме книга и исклучувам светло и пуштам на телефон музика со која ја заспивам уште од 1 год кога беше. Секоја вечер во исто време. Не цица, млеко од шише не пие, цуцла не користи. Легнуваме на спална двете и почнува да се превртува, да мава со раце со нозе, да ја дига перницата, не збори ништо ама не се смирува по 40 мин. Се тркала по цела спална а јас ја бркам за да ја галам, чешкам во косата…и ништо. Нерви искинав веќе. Прозор на будност од дремка до ноќно заспивање ѝ е 6-7 саати, од кои 1 саат се мачи да заспие. Од бебе беше тешка за заспивање. Пена ми фаќа устава од мижи мижи што викам и на крај веќе и јас губам нерви ѝ подвикнувам, она плаче и секоја ноќ со плачки заспива, а јас имам грижа на совест. Не знам веќе што да превземам. По цел ден сме скоро надвор, трча, троши енергија, не седи пред тв и не покажува никакви знаци на умор. Кога ќе заспие ја префрлам во креветче. Точно после 2 саати откако ќе заспие се буди со плачење и ме бара да ја земам со мене на спална и одма си продолжува и си спие до сабајле. Ај тоа толку не ми е проблем зошто одма презаспива ама па до пред неколку месеци спиеше по цела ноќ по 10-11 саати без будење. Ништо немам сменето, сѐ е исто и рутина и време на одење во спална и сѐ. Значи секоја вечер по минимум саат и пол сум во спална. Пола саат додека ја облекувам додека читаме книга и уште минимум 1 саат додека да заспие. Дајте некој совет макар и витамини нешто било што зошто секоја вечер наместо да уживам во овие работи, јас се нервирам и плачам и не знам веќе како да ѝ помогнам и нејзе и себеси.
Супер рутина имаш. Ми се допаѓа тоа што не зависи од никакво млеко и што легнува со измиени заби. Исто што не бара нишкање во раце или бањање пред спиење. Секогаш прво пофали се, па потоа нервирај се. Ќе се подобри ситуацијата, кога тогаш. Самата ќе увидиш како да ја поправите, или пак е само фаза и самото дете ќе се навикне да заспива побрзо.
Супер ти е редот и рутината. Издржи, со тек на време ќе заспива побрзо. И до тебе е - не се лути. Осеќаат нервоза од нас. Нека скока, нека рипа, зборувајте, раскажувај и нешто кратко и јасно. Садовите, алиштата, прашината нема да избегаат. Уживај во тие моменти кога не треба ништо да правиш освен да лежиш со неа. Скапоцено време.
Мојов прозор на будност има 4,5-5,5 часа од дремка, вака тера одамна, 2 години и 2 месеци има сега. Станува од дремка, на пример во 16, вечерта околу 21 го легнувам и до 21:30 е заспан, понекогаш и порано. Веќе во 21 е прединамичен, уште повеќе скока и трча по дома како да не бил надвор, а тоа ми е знак дека веќе му се спие. Можеби е многу 6-7 часа од дремка до ноќно, пробај порано да заспие. Може од премореност да е така динамична и да и' е потешко да заспие. Едит. Еве го побарав ова, го видов пред некое време, чисто онака да видиш.
Влегов да се пожалам и да прашам некое дете слично на моево и те прочитав тебе @Lovebug01 Исто значи до збор како што пиша ти само моево има 1 год и 5м. Таква нервоза ми доаѓа незнам што да правам. Ни преку ден ни преку ноќ не спие.. Ние само што скоро секој ден се тушираме пред спиење инаку се исто, за да не ја легнам постојана бара цици (цице) ајде ке и дадам 2 секунди и станата е. Ок, доцица ако ја легнам значи таква драма прави плаче и цело време се умилкува мама, цициии. Ќе ја земам пак и пак исто па ајде ке легне. 2 сати се врти и превртува, си седи седната, легнува, пак станува, си збори, бара вода .. Ама цело време нешто измислува.. За преку ден да не пишам денес спиеше само 10 минути.. Некој пат ако седам до неа спие подолго ама ако станам и таа за 10 минути станата е и не презаспива. Денес легнав до неа и седавме 1 час легнати. Незнам дали е правилно и дали ќе научи ако се буди брзо да ја држам в постела во тоа време што требаше да спие.. Дајте некоја идеа како да заспива побрзо значи стварно немам нерви со спиењево.. Од мало имав голема мака и уште е исто..
Мајки знам дека некоја ке каже тоа минува Јас знам дека минува но навистина ми е напорно За неполн месец син ми полни 6г, ке почне и со школо Проблемот ми е што не заспива без мене,а заспивањето час и половина секако трае Плаче во соба ако го оставам не сака сам,го прашав дали му е страв ми вели не но не сакам сам да заспијам,кога ке заспијам ти оди легни си Еве уште не спие секоја вечер е 1 по полноќ додека заспие и околу 5,6 наутро пак ми вика или јас да дојдам кај него или тој доаѓа во спална и одма продолжува да спие Мислам дека не е толку мал за да ме бара мене за спиење Со керка ми немав никаков проблем од 3год спие сама во соба без никакво будење Некоја ако имала слично искуство до која возраст да чекам па да почне сам да заспива Секој совет ми е добредојден
Кај нас помогна проектор со звезди за да свети во темното и тонибокс за да слуша приказни за успивање пред заспивање.
За нијанса подобро но сеуште нема врзано цела ноќ. Вие? @srekice кажи ми барем ти дека почна да врзува цела ноќ?
Хаха,баш сакав да те прашам ,дали мирно спиеш. Јок бре жено. Се буди два пати обавезно. Спиеше некни кога и дадов летизен. Сега и давам Б6 зашто е хиперактивна,ама пак не сврзува ноќ. И веруј,веќе се навикнав и помирив со фактот. Сега поише ме убиваат тантрумиве. Се почести се
У ние сме подобри...ама пак кенка и тоа насабајле иколу 4/5 саат.. А така без кенкањр и барање млееко не сме...
Помага нешто Б6 на хеперактивноста? Оти кај нас не. Леле шо деца ке беа јас не знам. Мене ми е успех шо брзо презаспива сега не седиме со саати. Не збори за тантруми ми се иде и јас да легнам на земја да се трескам некогаш. @prinstongirl2 колкаво беше твоето? Зошто не му го прекинеш млекото?