Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    (fingers)
    Update од вчера: само ена дремка од 2 до 4 (уште не ми се верува дека спиеше 2 саата! :clap:)Избањата во 8 со надеж дека ке заспие одма зошто беше преморена , и пак иста песна , засаспивање 2 ипол саата до 10:30 (facepalm) Не знам веке што ке правам со заспивањево изгледа такво е детето , не знам што да кажам. Вчера спиеше до 9:45 сабајлето затоа ја легнав во 2 , не и се спиеше. Денес стана порано во 7:50 и ја легнав во 13:00 (уште спие) веке цел саат па ке видиме вечер како ке се успие ]:)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Ако станала во 4 таман и е во 10 да заспие, по рано не и се спиело.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Супер, ама ако станала во 7 и пол, во 11 и пол треба да е во кревет :D Да отспие 2 саата, од прилика во 13 :30 да стане, и во 20:30 во кревет. Нејзе и требаат минимум 6 саати будна од последната дремка. Не е такво детето не се сеќирај :D

    Кај мене ако станеше во 12 од преспивање заспиваше во 19 и 30, ако станеше во 13 часот заспиваше во 20 и 30. Се на се, колку покасно преспива, толку покасно вечер ќе заспива. Супер сте фанале од сабајле. Само преспивањето нека и биде порано.

    Кај мене големата сега е 2 год, и скоро 2 месеца. ( 26 месеца)

    Ако стане во 13 и 30 од преспивање, во 11 е во кревет заспана. Како растат, саатите кој што се будни им се поголеми.

    Ако си ја легнеш порано, кај 11 и нешто на пример, може и скоро 3 саати да фане дремка, односно до кај 2 . И таман после има време да се измори, и да заспие најкасно кај 9 вечер. Не давај дремка после 14 часот на поручек. И ако даваш, пола саат најкасно. Жално е, нежа да сакаш да ја будиш прво од жал, второ оти ќе сакашнда кулираш, ама..подобро навечер порано да си легне, па тогаш кулирај. И тебе ти треба одмор.

    Јас се осеќав не убаво, што си планирав така порано да си заспие, си велев ту што лоша мајка сум. Ама после увидов дека повеќето така прават. Тебе ти треба психички и физички одмор. Ти пред се ќе бидеш поодморена, и подобра за сите околу тебе, а најмногу ради детето :* :hug:
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Значи да не ја заспивам покасно од 13:00? Пример ако спие саат ипол / максимум 2 , станувањето да и биде во 15:00 за да заспие полесно и да биде уморна ко ке си легнеме вечер?
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Се е така како што викаш не викам не ,ама моево дете неможеш да го заспиеш ако не му се спие. Тоа е еден инат невиден. Кога станува во 8 нема шанси пред 12 да ја легнеш, не и се спие и не сака и нема шанси. Не спие повеке од 40мин затоа и до сега имаше 2 дремки , не беше доспана. Сега спие зашто седам до неа и стражарам :D
     
    На crazylady, mal.ecka и Dikinzi им се допаѓа ова.
  6. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Ако, седи..по некое време ќе навикне ;) И ќе си спие, не попуштај, пушти ролетни, нема муабет, она нека рипа скока, по некое време ќе научи. Така и за навечер.

    Второво мое, има 7 месеца. И да ти кажам, со душа го чекам тој период да дојде :D
     
    На Amelie1708, Spidy и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Нд заборавајте дека преморено дете тешко заспива! Треба убаво да се направи распоред и ред на спиењето
     
    На crazylady, abc1234, Bebac и 5 други им се допаѓа ова.
  8. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Мојата преспиваше во 10ч до 12ч и се успиваше во 19:30/20ч. Сега малку покасно и е дремката и седе до 22ч
     
    На Dikinzi и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    И ние дигаме два прста за денско спиење-mission inpossible:smirk:
    Амаа, некаде ми излзезе сликава, може и некој овде ја постнал, и верувајте држи вода.
    Прво не ми се веруваше, зарем бебе само саат-саатипол ќе е будно па ќе дремнува, но кога поубаво пробав да му ги прочитам знаците, тоа апла си кажува дека му се спие.
    Пример си играме, и наеднаш ќе ја сврти главата на страна, не сака да гледа играчки и шаренила, избегнува контакт со очи, отсутен е, ги трие очињата, едноставно се смирува не мрда веќе со раце нозе. Тоа му се првите знаци, е потоа почнува кенкање, уште испробувам финти за ефикасно да го заспивам, за да не му пројде фазава за успивање, оти пројде ли таа после цел ред и редослед се нарушува. Преморено бебе оди па заспиј го! Толку од денот, до вечерта ќе си биде непогоден и нервозен:(
    Овде настапува цуцла, го земам в раце и инстантно замижува.
    Потоа му ја тргам цуцлата (ако ја оставам, знае да се разбуди кога несакајќи ќе му падне од уста, па превентивно ја отстранувам.:D)
    Го легнувам и овде е веќе ризикот да ми се разбуди. Ако отвори очи, се од почеток.
    Земам тенко кебенце и му ги прекривам рацете и нозете за да не претка оти така се буди (pucken).
    Вака знае да поспие од 15мин до 2 часа(ретко)
    Некаде грешам, мислам дека треба да отстранам секакви звуци и да затемнам просторија, за поцврсто да поспива, ама некогаш стварно гледам веднаш да изреагирам кога ги покажува првите знаци на поспаност.
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 9 септември 2020
    На Snowflake92, crazylady, rainbowmama и 5 други им се допаѓа ова.
  10. NORA17

