Оти и мојата беше така еден период, и тоа подолг, може 2 месеца. Цело време и` велев на мајка ми „Забите се, заради тоа немирно спие, заради тоа кенка, заради тоа го ора креветот“, за на крај да ми речи: А бе што заби ќе се тоа, до сега цела вилица ќе и` излезеше И престанав да го посочувам тоа, реков Фаза е, ќе помине, и навистина помина. Ама некни и` реков да ја отвори устата, да видам дали и` се убаво миени забите, и видов дека скоро сите 5ки ѕиркаат, па ми стана јасно дека навистина било тоа Е сега, кај вас може да има удел и активноста пред спиење, да...земи чај од маточина, тој се дава и на бебиња, 1 кафена лажичка во 1 шоља, и почни да му го даваш од кај 19-20 саат. Ќе го смири, ако ништо друго.....и подобро тоа, природно растение е, отколку вештачки Б витамини да му даваш
Ако најдеш начин да му утрапиш на мојов чај, супер ќе биде. Не става во уста ништо што не е вода (зборам за течности). Нема шанси бре. Уште по мирис осеќа дека не е вода (или јогурт). Се мислев едно време тоа да го правам, ама чај со јогурт да мешам, не оди. Инаку, убаво го опиша, ора по креветот ноќе. Ако спие со нас, не ретко јадеме по некоја клоца или шамар
Знам знам, баш истото... Ама да ти кажам право, мојата почна мирно да спие откако се „одделивме“, т.е. го ставивме тој граничникот од Џамбо. Ем таа сама и мирна, ем не се нервира оти се туркаме и стегаме, ем негативната енергија не кружи од еден, на друг, на трет. Пробај и така, оддели го, да си го најде мирот сам.... А за чајот - пробај со мед/малтекс во него....пиј го ти пред него, може ќе побара сам...ако ништо друго, барем мирна ќе си си со нервите
Одделен е. Спие во креветчето, и во текот на ноќта се случува да се качи кај нас во кревет. Нашиот кревет е прилично висок, би му дошло некаде во ниво на горниот раб на самото креветче, и нему му е лесно да се качи кај нас. Ама имам забележано дека помирно спие кога е во креветче... може и до тоа е. Ќе мора да станувам да го враќам назад, макар и почесто, па ќе видиме како ќе биде. За чајот, ни засладен ни незасладен не го пие. Макар ме гледал мене да пијам, не пали. Инаку, криза го фаќа пред да вечера, му се спие и кенка, ама откако ќе се најаде, како друго дете да е, добива нова сила. Се тешам дека иде лето, па ќе биде полесно, повеќе време ќе поминуваме надвор. Башка што чекаме да почнеме во градинка (немало место засега).
Без гајле,фаза е ,ќе му помине.Обично потемпераментните деца,поготово машките поминуваат низ вакви фази.Сигурно преживува се што му се случува преку ден.И јас мака мачев со моите,посебно со син ми.Многу немирно спиеше и сега обично кога се болни,спијат со мене во спална.И уште мава,клоца,па јас си ставам перница да ми ги чува бубрезите .И сега знае да стане и да прошета по ноќи.Кај сестра му во кревет ќе се пикне.И ќерка ми понекогаш шета.Сабајле кога ќе станам,имам што да видам,откриени,напикан едниот во ѕид. А кај син ми сум приметила кога станува навечер да се ,,прошета",обично му се моча,ама толку е заспан што заборава. Немој да се секираш.
I jas maka macam so bebevo. Eve go 9 meseci napravi I uste ne spie kako sto treba. Dedza vu...kako prvi -kjerka mi, taka drugi. Maliov zaspiva nakaj 22c., malku spie vo kolicka, malku vo krevetce, malku so nas. Cela nokj si igrame prefrli se navamu, natamu, nish ni nja kolickata, malku vo race, tapkanje po gazeto.....se', ama se' imam probano I nikako da go naviknam da spie na edno mesto. Kaj nas sveki e taa sto non stop vika deka zabite go macat. Ima 4, nema nabreknati nepca za rastenje na novi i pak rovari I dosagja cela nok. Cvrsto zaspiva vo 4 c. nautro otkako kje se premori izgleda, se kutnuva I spie bez da mrdne do 7c. Cica samo ednas vo tekot na nokjta, koga kako, ama kratam, ne davam da cica, zamenuvam so cucla ili niskam. Priznavam deka sum mnogu umorna I naredniot den obavezno gledam da dremnam koga I toj spie, barem 15 min. Se raspisav, a muabetot imi bese za cajot. Prv pat slusam, kakov e toj caj, go ima li vo aptekive na pr. Zegin......I maliov ne saka caj, ni sok, ama bi probala da mu dadam. A ako ne go saka, jas kje go pijam, da smram malku zivci. I uste nesto...procitav za B6, smee da se dava na bebinja I kolku, celo vitamince ili pola.
