Здраво мајки. Моето бебе е малку проблематично со спиењето, се буди неколку пати додека заспие конечно. Тоа најверојатно го фрустрира и плаче кога ќе се подразбуди. Ретко, неколку пати до сега се има случено (само што се случи) да почне да рика, да заоѓа. Цел се вцрвува и се дере неконтролирано, грлото си го дере. Пробувам секако да го смирам, успева само кога ќе го подразбудам малку, полека. После пак си заспива. Кога ќе се разбуди како ништо да не било. Јас многу се секирам, звучи како бебето да е во страшна болка. Знам дека ништо не го боли, но не ми е јасно што е ова. Дали сонува нешто? Дали некоја има слично искуство? Страв ми е да не е ова зачеток на проблеми со спиењето како поголем, кошмари не дај боже. Инаку 6 месеци е
Мене на неколку пати така од спиење станување рикање колку што го држи глас ,дури и коа го држам се гледа дека уште не е скроз разбуден ама или му пуштам некоја музика за да му одвлечам внимание оти инаку не престанува ,па пак го заспивам и после е така како ништо да не било дури и се смее . Јас мислам дека сонуваат неш и се плашат или пак нешто дента се има исплашено секако несакајки од Нешто па во сонот го преживува денот
Регресија на спиење во 8 месец е до сега најлошата регресија што ни се случила Од бебе што спие 10+ саата, имам дете што се буди често, одбива да спие во креветче и се дере како да го коле некој ако не го земам одма во раце. Не знам како издржувате вие што ова го правите од како се родени, ама јас не можам.
I nie izgleda minuvame niz taa faza sama zaspiva a cesto se budi i mnogu place vo son 7++ sme ... Kako se spravuvate
Здраво мами. Малиот (11+) деновиве се буди многу често навечер, на секој 2ч. Климата цел ден е вклучена, спие на боди со рамки, сам со соба. Од 8м го научив да заспива сам, 20:30ч се бања и 21ч најкасно е во креветче, си заспива сам и се буди во 4:30 (а може и покасно) за цицање и презаспива до кај 8ч, но деновиве ми станува по 4-5 пати, незнам што му е, како да му помогнам, многу сум загрижена Инаку има две запчиња долу. Се плашам да не прерасне ова во навика зашто до 7м вака се будеше и едвај заспиваше, но со многу труд успеав да го научам да заспива сам и ми беше многу полесно бев одморена, а и тој беше многу среќен... Што мислите дека е? Дали ќе помине?
А нашиве што сеуште цицаат и заспиваат цицајќи навечер?! Јас како Љубица од линкот сум среќна мајка чие бебе од првиот ден ја преспива ноќта со едно станување( и се разбира со некои ноќи кога се буди и на 1 час кои можат да се набројат на рака) Лесно заспива, само што ќе ја избањам, сама лазејќи оди во спална и со втората голтка млеко е заспана. И преку ден лесно заспива и не секогаш со цицка. Сега и ние сме 11+ па имавме еден период околу 10-15 дена како вас се будеше многу често. Спиеше и лудуваше, стануваше, па некое време седеше будна, тешко презаспиваше. Еве сега полека се враќа во нормала. Мислам период им е и многу е жешко. Ние живееме во место каде ноќите се посвежи ( сега во овој пекол ноќе максималната тем надвор е 18-19 степени) и пак бебе се буни. Но издржи, продолжи со истата рутина ќе се врати, исто како за скоковите што се нормализираат. Јас после убави 15 дена ноќно мачење ноќеска отспав добро, прво будење од 21:00 и беше во 5:00.
Не знам која е српскава книга, ама ова е методот на Фербер за тренинг на спиење, кога веќе напишале ваква статија, требало да кажат и кој е основачот.
И нам ни се случуваше ова и баш како штп опиша не е ни разбудена ке запеам ке ја залажам некако да се подразбуди па одма е друга насмеана и после ке се заспие.... Ама во секој случај ко ке вресне од памет ме вади како да ја коле некој
Добар ден Мамички дали вашите бебиња имаат омилена страна. Ние како сме дојдени дома бебето се се врти на десна страна и кога спие и кога е будна.Педијатарот ми рече дека најверојатно во стомакот така била наместена и затоа и е омилена страна.Кога спие ја местам на лево ама по кусо време се врака на десна страна.Да споделите искуство до кога вака и дали нешто сте преземале.Ми рекоа со време ќе се среди.
Со првото детенце го имавме овој "проблем" Баш така омилена страна имаше и во бременост спиев цело време на таа страна, и на педијатар истото ми го рекоа Затоа се вртела на таа страна дека во стомак била се на таа. Цело време ја вртевме ама џабе таа сама пак по нејзино,и така со месеци и се направи таа страна како сплескана. Се плашев многу,купував перничиња потпирачи што се не ама џабе. Ја однесов на ортопед специјално за ова И ми рече да не се плашам дека до 18месеци ќе се среди скроз И навистина...сега има 19м и скроз и е заоблена како што треба И си спие на двете страни Се среди со тек на време самото Не се плаши
И моево спие само на една страна со главчето и како и да го местам пак ќе си се сврти..пробав и со перница зад него и пак се врти и се откажав..е сега главчето му е на таа страна како посплескано ама ми рекоја дека само ќе се врати во нормала дури и ми се насмеа педијатарот кај си видела човек со сплескана глава..
Син ми на лево цело време. Кога ќе го видам на десно знам дека наскоро ќе се преврти. Не знам зошто така, јас исто на лево спиев кога бев трудна. Не сум приметила нешто нерамномерност на главата.
Баш скоро и пишав на една членка за ова. Ако ти спиеш од таа страна се врти по тебе и така и останало. Менувај ги страните, секоја ноќ спиј наизменично од двете страни.
Здраво мајки. Незнам колку е добро спиењето на меше. Последната недела дење ноќе само на меше спие. Го оставам на грб оно се врти. Често и во сон го вртам на грб ама џабе, за 5 секунди он се свртува пак на меше.
Моето бебе спие на лева страна. Го вртам на десна, но не вреди. Повторно сам ќе се намести на лева страна. Додека бев бремена спиев само на лева страна. Можеби е поради тоа? Неколку пати бебе вриснува во сон и почнува да плаче. И вчера се случи така. Дали е исплашено незнам. Но, кога се разбуди синко се црвенеше, испушташе гасови, се мачеше и на крај се покака. Можеби го боли во сон и почнува да плаче.
Значи пишувам колку да прашам дали има уште некој со вакво бебе или само моето е? Сериозно нерви ни сила немам веќе. Бебушов ми е 5 месеци скоро шест. Веројатно има скок во развој. Навечер се буди, се помирив со тоа. Ама денски е катастрофа, дремките му траат по пола саат максимум 40 минути и бара да го заспиваш на секој саат. Вришти. По 5-6 пати на ден го заспивам со нишкање и толку се кратки дремките, за ништо не ми останува време. Очајна сум, ќе биде ли подобро?
Има некој поголем milestone постигнато? Да почне да оди или да зборува повеќе? Секогаш кога има напредок во некоја вештина има регресија во спиење. Има регресија и на 12 месеци, може во таа фаза сте. Доколку се држиш до рутината и не и ствараш нови навики, ќе помине и пак ќе спие цела ноќ.