@Rabbit ако ти е за утеха и мојата одкако се роди нема врзано сон повеќе од 3 часа. И тоа е ретко. Заспива во 9 па до 12 се буди 2-3 пати. Не знам зошто, млеко не сака. После накај 12-1 пие 90 мл млеко. Во 3 повторно пие 90 мл млеко. Е после тоа следи бидење во 4, 5,6,7 и во 8 веќе е будна. На секое будење бара млеко, некогаш 30 мл а мн ретко и 60 мл. Сите ми викаат да не и давам млеко. Ке плаче 5-6 ноки а потоа ќе се навикне и нема да бара веќе. Сакаме да пробаме со мм но тие 5-6 ноќи мислам ќе бидат кошмар па затоа сеуште не сме се осмелиле да пробаме :/
Викам јас дека цицањето нема врска со будењето кај бебиња/деца. Еве и ти си пример за тоа. Такви си се децата и кога се ќе направиш и ништо нема да успее, ќе се помириш со ситуацијата и ќе чекаш времето да ја реши.
Ахх нема врска тоа. Нема врска ни заби кај нас. Од раѓање е таква. Освен да прифатиме друг избор немаме. Се чудам кога некоја мајка ке ми каже дека детето и преспива по цела ноќ уште од раѓање
два дена како заспива сам без цицање го легнувам му кажувам добра ноќ и се тргам од кај него ... после некое време го осеќам дека е заспан голем дечко е
Денес сум на крај со живци. Веќе цела недела немам врзано сон повеќе од 50 мин. До кога ќе трае ова неспиење? Одкако е родена е вака. Дали некоја мама со поголеми деца имала вакво искусто и кога и почнало детето да и преспива по цела ноќ? Знам дека не е мерило но ете си барам утеха..
ако ти е за утеха и малата кај нас така се будеше , знаеше и да биде будна по цела ноќ. Јас ја навикнав да се успива со татко и па него го гњаевеше и до ден денес знае да се разбуди и да го бара , да спиел со неа ѓаволче мало Ова помалово се буди и сака одма цицка во фаза сме на одбивање па не му давам ама се буни и не буди сите , па сакал нејќела му давам , шо да му праам
Не е баш генерално правило, ама во повеќето случаеви спиењето кај децата се стабилизира околу втората година. Кај син ми така беше. Мене така ми кажаа кога се жалев и така бидна, околу втората година подобро беше.
Имам пишано и погоρе,јас сум една од тие мајκи,κои слободно можам да κажам,се изнаспани. 15месеци синκо од пρвиот ден ја спие цела ноќ,од 21ч до 7-7.30 наутρо. И цица пρеκу ноќ,но не се буди,мρда лево десно со глава,веднаш го земам и пρодолжува. Јас не знам што значи да лулаш бебе ни дење ни ноќе. Е сега,ноρмално,мρда,еве неκолκу вечеρи пρиплаκува(заби,почна да оди,сонува)но за сеκунда се смиρува и спие. И од пρвиот ден спие во κρевтече
Ти си среќна мама. И мојата спие на креветче, се буди само за млеко и продолжува да спие. Но се буди на секои 50 минути последниве денови. Не се луламе никогаш, сама си заспива на креветче но заспивањево ни треа 30-40 мин. Мн е нервозна навечер, се врти 300 пати додека да заспие, па ке ка, па пие млеко, па несака млеко, па станува, па бара цуцла, па пак кенка, пак пие млеко две голтки, пак станува, па легнува па пак бара цуцла, па пак млеко и така се вртиме во круг 40 мин. После таман викам заспа еве ја за 30 мин плаче! Не е гладна добро е најадена и млеко пиена. Па заспива и пак така се до сабајле. Вчера легнав во 23.00, заспав во 2. Се будеше на секои 15 мин. Умрев
За мене дете што спие цела ноќ е дете кое како што ќе легне во 20ч ќе стане тек сабајлето во 07ч. И моево мрда само , го зимам на града продолжуваме и двајцата да спиеме . Значи и јас сум наспана не дека не . Ама кога ќе престане да мрмка за цицка и ќе спие без будење ќе кажам дека ја спие цела ноќ. До сега имав среќа , ни двајцата не знае за нишкање . Замисли да нишав маж од 12 кила секоја ноќ. Мускули ке имав до сеа
Се согласувам со дефиницијава И моето бебе тогаш ја преспива ноќта, ете вчера ја легнав во 7 навечер, се разбуди во 2:30, и дадов млеко. Додека пие млеко не ги отвара очите, потоа само продолжува. Ја подржам малку усправно иако таа веќе спие, поради млекцето, и ја легнувам и спиеше до сабајле до 6 и пол. Некогаш ќе се подразбуди со кенкање и тогаш и давам цуцла па продолжува. Тоа и е спиење во нормална фаза. Е сега имаше денови кога буквално се будеше на секои пола саат со плачење, тогаш знаеш дека нешто и фали, и тоа беа запчињата. И тоа беше многу, многу напорно. Сега тие излегоа со целата должина и таа пак си спие, додека не дојде време за други заби. Инаку, има бебиња кои се будат во сред ноќ расположени за игра... Такво нешто, фала на Бог не ми се има случено ни со двете деца и се надевам нема да се случи.