Маточината лолитке ќе ја најдеш во Билна аптека, не е во кесички туку исушена во ќеса од 100гр мислам. 1 мало лажиче за деца, голема супена за тебе
до кај 7 и нешто месеци пред 21ч бевме заспани ама незнам зошто сега е неподнослива ситуацијата. денски предпива 2пати по 1 сат преку сила (а пола сат си го заспивал). ноќе се разбудва по 5-6 пати и уште не до опулен се исправува. пред некоја ноќ мм го нашол како спие исправен став да те фати... се почесто го оставаме да спие со нас оти само што го легнуваме се радбудва пред некој месец иамв земено капки валеријана и имаше доза за бебиња, стално прајме мајтап со мм да му дајме...... не се издржува поќе
Prativ aber da mi ja dostavat matocinata, zdravje Boze uste utre kje ja dobijam. Tuku mi rekoa deka se davalo na bebinja posle edna god., a moevo uste bilo malo. A inaku kolku voda s stava....edno lazice od matocinata so kolku ml. voda? A B6 smeam li da davam?
Ајде и јас да пишам дека имаме нова рутина во спиењето. Сега легнуваме кај 8-9 навечер спиеме во креветче до 1 во 1 јадеме и ја ставам во креветче и нејќе веќе да спие ,ја нишкам и давам чај така е се до 2и30 некаде ,кога веќе почнува да тргнува на распалкување кое тешко се смирува и тогаш ја ставам до мене да спие ( спиеме во дневна на седмосед неспуштен на едната страна една до друга па можете да замислите колку сме збутани), ама и одговара одма заспива. Па станува во 4 ја лажам со чај ма јок ќе се разбуди не е за јадење се ѕвери воТв то кој е исклучен и се ѕвери така во темницата едно пола саат и ќе види не види нема светло ќе шмукне малку чај и на спиење . Па стануваме во 5и30 тогаш ручкаме повторно иако не секогаш некогаш нејќе кога како па се нишкаме и некогаш заспиваме до 6и30 некогаш не . Потоа сме будни до кај 8-9 сабајле легнуваме испиеме 15 -30 мин па станувам пак кај 12 часот пак 15-30 мин па во 15 часот околу саат саат ипол спие и доаѓа вечерта .Сум пробувала да скусам на дненво спиење нема шанси пишти како да ја колам исто сум пробувала да заспие кај 22 часот пак се буди исто само што наредниот ден е уморна и цел ден плаче така да баталив си ја следам нејзинава рутина
Стефи ние сме до некаде слиЧни со разлика што моево само заспива и дење и ноке ..НавеЧер знае да си седне или да стане и да збори па да ја легнам пак во кревет Моево поЧна да се буди неретко ноке овие денови , претходно спиеше цела веЧер Не се бунам некоја фаза и е ... Од коа не пие млеко иЧ ако претходно веЧерала нешто солено а не се напила вода оЧекувам и да се разбуди и да е бара нешто да пие ...
маче и јас се лажам неколку месеци дека е фаза ама изгледа нешто многу му е пореметено.неможи месеци да се дешава ова.ех кога ќе ми текни на кој и да му кажев дека во 21 сме заспани и јас и тој ми блазесваја...ехх кај е тоа време, си го сакам назат.... ете вчера го заспав кај 21.30 со млекото,до 23 се разбуди и го презаспав 2пати, и после си се разигра и до 3 ноќта сме седеле, не песни не думкање не со инает, абе одвај заспа и во 6 ете ти го пак.ама со млекото презаспа одма до кај 9. преспа еднаш кај 12. пол сат и сега ете го машала од 16ч спие....ама ноќескашо ќе се прај??? јас сега демек сакав да почнам пополека да го оставам сам да заспива, незнам шо ќе се прај, цел ден глата ми прска од неспана.
