Кога почнаа да ви ги отфрлаат дневните дремка? 2 години и 2 месеци е и кога денски ќе му спомнеме спиење плачи се лути. А преморен е и секој ден се покасно и покасно заспива... вчера воопшто не ни преспа. Затоа денес кога го зедов од градинка беше преуморен и плаче плаче и сега заспа. А навечер си заспива во 9- 9 и пол и спие цела ноќ. Нели е многу рано за да не спие денски, а го гледам дека се мачи.
Мали е 18м, се буди ноќе и плаче луѓе ко да го тепа некој, не знам како да објаснам, наеднаш се случува тоа, што може да е? Му даваме млекце, пие, и после почнува журка од ко ќе помине се тоа... трча по кревети, се фрла над нас, не отепа веќе детево Не е некој спијач, станува 6ипол-7 сабајле, на пладне има дремка од 13ч до 15ч, навечер дури 22ч го успиваме, а не застанува по цел ден, трча, се качува секаде, ептен активно дете е Плус го успиваме во количка, никако сам да заспие, ако го ставиме на кревет да го успиваме, почнува да трча, да рипа над нас, никако сам Помагајте, очајна сум
Големата е 4г веќе извесно време се буди во текот на ноќта, т.е. како да спие или месечари не знам како да го објаснам ова. Седи со отворени очи но се гледа дека спие и зборува нешто што не се разбира. Многу е крипи, дали некој се соочил со ваква ситуација и што да правам кога и се случува тоа? Да напоменам првиот пат се обидов да ја легнам но проба да ме касне
Да се самоцитира мајкава што ја фати инат Можеби некому ќе му се најде Мм замина на службено патување, и уште прва вечер раце ми скапаа лулајќи, го зедов бебко и на спална, изгасив се, се мачевме до 23 часот, ама тоа само првата вечер, после тоа и пладневна дремка и вечерно спиење, се вртка, ползи по кревет и заспива за 20тина минути Отсабајле станува 7 отприлика, за дремка во 12 го носам во спална, заспива брзо и спие до кај 14ч, а вечерта во 20 или 20:30ч влегуваме во спална, заспива за 15тина минути, и ноќе се преуспива без проблем Полесно беше отколку што мислев, инаку бебко е 19 месеци
Kako gi odviknavte vasite malecki od spienje vo spalna? Zaspiva kaj nego vo soba no povtorno doaga vo spalna...place koga ke se razbudi ako go ostavime kaj nego vo soba da spie...
Како јас да пишувам. Ние уште немаме заокружено 2., а веке извесен период да речам тешко заспива, ако не го преуспиам недоспива, спиеше по 2/3ч. Два дена веќе само по 1саат. Како ви беше вам пред 2год?
Годинка сме, во градинка си спие 2 часа , на почетокот и кога ке си дојдеше дома заспиваше . Сега како да сака да ја тргне таа дремка . А за викендите си има две дремки . Дали е доволно на 1 година една дремка да има ? Да не форсирам барем преку недела викендите да си има две дремки
По книга е подобро да има што повеќе дремки што подолго. Така е за секој период, не само при промена на 2 во 1 дремка. Ама секое дете приказна за себе. На година не е мало да има 1 дремка, ако може да додржи цел ден така, и ако не го ремети ноќниот сон. Првото дете на 13мес јас и сменив на една дремка дека требаше да тргне во градинка, ама без проблем прифати за една недела. Второво на 6мес веќе беше на 2 дремки, така да не мислам дека долго после година ќе му треба да смени на 1. Ама познавам многу деца што до речиси 2 години терале со 2 дремки. Правиш разлика кога ќе спие еднаш преку недела и два пати преку викенд, или исто расположена е и исто спие ноќе? Ако е исто, прави како тебе ти одговара за сега. Кога ќе и смета втората дремка, ќе почне покасно да заспива или да станува ноќе.
