Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    458
    Мислам дека разгледав убаво и не видов ваква тема, ама ако има-клуч и чао приетно. :)

    Читав многу на оваа тема, она што највеќе се издвојаува на тамава се неколку теории па сакам да чујам што мислите вие за тоа и каково е вашето искуство со успивање на бебе (посебно новороденче)
    Прво е теоријата дека бебето треба да спие со родителите во кревет (додека детето не побара за сопствен кревет).Теоријата е дека тоа му дава сигурност на бебето преку гушкање,нишкање или тапкање.
    Друга теорија вика дека треба да го оставиш бебето да се исплаче. Оваа теорија има вариации,
    на пр. го ставаш бебето во креветчето додека е будно и ако плаче не влегуаш, го оставаш само да се успие, или пак влегуваш прво на секои 5 па на секои 10 мин (до 30мин мах).
    Поентата на ова е дека бебето учи да си успие само или пак го ставаш бебето и иако плаче не влегуваш друи не помине времето за спиење или пак да го провериш откако ќе заспие.
    Исто се дебатира и за тоа кога треба да се почне со учење на бебето да се успива само и да се воведе распоред на спиење (и јадење и време за играње). Некои викаат одам откако ќе се вратите од болница, некои после 3-7дена некои после 3 месеци...
    Па, мене ме интересира, што мислите вие за ова?Што имате прочитано на темава? Ве влече ли некоја идеа? Планирате ли да го учите бебето да спие само или со вас? Или воопшто, на страна од овие теории, каквое е вашето искуство? Кои се навиките на спиење на вашето бебе?
     
  2. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    750
    Пол:
    Женски
    додека син ми беше новороденче до кај 3.5 месеци 80 посто од денот и ноќта плачеше и не му се знаеше ред во спиењето, ама затоа кога спиеше дали дење или ноќе спиеше сам во креветчето (се до пред некое време кога се разбудва и сам се префрлува на спална......се трудам да го клавам пак во креветчето ама некогаш и мене сонот ќе ме преовлада, па си спиеме заедно).
    за исплачување не го оставав да се исплачи, то и така цело време плачеше.
    за заспивање го годината заспивавме со думкање враце после почнав да го оставам на спална сам да заспие јас до него легната, тој период на адаптација не беше долк неколку дена.

    за навиките во спиењето, на почеток преспивање по трипати, па по двапати и до пред 2 месеци по еднаш.

    јас таа теорија за новороденче да спие со родители не ја порджувам, ми беше страв да не го потиснам и за тоа не го оставав со нас да спие.
    за само успивање ретко на кој му успева, па и со толку мало бебе.треба да имаш големи нерви да го слушаш да плачи со сати!!
    еве јас почнав на неколку пати сега на 14-15 месеци сам да го оставам да заспие вкреветче не ми успева :( ;(
     
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    21.656
    Пол:
    Женски
    Кај моето во првот месец беше милина, ке се нацицаше и спиеше ! На 3 саата јадење и спиење!
    Си спие од почеток во нејзино креветче !
    Се препорачува да бебето си спие во свое креветче , во врекичка без никакви играчки околу него и сл.

    Ред на спиење може да се стави кога бебето е веке 3 - 4 месеци , барем кај нас така и беше
    Ја навикнав од мала да се успива сама , тоес да не ја нишкам и сл. и така си заспиваше без проблем .
    Од 7 месеци ја префрлив во нејзина соба ! за вечерно спиење исто легнување 19 30 најкасно 20ч .
    Е сега се будеше неретко дали од жед дали од навика ама и тоа полека се среди. :D

    Инаку за тој метод да се остави да поплаче детето за мене е Ок , ако првенствено детето не е гладно , не е жедно , а плаче од умор ...
    сепак секој си го знае детето , моево ке го испиеше млекото во креветче и кома беше , и така заспиваше за неполна минута . Сега е 18 месеци малата и спие без млеко и без цуцле ,пред легнување си даваме бакнеж легнува и заспива :wasntme: :wasntme: .

