До него,да мисли дека си ти Глупо ми звучи сега кога го напишав и сестра ми се заебава дека си го 'лажам' детето ама успева. Твојата перница има твој мирис, залепи ја за него да ја осеќа. Извини сега прочитав дека цице е проблемот. Сфатив дека се буди ако станеш ти од креветот
Да, држи вода. Имам пробано, ама спие по 15мин и толку Најубаво спие преку ден ако и јас и мм сме до него, тогаш може и 3 саати да спои
Има некои бебиња кои најдобро спијат кога се во контакт со некој. Тогаш спијат најмирно, најцврсто и најдолго, затоа и се будат на толку кратко кога ќе се остават. И моето беше такво, ако ја спуштев стануваше кенкава за 15-20 мин, па по кратко пак се успивавме и така во круг. Кога увидов дека најдобро спие врз мене или до мене едноставно ја оставив така работата. Си местев до мене сè што ми е потребно, си пуштав серија или читав и уживав додека спиеше. Ништо и никако не успеваше поинаку, без разлика што и да правев и се помирив со ситуацијата.
@Butterfly1107 До 6 месеци дење ми спиеше исклучиво во раце. Ноќе си спие во креветче од прв ден. На 6 месеци маж ми почна да работи од дома поради вирусот, па проба тој да ја заспива и му успеваше да ја заспие, а потоа и да ја легне во креветче без да се разбуди, што мене не ми успеа ниеднаш претходно, па затоа си ја чував во раце. Да се надоврзам на коментарот погоре, на бебињата едноставно потребно им е да чувствуваат некој до себе, а со тоа да чувствуваат сигурност, утеха, топлина. Мало е многу, гушкај го, се друго може да чека. Ќе си подзачистуваш кога ќе можеш. Лично, ужасен ми е зборот тренинг на бебиња, исто како и самиот процес. Факт е дека бебиња се кратко време и евентуално ќе почнат да спијат сами. Никако не е исто да плаче бебе, кое во тебе гледа единствено сигурно и познато место на светот, а ти да го игнорираш поради тренинг, со дете кое се одбива од доење и плаче по цицка оти тоа му станало само навика. Џабе генерализирање. Секое бебе е своја приказна. Нема секое бебе што е изморено да се буди ноќе почесто. Мое бебе ако не ја истроши целата енергија нема да заспие, па јас ако сакам и на глава да се завртам. После ужасен скок и нонстоп будење ноќе повеќе од месец, вчера вечер конечно ја преспа ноќта. Шетавме, ја бањав, патем никогаш после бањање не заспала, па се изнаигра дома. Сама, па го бркаше мачорот низ дома, па со мене и татко и на под, откако фино се измори и истроши заспа како јагне. Бебињата и децата се свои индивидуи со свои потреби. Можеби спиењето е навистина цела наука, ама почесто е многу побитно да ја следам потребата на моето дете. За сите оние кои прашуваа колку треба да спие бебето во конкретен период - онолку колку што спие. На некои деца им е доволно помалку, на некои им е потребно повеќе. Нема споредба. Нема наука. Нема правило. Има само општа норма за ориентација.
Istiot problem, vo golema mera ako ne i vo celost. Se cudam malo bebe na koe mu e potrebno son da ne spie. Navecer pred da zaspie legneme od nespan zivcan stanuva ponekogas.
Бебето ми е 11 дена и преку ден обично после 10 часот заспива и спие скоро цел ден, само за јадење станува. Навечер не спие, станува и плаче и никако да заспие до сабајле. Помош?
Премало е, не разликува ден од ноќ. До кај 6та недела не разликуваат ден пд ноќ и така може да спијат
И моја бебушка си спиеше како што треба се до 5 месеци, од тогаш па наваму ,6ипол е сега, кога се приближува време за спиење се плашам да го заспијам. Значи он си заспива околу 20:30-21часот меѓутоа се буди со плачење за половина час. ОБАВЕЗНО, секој ден иста песна па ајде нишкање, па цицање, заспива и за 30мин. пак исто и вака некогаш до 23:30. Значи пукнав, не знам што да му правам.
Ве молам за совет како да ги продолжам дневните дремки? Бебето е 3 и пол месеци, заспива само со цицање и спие во раце, ако го оставам веднаш се буди а во раце спие само 30 мин и почнува да пишти без да ги отвори очите па мора да го расонам и после цело време е нервозен
Пробај да му даваш цуцла, пушти му white noise, пробај да го држиш 15тина минути одкако ќе заспие, за да се задлабочи во сонот, па одкако ќе го легнеш да не се буди, можеш собата да пробаш потемна да ја држиш, во темно се лачи мелатонин кој помага за спиење, само што и да правиш те молам не поставувај перница до него, не е воопшто безбедно, ниту играчки, ниту спиење на стомак.
Зошто? Зашто во спиење ќе ја земе во раце и ќе си ја стави на глава? Се работи за дневна дремка од саат-два кај што цело време е под надзор. Очигледно дека бебето сака да е близу до мајката и затоа плаче кога ќе го остави. И многу бебиња спијат на стомак исто под надзор, така многу поубаво спијат.
Сериозна си? Не ме прашувај мене зошто, отвори светски организации на педијатри, и на се можно што постои околу бебиња да видиш како строго забрануваат перници и спиење на стомак пошо се зголемува многу ризикот за ненадејна смрт на новороденчиња. Јас повеќе би преферирала да најдам начин одколку да му го ризикувам животот на бебето само затоа што е полесно. Не се растат деца со бабини деветини
Ова е многу далеку од бабини деветини. Многу ми е тешко да поверувам дека имаш деца ама верувај и јас си го сакам детето и не му го ризикувам животот за да си олеснам, туку наоѓам начини да поспие. Тие white noise, па затемнета просторија и сл. што ги читате по статии не функционираат секогаш или функционираат краток период. Така, мораш да наоѓаш нови начини зависно дали е во скок, дали му поминала дремката, дали има грчеви итн. И не сите чуваме деца по сите препораки на СЗО.
Препоракиве не се по сзо туку по секоја организација, асоцијација и се што постои на светов поврзано со бебиња, педијатрија и неонатологија. Факт е дека некои работи си ги правите поради тоа што ви се полесни. А колку се безбедни мање битно, битно да функционира
Ни два часа не би оставила новороденче да спие на стомак. И мене првите месеци ми беше претешко поради грчевите, но помина. Ќе се издржи.
Ако ти не си имала дете што има проблем со спиењето, џабе ќе се објаснуваш. Не е убаво ни детето во раце да спие, или на спална со родителите, па некои само така спијат. Не е препорачливо во релаксатор, ниту во транспортер ниту во перница за доење, па бебиња така спијат. Не е препорачливо оградица да има на креветот па 90% и повеќе може имаат оградица. Многу работи теоретски не се ок, ама мајките со бебиња кои се проблематични со спиењето го бираат тоа бебето да им е "небезбедно", макар што е под постојан надзор. А бебе што не е наспано е нерасположено и не може ни самото да функционира правилно, а покрај него и мајката. За тренинзи и плачки не зборувам, има мајки што не сакаат да ги прават тие работи. Ова погоре сѐ важи за дневни дремки, навечер е друга приказна.