Па некоја разлика нема , го гледам дека некогаш му одговара да има уште една дремка некогаш не . Ќе тераме вака па сам ќе си смени како и до сега
Моето не оди во градинка, но исти сме. 15месеци е и веќе 2 месеци таман ќе спие една дремка 3-4 дена по ред, па пак се случува да спие 2 пати. Оваа транзиција ми е најтешка до сега, а се гледа дека и него му е тешко да сфати дека треба да спие еднаш..
Секој ден различно , еве денес само една дремка имаше 2 часа спиеше и толку . Ќе видиме вечерва како ќе биде дали ке има некоја промена.
Најтешка транзиција дефинитивно ни беше и нас, од 2 на 1 дремка, од после роденденот до мислам скоро пред месец дена се вртевме во круг еден ден една, наредниот 2, 15 месеци има сега. И сега некогаш знае да ја скрати дремката да спие од 12 до 1ипол 2 и после му треба околу 5ипол 6 да дремне пола сат 40мин за да може да продолжи со денот. Ама дефинитивно е полесно со една долга дремка јас се преродив искрено.
Стварно најтешко , еве вчера имаше една дремка од 2 часа , после нејкеше да спие си легна во 8 стана у 1 ипол ноќта до 4 сабајле нејкеше да заспие . А обично знае да дреме пола саат 40 минути накај 5 ипол 6 и тогаш сме таман ама вчера хаос
Ми треба совет, искуство ако некој нашол решение. Земам предвид и психолошки апект, ама не можам да читам празни муабети од секој втор што станал стручњак за деца. Малата е 3г и 8 месеци. Има своја соба, таму ја заспиваме (со исклучоци неколку пати во годината да легне со нас во спална). Проблемот е што станува секоја ноќ и се префрла. А јас имам толку лесен сон и веќе сум нефункционална затоа што нон стоп ми е прекинат сонот. Признавам не сум била долго истрајна да ја враќам во соба. Ама во скоро 2 години она 3 пати дали преспала. И друг проблем. Летово легнува покасно, а станува сабајле во исто време. Прв пат има толку малку саати сон во 24часа. Инаку преспива денски во градинка ваљда, за викенд исто. Да не испадне дека не сме пробале, сме пробале и со неспиење, сме пробале и со рутини, со изморување, со неизморување, пак и пак се буди и се префрла. Дури и да ја презаспијам она пак после неколку саати ќе стане. Дури се срамам на 4 год ова да прашам. Како да ја научам да преспива ноќ? Дали да и пишам на сања гуднајт работи со големи деца? Педијатар, психолог? Кај да барам чаре.
Син ми наполни 6 и сеуште спие со нас. Има негова соба ама бира да спие со нас. Тесно е, високи и крупни сме сите, ама ке спие со нас додека сака. Спиеше сам неколку пати, но се префрла во тек на ноќ. Еден ден ке порасне и нема да ја бара оваа близина. И ке ми фали тоа. Исто како што сега играње на улица му е приоритет пред одење кај баби и дедовци, а до лани не сакаше да се раздели од нас. Има причина зошто форсираш да спие во нејзина соба?
Ако сакаш нешто да пробаш, мој совет е само враќај назад во кревет. На 2ипол ја преместивме ќерката во своја соба, и иако спиеше по цела ноќ претходно почна да станува. Ќе дојде во спална, јас ќе ја вратам назад. За кратко сфати дека ако татко и го разбуди, он ќе и даде млеко, може и тв ќе и пушти. По некое време и се јавија дамки на забите, по тоа приметив дека редовно станува и пие млеко сред ноќ. Конечно маж ми застана на моја страна, и почна и он да ја враќа во кревет. После тоа, веќе не сме имале проблем. Сега има и братче во собата, и да плаче малиот она најчесто не ни станува од кревет. Ќе се сврти на друга страна и продолжува со спиење. Едноставно мора да и дадеш шанса да заспие сама инаку секојпат ќе те бара. Никој не спие без да мрдне цела ноќ, дури ни возрасните, ама треба да научи да презаспие сама. Јас децата ги имам со мене во спална само ако се болни. Не можам да спијам со нив во кревет едноставно, како хелихоптери се вртат и јас утепана сум до сабајле. Сега и двајцата си спијат во детска. Малиот исто знае да се разбуди ако не може да си ја најде цуцлата, му ја давам и го враќам во креветче. Во спална спиење нема и навикнати се на тоа.
