Лани мислам дека и Тила извадија модел со ногавици, но сега не можам да најдам. Ако најдеш на друго место пиши.
Мojoт неспиjач акo гo пoкриjам самo сo една тетра вo секунда станува урла, а не вреќичка да oблечам. На спална се спие раширен какo авиoн, без да е пoкриена и на секoj 2 саати се квичи за да не се успиjат мама и татo.
Гледам и @Ano ги сподели едните. А еве и овие убаво изгледаат, само дебелината да не ја утнам. Дека со парно сме дома. А е склетџика прва класа. Како бебе уживаше во вреќичка. Ја надрасна. И земав поголема од ело. Ама не знаев дека моето мирно бебе после 4 ти скок ќе се претвори во црвче. Лани сум прашувала, сега проверов, лани биле 1500.
За првата зима имав порачано од тука ама обична без ногавици. Малку се подебели од Тила и некако крути ми беа. 1200 без отвор за нозе, а со отвор 1350 ми пишале цена тогаш. Не знам дали би порачала пак, освен ако немам друг избор.
Период е и ќе помине, на зима подебели пижамчиња и елече сум му ставала зошто видов џабе упорност од моја страна. Сега пак си легнува и сам си бара кебе
@brm_brm И моето е такво, место не го држи. Дури и насабајле кога станува одма рипа од креветот, нема трпение да лежи. Дури сега што ве читам сфатив дека во вреќа нема да може да ја има таа слобода, а таман се спремав да му порачам. А со ќебе нема шанси да се покрива, одма го шутира. Едит: ги разгледав овие со ногавици во бебехоум, многу тенки, не ми се за на зима.
Синко нема гајле со обична вреќа, покомотна. Лази, се исправа, оди покрај наслонот од спалната, се симнува, да не му ја слечам мислам дека ќе тргне со неа. Јас ќе одам пак со варијанта без ногавици, дури му ја облечам таа со ногавици ќе ослабам пола кило.
Поима немам уште, исто и моите . Не, и јас се чудам. Дека се придржува со раце, ваљда затоа. Плус широчки се долу овие што ги имам. А за лазење мака нема. Јас се надевав дека нема да може да станува со вреќа дека некогаш ќе се разбудам и гледам ми стои над глава, ама не.
Бебји ко за поевтино а подебело, тила за поскапо, има дебели и тенки. Ама дебелите се од материјал што мислам дека ке поти. Побарај по локални ке најдеш сигурно.
Веќе 3 ноќ по ред јас и малата се будиме пред 5 часот. Значи без аларм, галама што и да е се буди прво таа, па јас ја осеќам и се будам. Се мачи да заспие а за школо треба да почне да се спрема во 6.45. Дали е период или треба да се загрижам?
Мојот сеа е во голем кревет и се научи сам у сред ноќ доаѓа до спална се будиш и го глеаш на глава ти дошол. Инаку од 2 недели спие сам во соба може слободно да го ставите само.