    Инаку додека беше мала спиеше по три пати во ден , па како растеше по два пати и сега само еднаш и тоа на пладне по час и половина :)

    Ете така :hai:
     
    На simonagj, galapce, НаталиЛили и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.700
    Допаѓања:
    74.534
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми беше многу мирно бебенце , немав никаков проблем со спиењето , стануваше двапати ноќта да цица и си спиеше цела ноќ. Си спиеше во нејзиното креветче и не беше воопшто плачлива. Е тоа траеше до 8-9 месец , потоа се разболе и ја преместивме во нашиот кревет , па смени и со спиењето легнуваше дури утрината во 4 а стануваше во 13 часот. Инаку нишање , цуцли лажливки никогаш не и имам дадено па поминавме и без нив :) Сега е 2,5 год си спие во нејзиниот кревет и спие само еднаш дневно а понекогаш и не спие воопшто :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  5. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    76
    Odkako se vrativme od bolnica odma vo svoeto krevetce 1 mesec bese tesko niskanje peenje i sl dodeka traea grcevite fala mu na gospod od 2riot mesec kako so magicno stapce gi snema i pomos golema Colif kapkite sekoj treba da gi ima odkako ke si dojde doma so bebus i po sovet od moja prijatelka sto i da e banjanje vo isto vreme nie vo 9 se banjame i posle toa krevet eve od 2 mesec do sega toa ne se smenilo dali imalo gosti ili ne nie vo spalna na banjane sekako ova ima i zrtva nema setanje posle 9 ama mnogu mislam ni pomaga redot na banjanje bebinjata se robovi na navikite kako ke go naviknes od pocetok taka ponatamu :) vo krevet so nas nema sansi a isto taka nikogas ne ja ostavam da place ako place ima pricina pa guskanje i niskanje i si zaspivame eve veke sama si zaspiva od 4 mesec mleko lazlivkata vo usta i pozdrav ;)
     
    На captivating му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    последниве 3=4 дена се буди во 5/6 сабајле и до 10 кликерчиња очиња нема шанси да заспие |-)
    се надевам набрзо подобар ред ќе си фатиме
     
  7. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    25.033
    4 и пол месеци водиме битка со стекнување на навики на спиење. Ми се чини спиењето ни е најголем проблем, и тоа проблем кој знае често да ја направи нервозна и плачлива.
    Бебе да заспие само во креветче??? :o За нас е тоа научна фантастика. Да ја оставам да плаче со помислата дека ќе се успие или ќе престане :o ... се прашувам отпосле како ли ќе ја смирам. Кога ќе залети тешко да се запре ;(
    Како што пишав од самито почеток го имаме тој проблем. Заспива со нишкање во раце, остај ја во креветчето секундарно се буди. Од првиот ден е така, не дека ја учевме во раце да ни спие. Ретко некој друг освен јас да успее да ја заспие. Многу труд вложувам барем да си спие во креветчето, иако често ми се буди.
    Преку ден спие по пола саат, но штом мрдне малце нема продолжување, сеќава дека не е во раце и одма се буди. Навечер мора да е старшно изморена и многу да и се спие за да можам откако ќе ја заспијам да ја оставам во креветчето да спие.
    Преку вечер се будме на секој 2-3 саати, понекогаш се буди на 1 саат, а имавме период од еден месец кога се будеше на 15мин или 30 мин |( . Сега сум најсреќана што овие две недели кога станува навечер штом се нацица продолжува да спие, а претходно се презаспивавме навечер на секое будење. Пример се буди во 3 часот за да цица, се истегнува,си гуга, се смешка и расонета е чиниш 3 поручек е :?: . Па морам наново да ја заспивам цел час, а јас ваква :yawn: Плачам за сон.
    Зборот ми е немаме никави навики на спиење, иако се потрудив да и направам некаков ред, ама неуспешно. За да биде се потешко ние и цуцла не фативме, а мислам големо олеснување ќе беше.
    Инаку така супер си напредува, буцки сме ептен, си цицкаме, гугаме, се смееме, супер растеме... ама штом дојде време за спиење :worried: ептен се измачуваме.
    Се надевам дека кога ќе потпорасни ќе си фати ред, ама па навиките за спиење се стекуваат од мали а ние баш и немаме добри навики за спиење :?:
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.748
    Допаѓања:
    254.344
    Пол:
    Женски
    Snegulke иста приказна сме и ние.Јас се тешев мали сме има време за навики (месец дена имаме).
    Преку ден ми заспива на раце или града и ако ја ставам на кревет максимално 15 мин спие :(.Мн е лошо така човек неможе ни до купатило да појде раат.На секој шум се буди.Навечер заспива околу 11 и исто се буди на саат и пол.нокеска пример стана во 5 наутро и будна беше до 6:20.Колку сум умрена за спиење да не зборувам.А пробав и во лукка и до мене да спие и во креветчето и секаде е исто.
    Со првото немав ваков проблем.Она мн убаво спиеше.Од 9 месеци и сама на кревет си заспиваше и спиеше по 3 часа поврзани преку ден плус цела нок.
     
