Тогаш, пробувај покасно да го заспиваш, околу 9-9.30ч. Штом не заспива порано, не можеш да го заспиеш ти кога сакаш . Многу добро ми е познато вашево заспивање, слични сме и ние. А преку ноќ спие или се буди? Моево сè уште се буди ноќе, по 2-3 пати, па си седнува и пак легнува. По цела спална се врти и си "шета" ... жива ненаспа сум.
Многу рано и е првата дремка. До 10:30 би издржала, а не покасно. Ама можеби и така некако би пробала. Веќе е не издржливо. Некогаш излегувам со количка ја заспивам па потоа ја префлам во кревет.
Проблемот е што многу е кенкава пред да заспие. Многу и се спие, а не може да заспие. А инаку ја одбив од цицање пред 10 дена и сега за сега спие цела вечер. А претходно по 100 пати стануваше навечер.
Пие ли млекце пред спиење? Да пробаш со 100мл млекце топло. Ние така ред фативме, млекцето топло и убаво ќе и дојде.. го фрла шишето и кома. Не го пие цело секогаш, некогаш баш 4,5 голтки и го фрла.. Легнуваме во темница, тишина.. Инаку исто бевме додека цицаше по 100 пати се будеше, како ја одбив ја спие цела ноќ. На 18м ја одбив, сега е 2г и 1м и фала богу 7м сме наспани
Исто како мариз и ние со млекце фативме убав ред за заспивање дури трча во спална кога ќе ја прашам дали ќе пие млекце. А беше дете што само со цицање заспиваше и исто стануваше многу ноќе. И одприлика во исто време секој ден и давам освен ако е нешто прекенкава и уморна тогаш порано Друго нешто е мислам многу рано ви е првата дремка, а ваљда и веќе е време за една дремка само
Исто хорор ни беше спиењето, цуцла не фати и само на цице беше. А сега од таков наспијач, она кома е по 9-12 часа врзани ноќе. Дремка моментално има една, ама како да ме зеза и да сака и оваа да ја скрати Почна градинка и треба да останува и таму да спие, па се надевам дека гледајќи ги другите ќе дремнува и она Исто и јас мислам @Hippie Може треба да пробаш да ја издржиш до 12, па да има една дремка само преку ден..
И јас си помислив со млеко да пробам. Само што си ги раздадов шишињата мислев ќе нема потреба.ќе пробам со млеко. Фала ви на советите. Инаку денес заспа свртена на напред и со нишкање. Секој ден нешто различно морам да измислувам.
И кај нас беше така, се мачев нишкав пеев песни, читав книги и пак по саат време се успивавме ми искачаше од креветче си играше хаосс
Исто пробував како ја одбив од цице (а цицларка опасна беше, многу сакаше да цица)... те приказни, гушкање, на стомак ми лежеше, маж ми да ја успива, мече ново и купив као да се врзе за нешто да гушка, јооок.. Само млеко упали Дека на цице до тогаш, веднаш не го прифати.. ама со тек на време пивнуваше 5,6 голтки и сега исто се случува 5,6 голтки и се ќе успие Некогаш го мафта 10мин шишето во уста, го врти лево десно.. а уствари не пие Па ќе ми го даде, ќе го ставам на страна и лежи лежи лежи, даааај мекооо.. ајде пак пие мафта и така ќе си заспие. Ако е вечерата со млеко, водичка и давам и таа ја мафта
Мојот сопруг ја направи оваа апликација кога се роди нашето бебе, за следење на сонот Baby Orbit следи спиење и дремки, обрасци на сон, раст (тежина/висина), распоред за вакцинација, потсетници за витамини, статистика со графикони, виџет на почетниот екран и резервна копија на Google Drive. Сè што му треба на еден родител, на едно место. Бесплатната верзија е сосема доволна за користење Кој сака да ја проба, повелете https://play.google.com/store/apps/details?id=com.dean.babyschedule
Сите пишите за мали деца или бебиња. А јас што да кажам за мојава скоро 7г девојка? Таман почна пред пола година да не станува на вечер и реков конечно, еве ја цела недела иде и не буди на сите секоја вечер. Не е исплашена, некогаш ни памти дека станала, освен ако почне подолго време да бара приказни среде ноќ, а јас немам попаметна работа од тоа и не и читам, па ќе се оддолжи работата и не легнува во кревет. Си крши сон без потреба и не знам оти е тоа така. Јас не сум човек што одма презаспива, па 2 саати после седам така и сум жива ненаспана. Јас стварно не знам на што се должи ова и како детево да се опушти и да сврзе ноќ пак.
Здраво мајки,моето е 2години и некако му се смени наеднаш спиењето ноќе,некогаш навечер заспива за 20 мин а некогаш за 45 мин,меѓутоа ноќе ми се буди одма за 2 часа и презаспива со млеко и се случува да се буди 2 до 3 пати,плус иде во градинка,па сакам да прашам што да правам за да не се буди толку,или пак период му е