Според мене нема нешто понормално и поприродно од бебето да спие со мајката. На почеток спиеше во гнездо ама откако видов дека се буди на секое земање во раце при ноќните подои, го баталив. Бебе строго во креветче, па и во друга соба, па ќе инсталираме камери, алки за глужд за бебе што мери работа на срце.... Некако ми е премногу тренд, маркетинг, Америка.
Ова го имам прочитано од друга членка - ако имаш забележано дека за 30тина минути се буди, може толку му трае еден циклус. Пробај следен пат после 20тина минути земи го во раце, подржи го 15тина минути, и види, би требало ако се разбуди да презаспие, па ќе го спуштиш да си продолжи.
Mamicki moeto bebe e 8 neseci i 5 dena, poslednive nekolku dena noke koga spie(celo vreme spie vo ktevetce) posle prvoto budenje ne saka vo krevetce edinsteveno spie na spalna dali e nekoja regresija vo spjenjeto nekoj da spodeli iskustvo i kolku vreme trae, cela sum ukocena deka ne naviknata bebco da spie izmegu nas.
Mozebi treba da go ostavis bebeto vo krevetce ako ne place premnogu za da se smiri samoto i da si zaspie. Jas taka go ostavav.
Фала на прашање мила Малку чудно се однесува малата, од кога бевме во Дојран нешто се смени, таму ќенкаше и тоа не често, и само и ја давав цуцлата и презаспиваше, освен еднаш кога бараше да цица а секако еден подој ќе и оставев немаше да и тргнам. Па решив во Велес да го пробам истото, да и давам само цуцла и така да презаспива. Овие два дена беше супер, ќе видиме како ќе биде од вечерва. Искрено не знам што се деси во Дојран, и зошто таму само со цуцле презаспиваше. Имам некое си објаснување по мое за тоа..а тоа е : Таму душекот и беше мек а тука спие на тврд. Таму креветчето беше од оние транспортнине, а тука и е дрвено. Плус, кога прета многу сака да мава со нозете (так так так), и ова дрвеново тропа многу, а тоа другото дека од платно и затоа не ја буди дополнително. Имам душек на дормео, од едната страна е тврд од другата мек, да видам вечерва што ќе се деси, ако не ќе сменам да спие на меката страна( а ич нејкам на меко да спие), се надевам ќе продолжи со ова темпо, кој знае
И нас вo транспoртнoтo креветче бебетo ни спие пoвеќе за разлика oд дрвенoтo. Истoтo и jа гo мислам трoпањетo мoже да jа буди.
За тебе е Америка. На една мајка која што исто вака мислеше ко ти што збориш за природно и нормално, инстинкти, не знам што, бебето и се пикнало под блуза со главата, таа преморена, не се разбудила, сопругот се разбудил и видел што се случува. Педијатар на обука го кажуваше случајов заедно со мајката, таа од спиење заедно најголем поборник станала за бебето да спие во креветче. Бебето е најдобро да спие во иста соба, во различно креветче и тоа е факт. Препораките не се измислени како ај за секој случај туку врз основа на вистински несреќи што се случиле.
И ја не знам од кај ова кај нас дека Бебето треба да спие со мајката. Прв пат на форумов читам. Ниту баби ми го рекле, ниту мајки, ниту роднини нит од Мк нит од странство... За мене спална се знае за мене и мм е. Ниту ја не сум спиела со мајками... ниту сестра ми
Згодно им е на мајките чиви бебиња цицаат да не ги мрдаат кога ќе заспијат, зошто син ми се буди исто кога ќе го преместам. Ама тој не цица лежечки и моето присуство не влијае во будењето. 100 пати кога се буди а јас сум до него потешко ми паѓа да станам да го земам да го нишам, затоа во креветче си спие. И јас тие 2 саати што ги спијам саглам ги спијам, а не здрвена. Ама секој си прави како му одговара.
Значи пак идаме до муабетот дека е полесно. А не побезбедно или исто безбедно како спиење во сопствено креветче.
Разбирам, има случаи секако. Можеби дека спијам лесно, или можеби дека и немам баш спиено последнава година хаха, секое негово помрднување го осеќам. Особено додека се мали и не се вртат и/или се повиени, не гледам проблем во врска со безбедноста. Можеби и против повивање сте, јас повивав, следев 5с и помирно ми беше бебето. Сега откако почна да седнува сам, па и додека спие, спие почесто во креветче, или како што имам некаде претходно пишано, преку ден и на земја. Не ми е идејата да се убедуваме како е правилно, факт е дека тие препораки постојат со причина. И јас додека бев бремена така размислував и на мм цело време му зборев вака ќе биде онака ќе биде, купивме и креветче, откако се породив друго испадна, и сега не можам да замислам поинаку. Да повторам само, ова според мене, нели. И да додадам, живеам во земја каде во овдешната култура не постои спиење во креветче, децата спијат со родителите. Што ми е малку претерано за поголеми деца што одат во градинка или школо, ама тоа е друг муабет.
Мајки,мое бебе спие строго на страна.Абе упорно ја ставам строго на грб,како што е препорачано,но таа во секундата се врти. Се случува во текот на вечерта да си легне сама на грбче со кренати рачиња,но главно спие на страна. 5 мес без некој ден е. Има ли начин да ја сменам навикава? Знам дека препораките се да спие на грб до 12 мес,ради ризикот од сидс,односно правилниот доток на кислород.
Упорно ставај го на грб, а кога е будно ставај го на стомак да се крева за да ги зацврстува мускулите, да постигне подобра контрола на торзото за да може полесно да се преврти ако во спиењето се намести неудобно и има потреба да се премести.
