ако пишат Фербер, паника ќе ги фати луѓево. Треба подолго време за да ги спои денските циклуси на спиење. За да му помогнеш на бебето во тоа, пробај на 30татс минута да го земеш во раце, поддржи го 10 мин да врзе втор циклус и врати го да спие. Јас правев вака на син ми и на 7 месеци почна дс спие по саат ипол/два. Инаку, кога ќе се среди денското спиење, ќе спие подобро и ноќе.
Мајки, кога бебињата плачат во сон, или не знам што е тоа, како липање без пуштање звук, ги будите или не? Таман ќе се успие некогаш и почнува така да липа ваљда сонува нешто и не знам што да правам. @KuklickaSk пола саат за твоето бебе конкретно или такво некое правило има? Мојов да спои пола саат среќна сум. Најчесто одма се буди па после неколку презаспивања ќе спои 40тин минути па после пак се буди и пак неколку презаспивања и спие околу саат ипол вкупно. А јас нормално не можам да мрднам во тоа време, со страв во вц одам
И моето бебе нон стоп спие на меше ја вртам но џабе,некои викаат дека не е убаво да спие нон стоп на меше но јас ја оставам како и е нејзе убаво така да спие. Не сме биле единствени
1 циклус на денско спиење на бебе е од 30 до 45 минути и затоа многу од бебињата се будат после ова време зошто не знаат како да го поврзат циклусот и да спијат 2/3 циклуси. Ако спие со презаспивање твоето дете до саат ипол, ќе почне и само да ги врзува циклусите само треба време. Ако приплаче во сон, не го буди, остави го 1/2 минути, дај му можност да презаспие. Ако ептен плаче земи го.
Само што ќе го ставам в креветче заспано, со брзина на светлината се тутка во клопче и се врти на меше
@KuklickaSk јас сакам нешто повеќе да те прашам околу презаспивањево. Дневните дремки ни се како што кажа еден циклус, некогаш 30мин некогаш 45 мин, ако земам да го презаспијам тој ми се смее си мисли дека го играм и пробувам и со игнорирање и се ама некако џабе ми изгледа дека е, да напоменам дека сме 5++. Прашањето ми е да очекувам промени од самото бебе или да преземам мерки дур е време?
Мислите дека успева тренинг за спиење кај мали бебиња (од 5-6 месеци)? Дневни дремки не се проблем и помали ете нека се. Иако кога мојов спие долго преку ден, како вчера кога спиеше 4 сати втората дремка, потоа ноќта заспа во 21 ч. и во 12 на полноќ се разбуди за цицање, мислев ќе продолжи со спиење, ама се доразбуди, се вртеше на меше и мораше да се презаспива. Поарно денски да е побуден а навечер нека спие. Ама не знам како би тренирала бебе да спие повеќе? Има потреба да згасне жед, да се осеќа сигурно, што знам, ич не ми штима. Ако сам почне долго да спие, супер, ама ако се буди навечер за цицање, греота е да го игнорирам, штом има потреба, барем до 1 година.
да, не знам дали се продава некаде кај нас или онлајн со време да си нарачам. не би можела од мобилен да пуштам затоа што планирам нон-стоп да биде тоа уклучено додека спие (не само што успива, туку и блокира звуци од други простории).
Па би требало само да почне да врзува подолго спиење после 6 месеци секако, ама услов за тоа е и да заспива без никаков sleeping prop. Значи без цицање, без нишкање итн. Е сега некои бебиња спијат природно подолго и кога ќе заспијат на шише или на цицање, ама тоа е поретко. Ако не можеш да го презаспиеш, можеш да пробаш друг пристап на nap training а тоа е да го оставиш 1 саат во креветче, без разлика кога станал. Ова има повеќе плачки, ама вака побрзо учат да спијат подолго. Исто така, треба и собата да е затемнета, затоа што преку ден не се лачи мелатонин и секако потешко се заспива и потешко се одржува сон. Не е рано 6 месеци, ако си спремна на тоа. Инаку тука е проблем што денски спиело детето 4 часа одеднаш. Максимум дневна дремка треба да е 2 саата. По тие 2 саата го будиш. На 6 месеци треба бебето да спие 3 пати, 2 пати по саат ипол/два и последното денско спиење да е максимум 45мин. Исто така мора да внимаваш на wake window,односно на 6 месечно бебе да нема поминато повеќе, ни помалку од 2 часа пред спиење.
Јас ќе го оставам сам да диктира, преку ден заспиваме со песнички пеење ама во раце е кај мене,јас си седам на кревет и во раце го држам. А навечер со доење заспива ама легнато на кревет, и првото будење му е на 4ри сати а после тоа на 2 до 2,5 сати и кај 6-30 веќе сме будни. Ај да се надевам дека кај 6м. ќе се промени нешто )
Млеко, бањање, лосион, песничка и кревет И во моментов зошто е во скок, му стојам над глава и го галам по газе додека заспие.
Пред недела почна да патка со наша помош друго ново нема... Незнам навистина, се сомневам дека се забите но сепак незнам, првите две ги извади без проблем, а сега е многу нервозен ништо друго не прави освен што по цел ден е на града и залепен за мене постојано кенка... Веќе немам нерви
separation anxiety мајка. Еве куцам од такси маж ми ми се јави, излегов после 6 месеци со другарки и не може да го смири па трчам да се вратам. Ќе помине.
Зависи во кој месец. До месец ипол ако спиеше подолго го будев, после не. На 2-3 саати гледав да биде на почетокот, ма да сам се будеше.