Спиењето кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од lolyta777, 18 јануари 2011.

  1. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.058
    Допаѓања:
    4.919
    А со цицањето прст што направивте? Може си пишала негде очајно барам решение, уште да го изврзам навечер не сум пробала, лакови, гелови се пробавме. Несвесно го цица додека спие. Се научи без него да заспива ама во сон го става да цица.

    И двете и плус цица прст па замисли шмљацање слушам цела ноќ и цела вечер се будам да и го извадам.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    14.799
    Пол:
    Женски
    Мачкав и јас лакови, креми, на крај го решив проблемот со кромид. Ја намачкав пред спиење и ваљда тоа најмногу и сметаше. Инаку горчливиот лак и гелот за одвикнување ги јадеше и продолжуваше да си цица. За среќа второво дете фати цуцла па ќе иде полесно. Него веќе само за спиење му ја давам, и наноколу 2 години планирам скроз да му ја земам. А ќерката на 4 месеца ја плукна цуцлата си го фати палчето сама, и во моментот беше полесно од бркање цуцли низ креветче, ама очекувам одвикнувањето да биде полесно од цуцла отколку од цицање прст. Како што викаат секое чудо за 3 дена, ќе поплаче и ќе помине. За секоја навика и одвика само треба конзистентност. Кај некој ќе биде стварно 3 дена, кај некој 30, ама ако не му даваш алтернатива на детето, ќе се навикне.
     
    На Fenix05 и Mucika им се допаѓа ова.
  3. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.838
    Допаѓања:
    9.692
    Пол:
    Женски
    Добро како да одвикнам дете од ставање ЦЕЛИ раце во уста?! Ова никако да го заборави од 8месеци како почна само ги става така му стојат цели прсти во уста јас мислам тоа му направи проблем со горните единици да растат нанадвор а не цуцла..никогаш не цуцаше толку многу освен за успивање. Еве ја тргаме таа втор ден тераме едвај заспива со вриштење, става палче па среќа го вади не му е убаво ама цели прсти затоа скоро цел ден држи. Игра со една рака со друга во уста. Трча исто со раце во уста

    Спиењето фала богу не се изремети многу ќе видиме за понатаму
     
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    14.799
    Пол:
    Женски
    Единствено нешто што не пробав со мојава е лута пиперка, и тоа само зошто немав дома во моментот па се фатив за кромидот. И ете тоа успеа. Не гледам зошто да не е исто и за цела рака. Или нешто друго што знаеш дека нема да го сака на вкус, пример сенф.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.