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.355
    Допаѓања:
    24.182
    Ние за спиење во креветче сме исти. Го ставам ли во креветче, толку од спиењето. Исклучок е кога спие на стомак. Преку ден спие од 5-45 минути максимум и заспива на секои два саати. Толку му траат батериите :lol: Попладне се шетаме, па кон 19.30 се бањаме и околу 20.00 заспиваме. Спиеме до сабајле 7-8 (независно дали во креветче или во кревет) со два пати будење за цицање. Тоа не е будење оти ни очи не отвора, само отвора уста и кенка. Таков е од кога се роди, преку ден никаков ред ама навечер јагне. Мама не знае што е тоа неспиење. :)
     
    На NORA17 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.677
    Пол:
    Женски
    Јас малава ја спијам во нејзино креветче со мало нежно нишкање на креветчето и си заспива.
    Малава е доста мирна и не така ми прави проблеми за спиење,се случува ретко да има мака да заспие е тогаш мама нишка пее и се пробува па ја оставам некое време додека и дојде сон и си играме :)
    Знаеме некогаш да спие до мене преку ден ама тоа се случува еднаш/2 пати месечно зависи дали она сака,некогаш има мака да заспие во нашиот кревет ама некогаш сака да е до нас се како сака она.
    Последниве месец/2 спие некаде од 23ч до 8 наутро без будење за млеко освемн некогаш кога плаче и бара млекце некаде околу4/5ч наутро,значи се зависи од неа ама најчесто е така.

    Преку ден ја заспивам 3 пати,освен ако одиме некаде и губи ред,млекце пред секое спиење и си заспива морно.
    Од секое будење некаде 2ч е будна и бара да спие некогаш 1,иполЧ зависи не е секогаш точно.
    Овој ред кога и го имам.се е така ама малце да сменам пр-одиме некаде или било нешто др и малата губи ред на јадење и пиење инаку секогаш е во свое време :)
    Спиењето и трае околу 1/2сати,некогаш 30до сат време.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.354
    Допаѓања:
    4.201
    Koga bevme mk imase mn ubav red. Zaspivase vo 21 casot, noke ke se razbudi dva do tri pati za cicanje, i sabajle vo 6/7 casot ke se izdiga
    Taka bese do pred edna nedela, pa pocna da zaspiva vo 23/23.30 casot i ke spie do 10/11 sabajle. Vecerva zaspa vo 22 casot, ke vidime da go zadrzime toj red. Inaku mnogu tesko zaspiva, so drumkanje. (koga e raspolozena se guskame na spalnata i.zaspiva)A spieme dvete na spalnata i koga se budi me bara so racinja, pa se guskame i saka da me miluva, da me dopira i da me kubi i ke si zaspie. Denta spie po 45 minuti okolu 4 pati.
     
