@Larahappy @Sofi.ja исто така гледајте да не поминат повеќе од 4 саата од дремката на бебето со ноќното спиење, затоа што повеќе од 4 саата будност се премногу за 10 месечно бебе и тој умор ќе придонесе за чести будења во текот на ноќта. Исто како што ако го легнеш 2 саата откако станало бебето од спиење, ќе се разбуди спремно за игра. Плус, за да спие поубаво, треба да се заспива приближно во исто време секоја вечер, и да има солидна ноќна рутина за да знае дека следи спиење. Не сакам да коментирам на секој пост посебно, за да не личи дека нешто не правите како што треба затоа што знам дека секоја мајка го сака најдоброто за своето дете. Ама спиењето на бебето е цела наука за која јас ништо не знаев кога се роди малиот, а почнав да истражувам МНОГУ откако прочитав тука дека @Spidy правела тренинг за спиење и детето спие цела вечер. Иако никогаш не правев класичен тренинг, имам прочитано толку многу различни книги и научни студии за спиењето кај бебето да сфатив дека бебињата обожаваат рутина. И затоа син ми е секој ден легнат во 730. Еве денес закаснивме 10мин зошто бевме излезени , се премори и едвај заспа во 8. И знам дека ќе се буди зошто заспа преморен. Ако сака некој совет некаков за спиење, пишете ми во ЛП, да не ја полнам темата. И јас на почеток ја прашував @Spidy па после најдов милион ресурси на интернет. Искрено прво и ја си мислев што и е на женава што гледа на саат кога и јаде детето, ама ете и моето дете јаде и спие во точно одредено време. Свекрва ми го чува неделава зошто морав физички да одам на работа и како ми кажа денес "леле детево што убав ред СИ фатило, си спие и си јаде тачно кога ми кажа, не морам да мислам дали му се спие и дали плаче зошто е гладен" . Не и објаснував дека не си фатило само ред, нека мисли дека нели нејзиното внуче е најпаметно, па само си направило ред Ги знам скоро сите методи за заспивање и Фербер, и extinction, и методот на столица кој го советува Dr. Goodnight. И прозори на будност и време на дремки и дека сонот до 1 часот по полноќ е најбитен затоа што е најдлабок сон во кој највеќе растат децата (затоа првите 3 саата ги спијат цврсто). И така. Да, и ја знам дека сум оптеретена со спиењево, ама едноставно без сон не можам да функционирам, а не па сега плус и да идам ма работа.
@KuklickaSk не можам ни да замислам како ќе ми беше да не научеше малата да спие цела ноќ. А за редот, и да не сакате да примените тренинг на спиење, треба барем во денот да имате ред. Не може да се спие до пладне, да се дремнува 5 пати по 10 минути, или да спие до 7 вечер па да нејќе да си легне до полноќ. Се знае кога се станува и легнува, и се знае кога се јаде. Ќерка ми има година ипол, и како швајцарски саат заспива секој ден. Тоа не СИ ГО НАПРАВИ таа, туку ЈАС ЈА НАУЧИВ. Јас си знам колку труд требаше, ама еве толку време сите дома сме многу посреќни кога сме наспани. Тренингот за спиење не е за секого, ама тој што ќе се нафати да држи ред, нема шанси да не види бенефит.
Претешко е и премногу труд треба. И јас знам колку труд, трпение и време вложив да го научам детето да спие. Затоа кај нас се избегнува темата, иако еве, Сања од Dr. Goodnight почна повеќе да зборува на темата. Ама знам и колку е убаво заспано бебе во 730, а мама и тато имаат време и за себе, и еден за друг.
Нема зошто да не ја полните темата, се надевам дека имате време за тоа. Не мора да пишувате, доволно е линкови од тоа што се читале и што ви помогнало да ставите. Прееска имав време само за првите два дела од линкот @KuklickaSk што го стави и ми изгледа премногу комплицирано т.е. не е комплицирано туку е мачно, не знам дали имам душа за тоа. Ама еве почнав уште вечерва, не го успав со думкање и пеење како секоја вечер туку легнат на спална. Мене ред ми е неопходен. Сама сум дома и морам да имам време за себе. Кажете ми ве молам, дали откако им го воспоставивте редот се поремети некогаш во скок или забчиња кога раснеа? Предложете метода за заспивање сам. Засега заспива во 22h се буди 2 пати за цицање и спие до 8h. Не знам преку ден како да го научам. Има повеќе дремки ама му траат 20-40минути. Често размислувам на оваа тема ама невозможно ми изгледа уште сега да ставам ред.