Остави ја, така и’ е згодно. Мојата од 4 месеци спие на страна и на стомак, на грб многу ретко, само ако во сон се сврти. Баш на ортопедот и’ кажував, рече како си се мести, така и’ е згодно и остави ја. Ако е незгодно наместена или не може да се сврти ќе кенка. Мојата на почетокот кога не знаеше да се врати кенкаше, ама сега кога веќе знае, сама си се врти. Само нека нема играчки и меки ќебиња, празен да е креветот. Ризикот од сидс значително се намалува после 4-тиот месец
Во Америка пошо ја спомнавне погоре, не знам зошто толку со отпор гледаме кон Америка кога факт е дека огромен процент на истражувања идаат од таму. Америчка асоцијација на педијатри вовела задолжителна едукација на родители за бебињата да спијат на грб и без перници до нив. После 6 години збирање дата, заклучиле дека процентот на бебиња кои умреле од сидс се намалил за 50 посто. Упола. Мене па ме интересира кога некои викате под надзор го ставам на грб. Што значи тоа под надзор? На грб ако спие лицето му е надолу, ниту се приметува дали побледува лицето ни ништо. А бебиња починати од овој синдром не се пронаоѓаат со знаци на борба, дека пробувале да се превртат или да се тргнат од нешто. Најчесто ги наоѓаат во скрос иста позиција ко што ги оставиле. Така да не разбирам што значи тоа под надзор, каков надзор кога синдромот се случува без видливи надворешни знаци? Мислам дека мешате сидс со механичко гушење, му застанала перницата на носе па пробува да ја тргне. Тоа не е сидс. Кај сидс се смета дека се работи за некаква неможност на мозокот да го регулира дишењето, температурата. Каков надзор. Треба препораките да се следат, не надзор. Спиење на грб, цуцла да се понуди, без играчки, без кебиња (за зимски бебиња има вреќички наместо кебиња), спиење во различно креветче, а во иста соба со родителите, да не се пуши цигари за време на бременост, ниту одкако ќе се роди во негово присуство. Многу родители се плашат дека ако поврати бебето дури спие на грб ќе се задави. Има многу видеа на јутуб што се случува кога повраќа на грб, отворете, видете визуелно каква е анатомијата на хранопроводот и дишникот кај бебето така што повратеното се враќа во желудник. "Мене ме оставале така па ништо не ми е" не да е смешно, тажно е. Препораки не дава цел свет ако процентот на тие што спиеле на стомак и ништо не им било е голем туку дава препораки ако процентот на тие што спиеле на стомак и починале е загрижувачки голем. Особено кога вовеле едукација на родители за спиење на грб па драстично паднал тој процент. Вашата приказна како еден изолиран случај не значи апсолутно ништо
Јас потполно се согласувам стоа дека треба да се следат препораките од докторите и од сите научни истражувања, ама што ако детето не соработува или едноставно не го сака тоа што го препорачуваат на светско ниво. Кога спомнавте како спие бебето, конкретно за моето кое воедно од денес е 6м. Од пред некое време почна строго на стомаче да спие, колку и јас да го вртам и на грб и на страна тоа пак ќе пронајде начин како да се сврти и така се во круг. Зошто родителот се одлучува за спиење со детето, сигурно и за полесно но и за да биде поодморен. Родителите што живеат скроз сами ги разбирам,бидејќи самото станување навечер за бебето да цица е мачно и тешко и наредниот ден си за никаде, а на бебето му требаме одморени. Ама тука ќе ме оспорите дека треба тренинг да се воведе ама не е тој за секој. Во животот за се постои препорака ама кој како си сака така си постапува
Ќерка ми обожаваше да спие на меше од старт. Не ја оставав додека сама не научи да се сврти, колку и сите да ми викаа да ја оставам како што си сака да спие. Додека зависеше од мене тоа, секогаш беше легната на грб и ако случајно се свртеше ја враќав назад. Ама затоа од кога научи да се врти сама од околу 6 месеца па до сега спие речиси исклучиво на стомак. Така се мести, така и е згодно, и чим сама може да смени од грб на стомак и обратно, сега ја оставам да спие како сака.
Остави ја нека си спие на страна. И јас прашував за моево ,накај 6ти месец почна да се врти и сега скоро цело време спие на страна,а некогаш и на стомак. На грб спие само кога го заспивам на почетокот.
Да не пишувам по 2 пати Од кога се родени и двете, подоите ми се седенка, никако лежење. Ги земам, се нацицуваат и одма во креветче. Го поминав и јас тој период, од расонување, ама ако цело време го правиш истото..земи надој го , легни го..тоа со тек на време ќе научи дека така треба. Милион пати се разбудиле,па сум нишкала, шетала, пеела, пак ќе презаспијат, и на крај едноставно тоа им влегува во рутина, и за нив е нормално. Таа фаза трае и мине, си легнуваат они на брашното. Ќе сфатат дека нема спиење со мама, или во раце и тоа е тоа. На крајот се уморни, не можат да издржат и си велат :Ма ќе спијам јас што ми е гајле каде Пробав јас со првото кога се роди, 3-4 пати да спие со нас, прво..ни ја ни маж ми не смеевме да се мрднеме, спиеме на штрек, второ ..се деси еднаш да сум свртена со грб накај неа, па кога се вртев и удрив лакт. Од тогаш реков АМИН, нема спиење со нас. И фала му на бога за тоа. Раат ние , раат она. Колку пати сум пцуела што треба да станам да надојам, седам и спијам очите ми паѓаат, ама подобро ми е кога се во креветче.