Навикнат е на млеко затоа станува. Ќерка ми е 13 ипол мес, откако ја одбив, не и сменив со млеко, спие цела ноќ. 3 дена не давај млеко ќе се одвикне, барем кај нас за цицањево беше така.
Луѓе дајте некое чаре зашто јас веќе ќе полудам.. 19 месеци е, ама ова будење за цицање не е нормано. И давам цица, ја легнувам, станува пак и плаче, се тресе, пак да цица. Некогаш се буди на еден час, немам сила немам ни трпение.. Да ја одбијам незнам како, плаче ако не и дадам во рок од 5 минути повторно а не да ја одбијам ..
Мора да ја одбиеш ако сакаш да спие. Не да го замениш доењето со млеко, туку да ги издржиш плачките. Залепи хируршки фластери на градите, кога ќе побара, да види дека нема да може да цица. Ноќе кога ќе плаче, ќе нишкаш, ќе пееш, ќе шеташ со дете во раце. Јас така правев, неколку ноќи мора да се издржи. После тоа треба да почне да спие цела ноќ. Ама, ако го замениш доењето со млеко, чај, вода...пак ќе се буди.
Одбивај ја дури плачиш секоја вечер одлучи се ‘стисни заби’ три вечери се во прашање. Имаш милион начини, намачкај сенф, кармин или едноставно блуза и биди одлучна
Исти сме, исто 19 месеци, не се трпи ова веќе. Толку нервоза има во мене, хронично сум ненаспана, имам и синче од 4 год, ако не и дадм го буди цело маало, не знам како ке се справиме, и градите ме болат веќе од што толку тегне
Женски оние кои имате вреќичка од Нанам, малата е 2.5, ама крупна е ко за 3г, да порачам 18-36 месеци да не е мала?
Незнам што совет да ти дадам, во иста ситуација сме.. Викаат додека не ја одбиеш така ќе биде ама јас незнам ни како да ја одбијам. Кога ќе помисли на цице не помага ништо, со ништо не се закажува, ни надвор, ни дома, ни ништо буквално морам да и дадам. А секој вечер не се трпи по 20 пати се буди, седнува и плаче, само со цице се смирува..
Не знам дали ќе се средиме некогаш. Помагајте! 15м. е Од 4иот скок навака ни се изремети спиењето. Денски и онака како зајак спие ама ноќното спиење е хорор. Се буди на секој саат. Ќе и дадам 1-2 млекце и продолжува. Ама останатите будења ја земам и шетам по дома. Особено рано сабајле после 4-5 па мислам на пола саат се буди.
Дајте помош. Дете од 4 години до пред 3 месеци немаше никаков проблем со спиење заспиваше 9 саат најкасно, за викенд спиеше и по 12часа. Пред 3 месеци доби сестричка и од тогаш се се смени. Неможеме да го заспиеме до 23 часот и тогаш едвај заспива, секое сабајле сме со борби да го разбудиме за во градинка. Мора заедно да го заспиваме со маж ми, инаку не спие. Пробавме буквално со се, го легнуваме во 21 часот он до 23 не може око да склопи. Знам дека како растат им треба помалце сон ама одеднаш скрати многу од спиењето и сметам дека е многу малку спиење за него. Некој совет ве молам...
Дали некоја мајка на 18 + месечно бебе се соочува со кошмари /ноќни терори на бебето? Мнолгу се плашам кога е цело потресено, а не викаме, не се караме пред него итн..
Се помирив срц. Пробав и без дневна дремка да ја држам. Но џабе . Пак исто е . Незнам дали да ја носам некаде на преглед. Дали воопшто оваа состојба е нормална.
Ма каква дневна дремка од кога не преспива и во градинка исто. Иначе јас разговарав со педијатар и вика такво е детето од темпераментот и љубопитноста шо ја има. Се прати се гледа не престанува да зборува една секунда. Многу е активна и нема мир. Ми речи нели да пробам ако сакам со капки чајчиња ама вика не верувам дека ке помогне. Како ке расте вика така полека ке се управува. Веке се навикнав да не спијам среќа работам од дома иначе кај ми е крајот.