Спиеше до 2,5г во бебешекото креветче, свртено наопаку (демек монтесори хахаха) со отворена страна да стане, во детска соба. Пред да се породам со второ, му купивме голем кревет од икеа, оној што расте со детето и го обожава.
https://www.ikea.com/es/en/p/sundvik-ext-bed-frame-with-slatted-bed-base-white-s49046068/ Повели линк. Имаш и соодветен душек, с креветот расте до 2метри. Имаш три опции, 140,170,2м (можеби грешам за димензиите не се сеќавам прочитај си)
Една во 10 до 12 и толку се, се буди 6.20 а заспива измеѓу 20 и 21.А ноќта е лудило збори, плеска со раце и се буди безброј пати.
Уф ама ако е една мн е рано после како ти издржува до толку касно навечер мојава две тера и тоа втората и е обично по 2часа, денес 2ипол затера. Навечер ја легнувам околу 8ипол и спие до 6-6-ипол. Станува и она неколку пати навечер ама сега барем не се нишкаме … вода или цуце /цице и продолжува. 12ипол месеци ниедна целисно ореспиена ноќ - ја чекам со цело срце ама мислам дека не сме блиску
Неколку дена после првиот роденден префрли ќерка ми. Сега е 15м и најчесто е со една дремка освен кога е болна и не оди во градинка тие денови е поуморна и спие по 2 пати
Дојдов да прашам дали има некоја регресија на 15м? Се одбивме од цицање веќе месец ипол не цица и таман почна да спие убаво, се разболе и ајт од ново плачки станувања, пројде и тоа но еве пак се буди и тоа со вриштење. Дали нешто сонува или пак некој заб ја мачи не знам веќе ама многу плаче деновиве. Сите 4ки ги извади (и кецови и двојки одамна има) а за тројки ваљда рано е или не? Дење е весела, јаде, пее, се смее, си игра.