Јас почнав кога бебето имаше само 5 недели. Не е невозможно. Редот се растура кога има промени (скок,заби,болест,одмор), ама кога имаш ред многу брзо се враќа. Никогаш не било повеќе од 3 дена, барем за моето дете. Пример на одмор бевме лани кога имаше 7 месеца, стануваше милион пати ноќе, првата вечер дома преспа 11 саати без да мрдне. Во 4от и 7иот скок се будеше по 3 ноќи, 2 пати била болна исто по 3 ноќи, чат-пат од заби. Да соберам се, не е повеќе од 20тина лоши ноќи, остатокот спие по 10-12 часа без станување. Ноќе не цица од 3 месеца, во раце никогаш не е заспана, и спие исклучиво во нејзиното креветче. Имам пишувано детали за тоа како јас го постигнав тоа негде назад низ темава, ако сакаш ќе ти ја пратам книгата која ја следев. Ама како што кажа Кукличка, се има на нет, еден куп методи, можеш да си избереш кој ти одговара. Јас го следев најстрогиот. И не е тешко, ни комплицирано да се изведе. Само бара огромна истрајност и упорност, како и се друго што си ги учиме децата. Е сега, има плачки, тоа е неизбежно, ама за мене 20 дена плачки во споредба со година ипол мирен сон (и за неа и за мене) вреди да се издржи.
Која е книгата? Искрено, немам време да барам да разгледувам, ни линкот погоре не стигнав да го исчитам. Ако можеш те молам да ми пратиш, ќе ти ги побарам и мислењата назад. Фала
Кога се роди заспиваше во 23, 00...и онака тогаш цело време спијат ама ноќното спиење му почнувало тогаш. Мал милион пати сум се обидела да го заспијам кога јас сакам и освен што јас ќе се изнервирам ,он уште повеќе ќе се разигра,ќе се развртува низ соба ќе ја разгледува како некој турист да е. Еве мене ми треба помош како да го одвикнам од заспивање со цицка. Имам воведено ужинки, дење има два подои и двата за заспивање. Инаку не бара ако не му понудам јас, така да од аспект млеко нема да има проблем. Да остане гладен нема,ќе касне ужинка. Новиот начин на заспивање би го пробала прво за дневните дремки. Од старт да кажам дека не сум за начинот на плачење до бескрај. Денес стана во 9, прва дремка 11:45, два саати ги отспа, втора дремка 16:40, еден саат отспа. Во 21 дојдовме во спална, замижуваше демек ќе цица, безуспешен обид. Земав книга му читам, јас читам тој врти страници,па се смее,па ја вади цуцлата ќе му ја дава на мачорот во книгата....и ја џитнав низ врата. Заспа изморен во 22и 30...
Пиши ми мејл во порака, и ќе ти ја пратам. Moms on call се вика. Од старт грешиш. 9 е касно за станување. Преку сила во 8, најдобро е 7-7ипол да станува. Ќе го будиш ако треба. Другото си е во ред. Значи само се ќе поместиш 2 часа порано, и ете ти до 8ипол ќе биде легнат. Од премореност не може да се олабават и да заспијат. Верувај, потешко е да заспиеш преморено дете, отколку дете што можеби и не му се спие толку многу. 10 ипол е касно за мало дете.
@Spidy @KuklickaSk Имаме и ние рутина секојдневна, не знам дали јас несвесно му ја воведов или тој самиот. Мали сега ќе полни 11м и дремнува во 11ч и 16ч по еден час и си легнува во 9. Мене ме интересира ако можете да ми одговорите, кога од прилика транзитираат од две дремки во една и колкав е прозорот на будност кај 11м бебиња.
Таа промена е една од најтешките. Малата смени на 13ипол месеца, ама може и до скоро две години да тераат со две дремки. Додека спиеше 2 пати, тоа беше по саат-саатипол, кога смени на едно спиење почна да спие по 2-3 часа. Сега веќе тоа е пократко, ама на околу година им треба 10-12ч ноќен сон, и околу 3-4 часа денски сон. Ќерка ми секогаш спиеше помалку од очекуваното, ама со сврзан сон, без станувања.