Моево легнува ранко сеа со промена на саатот легнува најкасно 20 и 30 , на моја срека заспива сама е сеа неретко кај 03 -04 знае да се разбуди и да прокенка ,и ако ја земам кај нас се разигрува мисли време за игра е Ова се десава еднас неделно е тоа ми е најмака Инаку ја спие цела нок Имам многу убава книга инаку има се за деца до 3 години се написано децата сакаат ритуали Легнување секој ден во исто време ,бањање ,пизамки и кревет и моево си знае дека е така и не се буни Цуцлата ни помага ептен нас сега, млеко не пие пред спиење веке Не е лесно ама па слатки маки се тоа
Син ми најчесто си легнува околу 23 и 30. Се случува и да си легне покасно. Нема гајле ако остане буден до доцните вечерни часови. Станува околу 6 и 30 за млеко и после тоа пак заспива. Се буди околу 10 и 30 и толку од неговото спиење. А некогаш се буди и подоцна. Почна да спие цела ноќ од 5 месеци. Додека да направи месец и пол стануваше навечер 3 пати. Додека да направи 4 месеци стануваше навечер 2 пати. До 5 месеци стануваше навечер по еднаш.
Мојот син никако не легнува без нас во кревет...има 3 ипол години и останува касно околу 12 часот,што мислам дека не е добро...сум се обидела да го легнувам порано но не заспива,а пак насабајле нема проблем да стане во 8-9 часот.
До која возраст спијат децата во бебшките креветчиња? Кога може да ја ставам во обично креветче, секако со ограда за да не падне? Ќерка ми не многу го сака нејзиното креветче, во собата има и еден поголем кревет на кој ја заспивам и после ми е проблем да ја префлам во нејзиното креветче, не ретко ми се буди и бара назад во обичниот кревет.
^Јас ги ставив на 4-5, ама немав ограда, чекав да потпораснат доволно за да не паѓаат. А знам многу пријатели кои порано ги префрлиле. Ако бара да спие во голем, стави ја во голем. Само осигурај се дека оградата и е доволна заштита - не знам каква е, сум видела некои ептен мали оградички што не знам колку би завршиле работа кај мали деца. Јас како заштита им ги ставав бебешките душечиња на земја, ако паднат на меко да паднат. Преку ден душечињата стоеја под кревет, навечер ги вадевме до креветот. До душа, само еднаш - два пати се случи да падне ќерката, ама многу немирно спиеше, а синот ниту еднаш.
Jas minata god. nekoj mesec pred da se porodam ja oddeliv kjerka mi vo posebma soba I vo golem krevet. Samo sto se stopli, april-maj I ja prefrlivme sama da spie vo golem krevet. Imase nepolni 6 god. Dotogas spiese so nas vo soba, vo svoete krevtce, ja sobirase I ne I bese tesno zatoa sto naseto krevetce e malku pogolemo, t.e. 120 sm. Spiese so nas vo soba od ekonomski pricini, ne toplevme vo detskata soba I smetavme deka moze se uste so nas da spie. Bas lani I jas imav slicni prasanja I go iskoristiv sovetot na Ariel za detskite dushechinja. Kjerka mi padjashe nekolku pati, ama na meko. Sega vekje ne pagja, ama zatoa stanuvam po celi nokji I ja pokrivam....ajde mamicki nekoe reshenie za ova Inaku maliov mi e epten nemiren vo tekot na nokjta....eve utre kje pravi edna god. I uste se budi. Ne pie nisto vo tekot na nokjta tuku taka, kje se razbudu, kje si sedne vo krevetce I ako ne go fatam na vreme da go prezaspijam, togas stanuva naspan za igranje. Ni se slucilo nekolku pati nda stane okolu 2 casot I do 6saat sabajle ne saka da zaspie. Sto da mu pravam, nikako ne mozam da go naucam da ja prespie nokjta.Uste sum ko mavnata so mokra corapa
Оградички имам видено во Џамбо ама и мене не ми се гледаа за нешто многу многу сигурни. А ова со душеков на земја ми се допаѓа. Ќе се бориме уште некое време оти знае и во ѕид да се удри не е проблем само на земја паѓањето.