Ќерка ми има 3,5 години скоро и дур беше бебе спиеше по цела ноќ,преку ден супер исто заспиваше како навиена,од сам старт си спие во креветче до нашиот кревет ама во последно време убаво си ја преспива ноќта ама кога не е во градинка дома ретко кога сака да легне да преспие или ако се премори знае да легне во 17 па некогаш и во 18 и само еден саат и се буди како нова а навечер не прави проблем за легнување,си легнува во 22.Незнам дали е рано за да го прескокне веќе попладневното спиење или е веќе време?Мамички со искуство кажувајте за да ја разрешам дилемава што ме мачи
Син ми има 4 и не преспива преку ден па сигурно веќе од 3 години. Тој станува рано, во 7, од бебе е бил ранобудник. Навечер го легнувам во 7-8 и тој е заспан за секунда. Тој и во градинка не спие воопшто. Мада и имаат некое глупаво време за легнување. Толкави деца а време за спиење во 11 и пол. Не се бебиња, ама што да се прави. И нормално не му се спие тогаш. Навечер до 7 тој е веќе преморен, зимно време. Лети е буден до 9-10, ама малку покасно и станува. Ако не ти прави проблем за заспивање навечер тогаш нема потреба да и скратуваш дневно спиење. Некогаш го терам син ми да преспие малку, кога го гледам преморен, тој одбива. Се додека таа сака нека си спие.
@chocolade јас почнав да ја да ја "измачувам" малата навечер, знам дека не е во ред ама поинаку нема спиење ноќе. Сабајле ми станува во 10 часот, после ја легнувам околу 13:30 до 15:00 часот и ноќе ја заспивам во 00:00 часот. И со овој редослед помалку ми се буди ноќе бидејќи од 15 до 12 навечер е будна и е преморена, барем еве цела недела ја имам таа среќа навечер да не се буди толку многу, ќе видиме до кога ќе трае. Ја фаќа криза за спиење околу 22:00 часот ама тогаш ја бањаме и се расонува и уште два часа издржува будна. Пак ќе кажам не е убаво вака ама ако ја заспијам околу 22:00-22:30 спие пола саат и после се расонува и до 2 по полноќ нема спиење. Убаво или не ние вака ќе тераме ќе видиме до кога.
Помалиот син преспива преку ден. Времетраењето на спиењето зависи до моментот. Ако е многу изморен, спие 2-3 саати. Навечер се буди 2-3 пати.
nie sme na normala malata si spie super od 22/23 do 09+ I preku den od 14 do 17 posle dolgo nespiejne od toplo vreme od zapcijna eve sme malce smireni
Ау Рабит па јас не седам до 12 вечер Обично преку недела си легнувам накај 23.00(најкасно). Малата ја легнувам во 9 но затоа па порано станува(7-8 сабајле). Потоа си преспива накај 12- 13 часот 2 часа и толку ни е спиење. Туку ми рекоа да и ги зголемам АД капките, од недостаток на тој витамин може да се нервозни и да се будат почесто ноќе. Пробав неколку ноќи и искрено како да има ефект Не дека не се буди, но барем врзува сон од 3-4 часа.. понекогаш. А порано едвај 1 час врзуваше. Но чекам да видам дали ќе продолжи вака или е коинциденција
Мамички а дали вашите малечки сеуште ноќе пијат млеко? Мојата се разбудува 2-3 пати во текот на ноќта за млеко... и плачи хистерично дури да и го стоплам. Имам пробано да ја земам да ја нишкам, ама не сака се нервира...
Се буди сaмo oд нaвикa. Мoрa некoлку вечери дa стиснеш зaби, и дaвaј или вoдa или незaслaден чaј. Ќе сфaти декa немa млекo и ќе се пoмири, пa мoже и ќе престaне дa се буди честo. Кoлкaвo е?