Спие со вас во соба или со вас во кревет? И ова го мислев да и го ставам креветот во спална ама пак мислам дека нема да го решам проблемот, ќе се префрли кај нас. Причина е нефункционална сум. Не спијам, ми се крши сон и не стигнувам да си обавам обврски на работа нити дома затоа што сум уморна. Џабе близина навечер кога јас не можам преку ден да и дадам близина кога и треба, од што сакам да легнам и да спијам. И тоа ми е проблем, сама не заспива и тешко заспива дури и со нас. Мислам дека се буди и не знае/не сака да презаспие сама. Кога беше бебе немав ваков проблем и кога почнаа други да ја почувуваат се научи да има некој до нејзе. Ја враќаше и ја презаспиваше или ја оставаше сама да заспие? Мојава ќе се откорне од плачење ако ја вратам сама да заспие. А се имам враќано да ја презаспијам, и тогаш не еднаш едно 3-4 пати станува наврчер. Дефинитивно треба да се научи сама да презаспива ама не знам како.
Јас од истата причина шо сум нефункционална и не можам психички веќе, ( не знам ни ова колку е добро де ) почнав со уцени , Ако си легнеш сама да спиеш утре ќе правиме колачиња и сл Ќе ми се одбие од глава ама почнав со Ајде големо дете си, мама пак ноќеска ќе дојде ќе се гушкаме и само вриштење добив. Сега кога ќе дојде во дневна само и викам Ако сакаш да правиме колачиња назад во кревет. И се враќа. Ама доаѓа 45 пати. Ова се издржува, ќе ја вратам 100 пати ако треба ама не можам веќе искривена до нејзе да лежам да ја чекам да заспие. Читаме приказна, она гаси светло, редиме мечиња и искачам од соба. Ако почне да се превртува, преку камера ќе и кажам дека е време за спиење и толку.
Мене децата ми се со тренинг за спиење од бебиња. Јас строго верувам во тоа "остави го да плаче". Заспивање сами е вештина која се учи, и можеш да помогнеш со цуцла, мече, ноќно светло, ама на крајот од денот сами мора да научат. Ќерката цицаше прст, малиот ми е со цуцла. Двајцата спијат со бели звуци и во тотална темница како бебиња, а со ноќно светло сега. Ако станат, од мене имаат една гушка и ги враќам во кревет. Ако стане втор пат, веќе без збор само враќам назад. Ај големата е веќе 6ипол, сама може да стане и во вц да иде и ќе си се врати во кревет. Малиот е година ипол, може да искочи од креветче, ама штом го вратам и му ја најдам цуцлата, легнува и заспива. Евентуално да поплаче некоја минута, или да искочи уште еднаш или два пати. Ама кога ќе види дека секако пак во кревет го враќам, на крај си легнува сам. Не го нишкам, не го држам, не легнувам со него. Јас лично не можам да се водам по тоа дека еднаш се мали, ајде нема вечно да спијат со мајка... јас не можам да спијам со нив и за мене ова подобро функционира. Бонус на тоа е што исто така немаат проблем да спијат било каде. Моментално се на одмор со баба им, секој во свој кревет.
Спие со нас, поточно на средина спие помеѓу нас. Кај нас е навика, сите сме наспиени, не си пречиме едни на други. Се започна на 1 и пол година, до тогаш спиеше во креветче. Но, во тој период, по паузата за цицање се будеше ако го вратам во креветче. Мене полесно ми беше да е до мене, па да продолжиме, отколку да го враќам неколку пати. За многу функционира креветчето да е споено со спалната, и така детето ја има близината. Други велат дека мажот оди во собата на детето, а децата со мајка си на спална. Спие немирно или нема доволно место?