    На zalosna и TIGARCE86 им се допаѓа ова.
  12. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    25.033
    Јас да си се надоплнам во врска со спиењето на мојата бебушка. За овој изминат месец имаме некави промени, барем преку ден спие по 1 час (некогаш и подолго) и тоа 3 пати на ден. Навечер спие во нејзиното креветче и тоа е битка во моја корист. Бев многу упорна и ете ја скоро 6 месеци си спие во нејзиното креветче. Сеуште тешко се заспиваме со нишкање во раце и едвај успевам да ја спуштам во креветчето без да сети, ама некако успеваме. Преку ноќ се буди често и само ,,првиот сон,, трае сврзано 4 саати а потоа се буди на секој 1,5 а некогаш и порано.
    Како и да е, ситуацијата е колку толку подобрена во споредба со тоа што бевме. Се надевам нема да се врати повторно на претходниот режим на спиење :tmi:
     
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.748
    Допаѓања:
    254.344
    Пол:
    Женски
    И кај нас има промени.Откако ја ставам до мене навечер ,спие без будење и по 5 часа :).А заспива без лулање.Ја легнувам до мене цицаме и заспива.Преку ден уште се луламе и спие како зајаче.
     
  14. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Моето бебче кај мене плаче во раце а 2 вечери по ред онака на шала реков чим не спиеш ќе те ставам сам во креветче и го ставиви и си заспа само го погалив по главчето.И сношти така си заспа во креветче. Се изненадив а јас пак лулав во раце врткај се по кревет а сега тоа случајно да ти испадне да сака само во креветче. :) :lol:
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.748
    Допаѓања:
    254.344
    Пол:
    Женски
    Во креветче им е најубаво а и најздраво.Се тегнат колку сакат.Во раце ги гмечиме,виткаме..некогаш ми е страв да не и скршам некое зглобче бидејки е немирна.Ама од др страна мали се па бараат сигурност во нашата прегратка.
     
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.355
    Допаѓања:
    24.182
    Ах joy1, да знаеш на моево колку не му е убаво во креветче. Имаме две креветчиња, ама за џабе. Дури и кога го ставам во креветче го заградувам со перници оти мора да допира од сите страни нешто, така се чувствува најсигурен. Нон стоп го проверувам оти често знае да си земе некое перниче и сам да си го залепи до фаца, да си го гушне и така да спие. Горе темето обавезно мора да му допира до нешто, рацете, нозете...Тој не сака да се тегне туку да се стутка како топче во мене или во пернниците како моја замена. И само настрана спие, на грб нема шанси.
     
    На Dzevelekova и Serafima им се допаѓа ова.
  17. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    21.656
    Пол:
    Женски
    Ова мое дете си е своја приказна. Спие три до четири пати во денот по 45мин. до саат.
    Заспива со цицање.
    Навечер го легнувам во креветче , споено е со нашиот кревет и се врти се врти се додека не дојде до мене.
    се навикна до мене , се буди на саат да цица ако не му дадам плаче се нервира , ги буди сите ...
    незнам
    Со првото никаков проблем немав за спиење , ова дали дека цица па лепенка ми стана?
     
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.969
    Ако не се лажам машко ти е второто нели? Затоа е така, машките се приврзуваат многу со мајката, по мрзливи се....ќе видиш натака каква разлика има од женско и машко, јас немам женско, ама имам машко и си знам по моето :)
     
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    21.656
    Пол:
    Женски
    машко е :D мајкар е ептен. разлика од првото со второто е невидена .
     
  20. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.224
    Пол:
    Женски
    И оваа мама не знаеше што е неспиење се додека не направи малечката 7 месеци. Среќна до небеси што бебушот е мирен. Спиење под ред и по 12 часа преку ноќ без ни едно будење (уште откако се роди). Ееее ама идилата заврши. Ете цел месец спиеме само по 7 саати вкупно, заспивање во 1 итн. Од ноќва во мода, изгледа, ни е будење во 2. Ете си седи будна ама уморна и не заспива а мене очите ми плачат за спиењр.