Откако се роди малово нон стоп си спие на страна. Многу често знае да се подразбуди кога е на грб. На грб не сака. Не знам зошто не смеело но јас уште од прв ден го ставам на страна па едно спиење е на лева друго на десна за да не му се сплесне главчето само на една и изгуби од облик внимавајте и на тоа многу. Сите што ги знам децава им спијат на страна.
Аииии... Се буди понекогаш, ретко или секоја вечер? Мојава исто ич не е спијач, уште нема година ипол, а си се надевам околу две дека ќе смени и ќе преспива цела ноќ... Е двапати дневно спие, не знам како да ја одвикнам
Мене ортопедот ми одржа лекција за спиење на страна... Освен за обликот и сплескувањето на главчето има посериозен проблем. Имено ако бебето бљуцне во положба на грб како и да му е свртена главата (странично или не) се активира рефлекс со кој се накашлува и го затвора грлото со што се оневозможува содржината да се слие во белите дробови. Овој рефлекс се губи кога бебето е свртено на страна и можело да се задуши После овој муабет екстремно сум претпазлива ако го ставам на страна,што ретко го правам само ако многу се мачи со заспивање и му стражарам над глава па го исправам кога ќе се успие...
Дете треба на спие на грб, оно само ќе почне да се врти кога ќе биде спремно за тоа, а во случај кога ние го ставаме на страна создаваме активност која тоа не може да ја совлада оти е уште мало. И ова со вртењето и сплескувањето на глава нема логика. Моето е 9месеци и нонстоп спие на грб, сега почна и бочно и мојот ортопед ми рече дека тоа е правилно, да се остави дете да прави што е спремно, а не принудно да се доведува во некоја положба. И за повраќањето е точно.
Јас живеам во Англија тука докторот така ми кажа и така и правам. Тоа со главчето на икс бебиња се случило бидејки спиеле нон стоп на едната страна па последиците од сплеснато главче се гледаат нема што некој да ме лаже. Не зборувам на памет туку препорака од доктор ете.. Очигледно тамошните и овдешните доктори не исто препорачуваат и медицината им е комплетно различна. Јас ќе си се водам по овдешните препораки а вие по тамошните впрочем.
На 9м скоро колку пати ви децата преспиваат денски и дали цела ноќ ја спијат? П.С да не има некој скок во развој па денски не сака око да склопи
Два пати по 2часа, тешко се успива да не речам невозможно, и навечер до 3пати обавезно станува. Има скок во развој дефинитивно.
Пријателката се желеше од малото на 9 месеци. Вика го успивам ставам и станува и си вика од кревтче среќно радосно. Кога ја прашав после месец дали спие рече дека е подобрено спиењето.
Има,и според мене тој е најлош во споредба со другите месеци Кај нас долго траеше Дете нити јадеше нити спиеше
Најбезбедно за бебето да спие е на грб, така се намалува ризикот од ненадејна смрт, каде и да отворите да прочитате истото се препорачува, а и сзо препорачува така. Првата точка е, бебето да спие на грб. Секогаш. И за бебето е добро да се буди во првите 6 месеци, затоа и се будат често, зашто тоа им е механизам за преживување. Не за нас намерно да не мачат. Иако така некогаш ни делува. Моето добро спиеше некој период, со две цицања, ама кога почнаа забите толку беше. Се превртува само, пред излегување на забите цица на пола саат, саат, и тоа е. Ај ќе пораснат.
Италија, англија, црна гора. Мои пријателки и медицински лица, педијатри итн итн зборуваат во спротивна насока од се ова што го пиша ти и аугуст или како беше членката. Ќе ви цитирам "за спречување од повраќање и можно гушење и навраќање на млекото во грлото бебето се врти на страна за да кога бљуцне млекото падне врз душек а не да му се поврати назад". Вртам една преспиванка на лева, друга на десна страна. Тврдам дека во овие 3 држави педијатри ова ми го кажале. Може и вашето е правилно, може и моето не знам. Крај краева секој со свој став си е и нема тука што да се објаснува и да се дискутира. Крај краева штом икс педијатри советуваат најверојатно таа дискусија за вртење на страна и не е толку опасна како што ве плашат вас. Милиони бебиња низ светот преживеале вака ете.. Но нели, како за секоја работа што има 100 различни искуства и ставови така и за оваа. А крај краева секој прави како што смета дека треба.
Ама @vitamina вечином децата иако спијат на грб, главчето им е на страна, зашто секако немаат сила да го држат исправено и така им паѓа. И да блуцнат, само им истекува, а далеку се од душекот и нема да го вдишат. А и од страна можат да паднат на меше и да заглават со главчето во душекот. Тоа се објаснувањата зашто е најбезбедно на грб. А за педијатрите знаеме веќе дека сите различно кажуваат и нормално на нас останува кого ќе слушаме и по чиј совет ќе се водиме.
Ние јадеме околу 12-1 спиеме до 4-5 па цица и пак спие до 8-9. Вака сме 1 недела и мене ми е супер . Инаку лажеме се со цуцла навечер и така полесно заспива. Спие на грб но цело време е свртен на десна страна. Го вртам , му ја потпира м главата на лево но он пак си се заврте на десна страна.
За ова и јас имам доста читано Овие препораки доаѓаат од Америка,каде се почесто се случила ненајдена смрт кај бебиња помали од 6 месеци И не само тоа не се препорачува во негова близина мечиња или кебенце него само вреќа за спиење за да не дојде до гушење,недај боже Посекако после 6ти месец тоа само ке си има положба за спиење па ке си спие како сака @TutiFuti можно е да е скок во развој Биди трпелива и практикувај да е почесто на цице (доколку го доиш) или пак почесто во твоја близина Ние така го надминавме тој период кој и те како беше напорен
Па по цел ден е на цице веќе ми се смачи ништо не сака да јаде само млекце и во мамини раце да е плус му растат забчиња интересно ни е по дома.
Ке помине само трпение И јас бев цела во паники тој период Мајки сме мора да издржиме Допрва почнуваат нашите маки
Да секако за главчето мора да се внимава да не се сплеска на едната страна,ама тоа се прави со ставање на грб и на страна главче. 90% од бебињата ја држат на страна кога ќе легаат на грб. И секако најчесто имаат омилена страна па родителите треба да интервенираат со ротации или со менување на положба доколку бебето инстинктивно се врти кон мајката.