Мајки моите се големи деца но мислам дека малку спијат или незнам Легнуваат после 23ч пред нема шанси а стануваат околу 7 за училиште Таму се активни до 1ч се на училиште,плус син ми 3 пати неделно оди на тренинг фудбал и пак не можат да заспијат Некогаш стануваат без проблем наутро но има денови а ви последно време се почесто тешко им е да станат Незнам дали овој сон е доволен за скоро 8г е керка ми и синко 6г и 4месеци
Хаха. Ама те утешила. Тешко нас. Се тешам со дневната дремка. Уште ја има. Тогаш легнувам и јас и се рестартирам. Инаку ке полудам. Нит Б6 ,ниту мелатонин не помага. Помагаат само ретроградните планети
На 15 мес колку спијат преку ден? Кога не е во градинка ако спие повеќе од саат ипол дење, борби вечерта за спиење, скока по цел кревет, шанса нема пред 9 ипол да заспие.
Кај нас варира од 1-3 h, со тоа што 3 h спие многу многу ретко, најчесто спие 2 h, и најдобра опција е да стане до 15:30 за да заспие негде околу 21:30.Малата ми е 15 месеци,Поздрав
Саат ипол максимум, се што отспал повеќе од тоа се манифестирало со покасно заспивање навечер. Ама приметувам дека му фали надвор да се издува попладне за да дотроши енергија.
Тешко нас со спијањево. Никако не заспива, легни стани на дремка јас лежам до него по еден сат за да го заспијам. Навечер почнува да бара де вода, де сокче де млеко се препива течности, сношти жива вода беше го преслекував, рипа скока на спална, вади се од фиоки се пика во регали, пак качи се горе, пак со нас играње задевање, па куче бара па кола пак во круг. Добро бе синко шо ти згрешивме толку само легни и спијај, време е, не штипи, не клоцај,не скокај кај цел ден ќе го поминиме некако ова навечер ми е нај зафркнато, ми треба сон.
Дали е ок на 18 месеци да преспива два пати на ден. Спие ноќе од 21:15 до 7:45 со милион презаспивања со цицање. Па или спие само од 10:30 до 12:30 или денес еве од 10:30 до 11:30 и сега го успивам 16:15 до 17:30 ми изгледа како да ќе спие. Вечер 21:30 најкасно ќе заспие. Како многу спиење ми се гледа. Машко дете, ако има тоа врска нешто мажите повеќе да спијат.
Не сум мајка ама гледам дека никој не ти одговорил до сега па ќе ти пишам. Не се доволни воопшто, толку мали деца треба да спијат околу 9-10, па и 11 саати.
Мислам дека е во ред. Ќерка ми има 17 месеци и спие навечер по 10 часа (21:00-7:00) и преку ден има 1 дремка од 2-3 часа.
Првото дете многу малку спиеше па второво ми се виде како по цел ден само да спие и скоро бев убедена дека нешто не е во ред. Како ептен малку да го гледам, многу спие.
Обично по 1 дремка треба да имаат на таа возраст (од 12 - 14/14:30 или 15 максимум). Син ми има 20 месеци и тој период спие веќе сигурно уназат 6 месеци. Навечер легнува кај 20:00 - 20:30, се буди два пати во текот на ноќта да цицне и да провери дали сум тука
Мислам треба веќе еднаш да преспива. Моето од 12м преспива по еднаш, али небитно тоа некои порано, некои подоцна преминуваат на една дремка. Ние стануваме во 9часот, заспива околу 14, 14:30 до 16:00ч. И вечерта заспива околу 21:30, 22:00ч и не се разбудува воопшто. Откако направи година вака тераме.
Син ми преспиваше двапати кога ноќе му беше малку. А спиеше 11-12 саати ноќно и два-три саати дење. Кога сме кај спиење, дали начинот на спиење е, некако, наследен? Јас како дете и тинејџер спиев по 10тина саати, без будење, со ставање на глава на перница, 5-10 минути врткање или зјјапање и спиење. Станување со аларм за на школо или кога ќе се наспијам, тоа за 10тина саати најчесто. Никогаш не сум имала проблем со заспивањето. На факултет имав проблем со незаспивање над книга Син ми, убав на мајка, од 7-8 месеци се успиваме гушнат, со неговите рачиња на нашите лица/образи. Малку пеење, малку нишкање, многу галење ама успивањето исто таеше 5-10, најмногу 15тина минути. Кога фрливме пелени најголем страв ми беше дека нема да стане ако му се иде во вц во текот на ноќта, дека спие дете во текот на ноќта без будење. И не станува уште, единствено ако е болен или има температура. Тоа е знакот, будењето во текот на ноќта. Новиот човек, ќерка ми од 12 месеци имаше еден зрак на 2 месеци кога преспа цела ноќ и мислев дека и со неа ќе биде лесно. Ама, некаде од 6месеци стана апсолутно безредие во поглед на спиење. Ај шо ние не можеме да ѝ овозможиме да спие секогаш кога треба/ѝ се спие, тешко се успива и не можеме уште да најдеме начин како да ја успиваме. И сите имаме различни начини, со мене се успива со цицање, со татко ѝ со одење напред-назад и исправена, со баба ѝ со цуцла и со нишкање. И се буди, најчесто за 40тина минути, во текот на ноќта по 5-6 пати, често е целосно будна и "си прави" муабет со мене. Знае да ми седне до глава па да ме исштипе/изгребе поштено. Па морам пак да ја легнам, објаснување дека е време за спиење, па вадам "кујната" и цица за заспивање. Па после саат/два иста приказна. Прашањево, да ја обвинам другата страна за неспиењето и да преговараме со мм да си спијат заедно, исто темпо на неспиење имаат, или да чекам да се оправи?
Спиењето е навика, вештина, што се учи/стекнува. Второто дете и кај мене многу потешко се "научува" односно се буди во фазата кога ќе се размрда и треба да продолжи. Обично е 40 минути. Упорност и трпение. Пробувај да ја презаспиеш, кад тад ќе успееш. Кога неколку пати ќе ти презаспие, со тек на време ќе ја прејде фазата после 40те минути. Вака е кај мене иакосеуште се буди малото, значително помалку.
Мајки како ви спијат малите околу 3 години. Ние сме 2 години и 10 месеци . Обично станува период 7:30 - 8:30 напладне заспива околу 15 часот кога јас се враќам од работа или ако успеат да ја заспијат порано и спие по 2 часа, вечер во кревет е до 22 часот заспана. Ноќе сеуште цица по еднаш евентуално двапати . Не успеав да ја одбијам. Но еве ја од понеделник станува во 5 сабајле пред да пијам на работа и не ме пушта плаче, несака да лрезаспие, плаче по татко и да ја чува оти и тој е прва смена и сега е со баба и . Секое утро плачење и нервирање , незнам што стана со детево не го препознавам. Далј има регресија некоја во спиење овој период ?
Истово сакав да го прашам, пошо мојава знае да си се изврти (во креветче спие уште, 2 г и 4 месеци е) па некако си мислам дека кога ќе почне да спие на кревет обичен ако нема ограда, долу ќе ја наоѓам
Мислам дека зависи од дете до дете. Но и Поголемите кревети имаат ограда ако ти е веќе за креветот да го смениш. Моево е 2 и пол скоро на спална спие и се извртува цел.
Moeto spie sam vo soba vo golem ikea krevet ama sepak staviv dopolbitelna ograda za da ne go mislam.Inaku 3 godini e .