Меѓу 13 и 18 месеци поминуваат на 1 дремка, ама самото дете ќе ти покаже. Ќе почне да ја одбива втората дремка, ќе биде тешко заспивањето, ќе почне да станува рано сабајле (околу 5) наспано. Мене вака ми правеше на 7 месеци, па помина на 2 дремки. Прво треба да ја намалиш првата дремка на 30/45 мин, за да биде детето дово, уморно за да спие уште еднаш убаво. После неколку дена вакво спиење ќе останете на 1 дремка. И пак кај поголемо деца не треба да има поминато повеќе од 5/5ипол саата од дремка до спиење. Кај 11 месецо е исто 4саата (4.15мин)
Мојов луѓе спие како зајак, не знам што да направам да му помогнам.. Од секој шум се буди, од тоа регресијата на 4 месеци таков ми остана. Значи идеално спие 3 пати на ден, од сабајле една дремка од околу саат, околу пладне подолга саат ипол и приквечер една само на цице околу пола саат. Ама некогаш ако се разбуди и не презаспие од првиве 2 дреми, 4 ги прави. И тоа станува пример спиел пола саат, не сака да заспие пак, следниот саат е невозможен зошто е ненаспан и после пак заспива тоа што не го отспал. Вака знае цел ден да ни отиде во кратки дреми и нерасположение. Како да го навикнам бебево поцврсто да спие
А оставаш нешто пуштено како тв, музика, бели звуци? Јас секогаш оставам тв уште пред да почне да заспива.
Да да, тв е пуштено и бели звуци му пуштам за колку толку да ми ги mute-не другите звуци. Работата е додека заспива он звукот што бил не го регистрира, после пример пуштам вода во кујна или крцне нешто минимално, рипа. Еве сега спие пола саат ама немам мрднато од едно место, затоа спие
Оф, лесно му е сончето. И мојот така првите 20мин спие цврсто и после одам во вц не пуштам вода, раце мијам во кујна, диплам алишта само такви нечујни ствари правам. Ама во спална го оставам да спие инаку ако го ставам во дневна и јас така ќе треба да седам само.
@Cherry333 и порано така има заспивано, лесно да се буди од звуци? Како да се промени, некое чаре да се бара... И за него ќе е многу убаво, ќе се наспие и посвежо ќе биде. Јас првите два месеци некаде пуштав ТВ за да го научиме на звуци, ама како што сме во зграда, над нас комшии со мали деца, трчаат, удираат на паркетот, мислам ќе пробушат дури, па се навикна син ми на звуците. Дури и со маж ми некогаш ќе се зазборуваме гласно, се забораваме во расправијата, и не се буди. Можеби е веќе време на тие месеци да спие долго и да почнеш да го навикнуваш со некој метод. Сигурно имаш разгледувано. Јас се мислам кога да почнам и како. Си велам да направи 6 месеци, ноќе нека цица не ми е проблем до 2пати да станам, ама да знам деќа ќе продолжи. Ама пак да му го скратам ноќното, не сум баш сигурна. Досега едина храна му е. Сакам и @KuklickaSk да ја прашам за мислење. Дали е во ред за 5месечно бебе да заспива навечерво 21ч? Спие до кај 5ипол 6 сабајле со два до трипати цицање. Денски спие на 2 часа, спиењето се движи од пола час до кај 2 часа максимум. Но, пред некој ден спиеше дури 4 часа поврзано и ноќта повеќе се будеше. Дали е во ред преку ден да го будам и колку треба да надмине часови за јас да се вклучам да интервенирам? Сѐ на сѐ дали е ок ваквото спиење? Многу ми се допадна како напиша околу спиењето, браво! И за @Spidy браво за упорноста! Ако имам во иднина здравје потреба, можеби ќе ти ја побарам книгата или некое советче од тој построгиот метод.
Крати дневно спиење на максимум 2 саата во 1 спиење, максимум 4.5 часа дневно за 5 месечно бебе, после 6 месеци максимум 4 часа вкупно дневно спиење, на 8 месеци 3.5 часа максимум, на 10 месеци 3 часа максимум дневно спиење. Идеално е после 6месеци да заспива меѓу 7 и 8, па можеш полека да го поместуваш заспивањето. На бебињата нормално време за будење и почнување на ден и е од 6 до 7 сабајле. @Cherry333 супер ти спие денски, така и треба. 2 спиења по саат/саат ипол и едно кратко спиење попладне. За спиењ цврсто, пробај затемни ја собата, затоа што денски не се лачи мелатонин и полесно се будат (од светло, звуци). Плус како расте е позаинтересирано за околината и се е поинтересно од спиењето.
А новороденчиња кои не спијат од 04 до 18ч, Бебиња кои се со доење на захтев, како нив да им се "забрани" јадењето и да им се воведе во исто време? Како да одкачам мала куала од мене, кога како дух безчујни да ме снема од соба, она ококорила очи? Ноќе немам проблем, заспива во 8 и пол до сабајле 8 и пол со по два многу кратки подоја ама денски.. да ви ја пратам на тренинг, ако успеете ореден нека ви се даде, вие не знаете со кој си имам ја работа.