    NORA17 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    хелп! заспиваме во 5часот
    се будиме во 13/14 часот седиме до 19
    преспиваме 2 до 3 часа и потоа цела ноќ е наша
    моето бебе има 15м и барам начин да го научам да спие навечер
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Ох мила, тебе убаво ти спие малото,само во грешно време :D

    Како што видов, максимум будно од последна дремка му е 7 саати. И нормално за таа возраст се тие саати.


    Јас би го направила следново :
    - Прв начин : Од кога ќе стане во 14h на поручек, не би го легнала до 22h. Тоа се за него плус уште 2 саати будно, или ако стане во 13h уште 3 саати плус. Значи дремка нема да има. Директно на спиење. Преморено дете е тешко да се заспие, ќенкави, нервозни, ама..отворете книга, пуштете цртан , правете муабет на смирен тон. Дајте му јаде, ама шеќери никако, јадењето ќе го држи сит навечер, ако пие млеко супер, ако не и јогурт брка работа, заситува и опушта. Ако случајно ти се разбуди среде ноќ, нема палење ламба, нема земање во раце, на смирен начин кажуваш дека е време за спиење, пееш приспивни песни, се правиш дека спиеш.

    -Втор начин : Кога ќе заспие сабајле, нема да го оставаш да спие покасно од 9 часот. Во 9 часот будење, со молење , со тегнење. Тебе ќе ти се спие, него ќе му се спие. Душата ќе ти испадне :D Го држиш будно, го играш, и пробуваш да го легнеш во 12 на поручек, или во 13h. Дремката нема да дадеш да биде поголема од саат време. Пак ќе биде ќенкаво , уморно, ќе има плачки и нервози, ама и тој и на овој начин исто ќе биде :D
    Освен ако не сакаш, од ден за ден да кратиш саати лека полека. На пример, денеска заспива во 5 сабајле, па го будиш во 12часот, другиот ден во зависно од тоа кога легнал навечер ну кратиш пак еден саат, се додека не стаса до 7 или 8 сабајле да станува. Зависи и тебе кога ти одговара.

    Јас имав периоди ќерка ми стануваше во 6 или 6 ипол сабајле, наспана, ама легнала во 7 вечер :D
     
    На NORA17, Spidy и babyboy1 им се допаѓа ова.
  12. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Ние еве два месеци вака спиеме..заспан е најкасно до 20:00 ама станува во 6 (facepalm)
    Па по еден саат заспива пак до 8:30 ама џабе јас веќе се рассонувам..
    Пробав да го држам буден до 22 ама па после оди заспиј го плачи се тегни никако не сака и се откажав џабе една недела се мачевме само
     
  13. NORA17

    NORA17 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    ќе се обидам благодарам за одвоеното време [​IMG]
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Пробавте ли ?
     
  15. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Мал update од мене :) 3 ти ден истеравме со по една дремка и се подобро тера. Вчера една дремка од 13:00 - 14:45 , заспана кома во 21:00, денес една дремка исто од 13:00 до едвај 14:10 , заспана во 20:45 , ја избањав во 20:00 зошто беше кома и пак рипаше по кревети , и пак плачки после излагање од туш (facepalm) и едвај накрај пак татко и ја заспа. У секој случај 40мин заспивање е супер со оглед на тоа што по 2 ипол саати се успивавме :rofl:
     
    На KuklickaSk и Dikinzi им се допаѓа ова.
  16. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    10.390
    Кoлкавo е бебетo?
     
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.808
    Допаѓања:
    24.934
    Пол:
    Женски
    Хммм.. преморена брзо ми заспива, одморена се бркаме по кревет со неа.
    Нашиот ден изгледа вака: во 8 станува, во 10 пак заспива до кај 11, во 14 пак задпива до кај 15 или 15:30 до 20 саатот е будна, 20и пол најкасно заспана. Првп станување во 01. , па во 04.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    За некој ден 15месеци
     
  19. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Ммм значи бивало :D Ајде уште малце и топ :muscle: :D
     
    На Amelie1708 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Колку време ги оставате бебушите да спијат на меше?
    Синко е 8 недели и се научи да спие на меше во раце кај мене. Ова е само преку ден. Денес прв пат го оставив легнат на креветче на меше за да видам дали има разлика, спие, исто како в раце. И обавезно со цуцлата во уста. Се уште не сме биле на ортопед, ме загрижува да не има некој проблем доколку ги минува дневните дремки вака, ужива со газето нагоре :D Инаку, навечер нема проблем да спие на грпче и без цуцлата. :drunk: